Врзувањето и љубовта

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Епа вака сега...има разлика во тие две чувства,ама сепак едно без друго не можат. Ко ќе сакаш некој имаш потреба да бидиш со него цело време...ако то се оствари иди врзвањето за некој...е тогаш полесно ке ја заборајш таа личност отколку шо ке се „одврзиш“ од неа.
Врзвањето почесто го има кај подолгите врски. Зато и опстојват браковите,само заради потребата и приврзаноста кон некој.
Сепак треба да постој граница во некоја врска,да се одбегни врзвање кон некој,па раскинувањето ке биди болно. Треба да постој некоја граница во искажувањето на чувства и поверување на проблеми.
Ако дечкото/девојката ти ги знат сите можни проблеми ќе немаш простор и место за самиот себе.
 
Епа вака сега...има разлика во тие две чувства,ама сепак едно без друго не можат. Ко ќе сакаш некој имаш потреба да бидиш со него цело време...ако то се оствари иди врзвањето за некој...е тогаш полесно ке ја заборајш таа личност отколку шо ке се „одврзиш“ од неа.
Врзвањето почесто го има кај подолгите врски. Зато и опстојват браковите,само заради потребата и приврзаноста кон некој.
Сепак треба да постој граница во некоја врска,да се одбегни врзвање кон некој,па раскинувањето ке биди болно. Треба да постој некоја граница во искажувањето на чувства и поверување на проблеми.
Ако дечкото/девојката ти ги знат сите можни проблеми ќе немаш простор и место за самиот себе.

Значи, според тебе не треба да му се доверуваш на партнерот целосно. А шо со она: Искреност и отвореност?
Ако планираш да изградиш сериозна и стабилна врска со некој, тогаш мораш да бидиш искрен со него, и да му кажуваш за се шо ти е тешко.

Треба да постој некоја граница во искажувањето на чувства и поверување на проблеми.
Ако дечкото/девојката ти ги знат сите можни проблеми ќе немаш простор и место за самиот себе.

Да, треба да остајш простор за самиот себе, ама со то не се отвараш потполно, и уствари криеш некој работи од него.
 
А шо ако едноставно со него си имаш друг муабет а не проблемите од дома,проблеми ваму проблеми таму. Ке немаш простор кај да се опуштиш тамарке. Ми ја знајш врската мене,знајш колку сме блиски...ама имам и јас граници.Зборам за лични проблеми,ако нешто не кажиш не значи дека криеш или не знам шо..едноставно дечкото е за друго другарките се за друго ако е за така ке имавме само дечко и се него ќе му кажвавме и маки домашни и проблеми од не знам каде од не знам шо.. Клај црвено светло и граници за некој работи. Јас не можам да си замислам и покрај проблемите шо ги имам со дечкото да ми ги знај и приватните и ќе немам простор за мене,ќе нема со кој да прам муабет така а да не бидат спомнати приватните проблеми надвор од врската
 
Eпа јас не мислам така. Да, треба да се има граница, ама треба да се гледа и дечкото на некој начин да ти биди другар на кој шо ќе можиш да му се ослониш, и ко ќе ти е претешко да знај да те разбери и утеши :wink:
Али то е мое мислење.
Иначе да, се согласувам со то дека не треба многу да му се отвараш, дека не треба да бидиш толку отворена со него, ама то ми е мене еден вид на мана, која многу тешко можам да ја искоренам. А се обидвам.
 
Ако се сакате ...едноставно несвесно се приврзувате ...станувате зависни еден на друг..по цели денови заедно.. и никако не ви е досадно.,...а веке кога сте се поврзале толку многу се чуствувате поопуштено спрема него/неа...Но сепак... постои мана за приврзаните врски бидејки кога ке дојде ред за раскинување потешко го поднесуваат тоа...
 
Поврзувањето меѓу две личности доаѓа со тек на време.Се согласувам дека партнерот не треба да биде тука само за излегување туку и за да си помогнеме меѓусебе.Врзувањето доаѓа според блискоста и познавањето.Најнормално и со текот на годините.Според мене годините многу влијаат во секој аспект на љубовната врска.
 
Мислам дека се многу поврзани љубовта и поврзаноста.Во принцип јас и не сум баш личност која лесно се врзува за некого или нешто,но ете ми случи да се поврзам на некој начин со личноста со која баш и не требаше па сега ми е многу тешко да ја заборавам али тоа е тоа.Затоа ви велам дека постои поврзаност, која пак поврзаност од своја страна боли многу ако не оди се според саканота.
 
Имав прекрасен период 9ипол месеци среќа,радост и љубов во мојот живот заедно со една личност која ме направи да блескам!Се се заврши многу бедно и многу ми беше криво...поминаа 3 месеци,3 онака чил месеци во кој и не размислував на него,донекаде го преболев се додека не се појави пак на тој проклет мсн за да ми каже дека сака иднината да го доведе до мене!Ме привлече нешто пак накај него,незнам како магнет....се шуткав скоро еден месец со него,убаво ми беше зошто секој момент поминат со него не го доживував како мување туку како обновување на мојата стара врска...Ама ете сум згрешила!Срања се дешавају...

...него муабетот ми беше...второто смирување мислам дека беше од тој поим,врзување!Изгледа се приврзав многу за него,ми беше убаво во неговите прегратки и убаво се чувствував во неговото друштво па бев во заблуда дека уште го сакам...ама сега кога ми изнакажа толку гнасни работи,може ли да полуди за една вечер?!Да не размислува убаво?!Да му треба психијатар зошто дечкото се чувствувал изгубен?!А не беше изгубен да ми изнакаже се`!Ма ааааајде детски муабети,сфаќам само дека ништо не сфаќам од ситуацијава и дека се што правев вториов пат правев од што се врзав за него,и се навикнав на него!!!Љубов е кога патиш и кога незнаеш каде ти е главата,за разлика од тоа,јас сум приземна супер сум.Дури чувствувам дека ми падна камен од срцето и дека сега веќе слободно ќе дишам,нема да размислувам дали и зошто треба или нетреба да се смирам со него!Крај!Права работа за мене во моментов...


Има разлика меѓу врзувањето и љубовта ама мислам дека постои некој взаемен однос меѓу тие две работи!!Кога ќе се вљубиш,ќе засакаш се што подсеќа на него,ќе се врзеш за тоа зошто ќе ти биде убаво и ќе бидеш среќна...Но по тоа,како и во мојов случај,по извесно време ако се стави крај мислам дека избледува љубовта до некаде и останува само она врзувањето,навиката....pace:
 
кога некого сакаш нормално е да се поврзеш за него...така и јас многу се приврзувам кон саканите личности, иако понекогаш тоа не е најдобро, особено ако и др личност не го чувствува истото,,, но ако е обострано е преубаво..
 
Врзувањето ни создава чувство да го "условуваме" оној кој го сакаме на одреден начин. Значи најголема глупост која најпосле ја увидуваме, кога нештото,љубовта, ќе почне да се распаѓа.
Пред некоја година читав универзитетско гледиште, кое укажуваше дека врзувањето е најголемиот непријател на врските, браковите па дури и на родителската љубов. Едноставно ако се врзите за вашето дете го гушите со вашата љубов, барање за возврат, соодветно однесување, донесување одлуки го оневозможувате слободно да функционира.
Врзувањето создава притисок.
Направете разлика помеѓу оние кои живеат во брак и оние во заедница? На кои му е подобро?
 
Мислам дека треба време не само љубов да се врзеш за некого, бар кај мене така оди, неможам да се врзам за некој кој го познавам доста кратко, ми треба време за да се приврзам и се отворам кон него, но сепак врзувањето на некој начин станува и навика да бидете со него/неа и колку повеќе сте заедно толку сте по врзани за него, сепак треба малку простор да се остави за да не се угушиме у сето тоа, зошто може и да не биде вечно, може да има крај е тогаш многу боли кога треба се одречеш или разделиш од оној со кој си се врзал.
 
мразам кога се поврзувам со личноста која ја “сакам“...бидејки потоа лесно можат да ми го скршат срцето...
 
хм....јас мислам дека врзувањето и љубовта не одат еден без друг...како би било да бидеш со некого година а да не се врзиш,или пак како може некој да ти биде приврзан за срце а да не осеќаш љубов? Љубовта не е секогаш она ерос-љубење...има повеќе облици....значи без љубов нема приврзување и неможеш некого да сакаш а да не се приврзиш со времето...
 
Вака сега... Мислам дека ги мешате работите.

Не постои врзување - постои само навика.

А и Б се среќаваат. Мување. Секс. Поздрав.

А и Б пак се среќаваат. Пак мување. Пак секс. Пак поздрав.

После неколку пати добар секс, и А и Б сфаќаат дека се одлични еден за друг. Се обидуваат да не е сè само на секс и излегуваат надвор, како пар во друштво, итн. Испаѓа добро.

Некогаш, А и Б ќе се заедно, ама нема да имаат секс. Проверуваат и гледаат дека не им е значајно само да имаат секс - пак им е добро еден со друг. Ете зародиш на љубов.

Тече времето, доаѓаат проблемите. Настануваат конфликти и тие ги решаваат. Имаат кавги, расправии, па мирувања и милувања... Поминуваат низ сито и решето заедно.

И одеднаш сфаќаат дека не можат еден без друг. Едноставно поминале толку многу време заедно, што не им е природно еден без друг. Се бараат еден со друг, како физички (сексуално), така и духовно (емоционално).

Ниту А ниту Б не *бараат* врзување... Едноставно, така им е подобро, да се еден со друг заедно.

А ако не им е, раскинување. Тоа значи - оној кој бил до нив, веќе не е; им се менува целиот живот и мораат да започнат со нов живот и нови навики.



Барем од машка страна, никој не оди со девојка на почетокот мислејќи дека таа ќе му стане единствена. Но, ако има разбирање од неа, сфаќа дека таа му го нуди она што другите не ми го нудат - способноста да биде со него и да го поддржува во секој момент. И, поради чист интерес, останува само со таа девојка и се грижи за нејзините чувства и ги негува своите кон неа.



Машко сум, ете ги моите ставови. Девојките нека ги изнесат своите.
 
јас мислам дека едното го надополнува другото,се почнува со голема страст и љубов..потоа сето тоа се дополнува со приврзување на двете особи и со тек на време тоа станува многу јако и со тек на времето ке се види дали се било страст или пак тоа ке продолзи засекогас:back:.Личност сум што се приврзувам за личноста и тоа ми се допага,и никогас не ми се здосадува од таа особа,стом сме заедно тоа знаци дека премногу го сакам и го поцитувам....:love2:и дефинитивно верувам во вечна љубов lalala....:wub:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom