Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Како фала за теророт на Македонците во пирин, како фала за негирањето и провокациите тука...после сите претходни афери и предавства..круна на квислинзите во МПЦ
МПЦ ќе и' подари дел од моштите од свети Климент на Бугарската црква
Како црква треба да покажуваме широкоградост и за овој подарок нема да бараме ништо за возврат, изјави вчера владиката Тимотеј
Верници се поклонуваат пред моштите на светецот во црквата на Плаошник
Македонската православна црква ќе и' отстапи на Бугарската православна црква парче од моштите на својот основоположник свети Климент Охридски, како израз на добра волја. Ваква одлука донел Светиот синод на МПЦ одговарајќи на молбата што пловдивскиот митрополит Николај ја упатил до дебарско-кичевскиот митрополит на МПЦ, Тимотеј. Бугарскиот владика соопштил дека сака да го возвиши чинот на осветувањето на новиот манастир во Пловдив посветен на свети Климент Охридски, положувајќи дел од неговите мошти. Владиката Тимотеј ја проследил молбата до Синодот, кој без поголеми дилеми ја прифатил.
Се најавува дека владиката Тимотеј ќе ги предаде моштите на 24 ноември, во Бугарија.Бугарската православна црква има исти позиции како и историографијата и политиката во државата и тврди дека основоположниците на МПЦ имаат бугарско потекло. Црквата има само едно мало парче од моштите на свети Климент, кое го чува во Софија. Во МПЦ изјавуваат дека чинот на подарувањето не треба да се смета за откажување од значењето на свети Климент за македонскиот народ. Во Синодот посочуваат дека решавачки биле желбата за унапредувањето на односите меѓу двете цркви, христијанската љубов и позитивниот став на бугарскиот владика кон МПЦ.
- Како црква ние треба да покажуваме широкоградост. За овој подарок, барем јас, нема да барам да ни вратат со нешто. Ние не ги отстапуваме моштите, туку само трошка од нив. Владиката Николај ми се обрати писмено, со титулирање какво што е соодветно за нашата црква - изјави владиката Тимотеј.Во православните цркви моштите на светците се чуваат како нешто највредно во храмот. По нив се гледа духовната димензија на манастирите и на црквите, нивниот углед и влијанието меѓу верниците.
Моштите на двети Климент Охридски се најзначајните што ги има МПЦ. Меѓутоа, нашата црква не ги поседува сите мошти на ученикот на светите Кирил и Методиј, туку само дел од нив, кои сега се чуваат во манастирот „Свети Пантелејмон“ на охридски Плаошник. Делови на моштите на основоположникот на МПЦ се наоѓаат во повеќе земји. Неговиот череп се чува во Грција, во манастирот посветен на „Свети Јован Крстител“ во Верија. Од него се истекувала материја слична на масло, за која се' уште не можело да се дефинира што содржи. Меѓу верниците е широко раширен култот на верување дека допирањето на моштите може да помогне за излекувањето различни болести.
Во текот на Втората светска војна голем дел вредни македонски културно-историски артефакти беа однесени-УКРАДЕНИ во Софија. Само од охридскиот манастир „Свети Наум“ во софискиот Народен музеј била однесена плаштаница извезена со злато, позлатен путир, сребрена кутија со свети мошти од разни светци и две старословенски евангелија со корици од сребро. Од црквата „Свети Климент“ биле однесени плаштаницата на Андроник Палеолог, златната митра на свети Климент со скапоцени камења и со крст, неговиот реставриран жезол со змија од слонова коска, кој беше најден во 1911 година кај Имарет во Охрид, каде што бил закопан свети Климент.
ИНФО-Евидентирање на моштите
МПЦ ќе и' подари на БПЦ мало парче од моштите на свети Климент Охридски како израз на добра волја. Во текот на Втората светска војна, во периодот кога фашистичка Бугарија ја окупира Македонија, многу вредни културно-историски артефакти беа однесени во Софија. Досега беа украдени неколку вредни артефакти во земјава, а крадците се' уште не се откриени. МПЦ ќе ги евидентира моштите што ги поседуваат нејзините епархии.