ВРВ НА ПРЕДАВСТВАТА НА МПЦ

Ne smeeme da dozvolime opravduvanjeto za nasata nevera da ja barame vo popovite.
 
Г.Г. Стефан извади милион и пол евра кеш, и го купи сопствениот хотел Изгрев!
МПЦ и поглавараот г.г. Стефан јавно тврдеа дека хотел Изгрев не е загубен, дека е нивна сопственост. Но, Вечер прв дозна дека, пред некој ден, тие за еден и пол милон евра го купија хотел Изгрев во Струга! Кој го продал хотелот ако е сопственик МПЦ, како што тврдеше г.г. Стефан?! МПЦ нема на сметка еден ипол милион евра свои пари за да го купи назад сопствениот хотел, чии пари се тогаш во трансферот?! Дури и да имала пари, МПЦ нема одлука на Синодот еден така голем износ да се потроши за купување на хотел кој е претходно веќе загубен заради сомнителни трансакции токму од МПЦ

C3B574E9BC7A0C43A9ACC5B2E7B31CBF.jpg
По правосилно судско решение, и завршена управна постапка за сопственици запишани во Катастар, извршителот Марјан Деребан го ставил хотелот на лицитација, откако добил известување дека жалбата на германската ЛХБ банка како доверител е одбиена. И, сосема неочекувано за пошироката јавност, на лицитацијата се пријавила само МПЦ, и за хотелот Изгрев понудила 1,5 милион евра.

Вечер, а по него и други медуими, веќе пишуваа дека хотелот Изгрев не е сопственост на МПЦ туку, со сомнителни трансакции, Црквата го загубила хотелот заради долг кон Банки и лица од Струга. МПЦ ова го демантираше, дури пуштија и клетви кон новинарите дека се луѓе кои не ја сакаат Црквата, и затоа шират невистини. Што била вистината, гледаме и деновиве.
Доверители, покрај германската ЛХБ банка, беа Тутунска банка од Скопје и една приватна фирма на македонски Албанец од Велешта, Струга. Извршителот Деребан вели дека со овие 1,5 милион ќе бидат вратени главните долгови за кредитите кон Тутунска банка и кон фирмата Авел ДООЕЛ од Велешта, без да прецизира детали како и зошто само МПЦ се јавила на лицитацијата за хотелот. Немаше ни детали за потеклото на парите, дури еден и пол милион евра на МПЦ за овој трансфер.

Шокантно е тоа што никој во МПЦ од членовите на Синодот не знае, ниту дека МПЦ повторно го купила хотелот Изгрев, ниту пак е јасно од каде на МПЦ толкава сума пари, за да учествува во лицитација за хотел, за којшто архиепископот Стефан до скоро тврдеше дека хотелот е на МПЦ. Според досегашните изјави на г.г. Стефан, МПЦ сега сама си го купила сопствениот хотел, а милион и пол евра црковни пари (што значи наши, заеднички пари на сите верници) за ништо отишле во нечии раце. Владиците на МПЦ велат дека ваква точка на дневен ред на Синодот, да се најдат пари потрошат за хотел, воопшто не била ставена и дека архиепископот самоволно во координација со својот финансиски советник Димитар Белчовски, поддржан од браќата Миладинови, влегле во оваа идеја за повторно купување на хотелот Изгрев. Вечер дознава и дека пред три дена, на гости кај архиепископот г.г. Стефан, биле токму двајцата браќа Димитар и Ѓорги Миладинов.

Инаку МПЦ е сопственик на хотелот Изгрев од 2001 година. Набргу потоа, повторно без знаење и согласност на Синодот и без јавно објавен тендер хотел Изгрев е даден на управување на браќата Миладинови, заедно со хотелот Бисер, кој го доби како денационализација. Вечер пред две години прв ги објави скандалозните хипотекарни договори во кои, со црковен имот како залог од неколку банки беа подигнати кеш пари, неколку милиони евра, за кои никој во Синодот на МПЦ, до ден-денеска, не објасни каде завршија. ГГ Стефан ги негираше овие трансакции, тврдејќи дека се клевети.

AA7C05C05CD3654FA28BC66F754A51C9.jpg
Но, дојде денот на средување и на сметките и на вистините.
Откако доверителите ја активираа хипотеката Тутунска банка од Скопје за еден милион евра кредит и Авел ДООЕЛ од Велешта за 1,2 милион евра исто така побарување хотелот беше ставен на лицитација. Набргу потоа лицитацијата беше стопирана бидејќи германската ЛХБ банка тврдеше дека МПЦ и Миладинови и од неа имаат земено кредит од 4 милиони евра, но некој во катастарот во Струга успеал да ги избрише од имотниот лист на доверители. Тие поднесоа жалба до второстепената владина комисија, по што таа деновиве се произнела негативно и извршителот Деребан го ставил хотелот на лицитација. Најголем дел од владиците на МПЦ се шокирани од ваквата постапка на поглаварот, велат дека за ништо не се консултирани и најавуваат дека ќе побараат на првата синодска седница одговорност. Патем, ќе бараат архиепископот да им образложи од каде нашол толкава сума пари да го купи хотелот за кој до вчера ги убедуваше владиците дека истиот тој хотел е на МПЦ. Владиците тврдат дека никогаш, на сметката на МПЦ, немало еден и пол милион евра. Особено не пари кои се слободни за купување хотели, во време кога Црквата се соочува со низа финансиски проблеми за кои пари нема.

Миладинови за ИЗГРЕВ во мај 2007:
Миладинови во мај 2007 го потврдија она што Вечер веќе го објави, а тоа е дека хотелот "Изгрев" дефинитивно не е сопственост на МПЦ, туку Македонската православна црква има акционерски удел од 30 проценти во фирмата "Миладинов ДОО".
- Хотелот "Изгрев" де јуре е 30 проценти сопственост на МПЦ, ама де факто МПЦ не е сопственик, затоа што нема вложено никакви финансиски средства, вели Ѓорѓи Миладинов, потенцирајќи дека оние 30 проценти МПЦ ги добива како подарок од браќата Миладинови, чекор на кој тие се одлучиле од нивни приватни и верски убедувања. Миладинови вчера тврдеа дека МПЦ не е сопственик на хотелот "Изгрев" уште од 2002, кога го изгубила затоа што тој отишол во стечај.
Две години подоцна, Миладинови тврдат дека со нивни пари, а не како што тврди архиепископот Стефан со пари на МПЦ, бил купен хотелот на лицитација. Бизнис партнерите на МПЦ уверуваат дека до 2009 ќе биде завршена реконструкцијата на хотелот, а кредитите ќе се отплаќаат до 2013. Сепак, не можат да потврдат која ќе биде идната функција на хотелот. Нивната намера е да се гради центар за рехабилитација.

Ѓорѓи и Димитар Миладинови вчера во Струга не сакаа да зборуваат за нивните бизнис-зделки со акциите во ЗИК "Гоце Делчев" во Трубарево, за што во јавноста се шпекулираше дека постои поврзаност меѓу овие два случаи.
- Тоа е наш бизнис на подолг рок во кој ние денеска не сме подготвени за тоа да зборуваме, вели Димитар Миладинов.

Браќата Миладинови ја повикуваа МВР да го расчисти инцидентот што се случи на 18 мај оваа година, кога беше пукано во нивниот дом.
- Не знаеме кој би можел да биде сторителот, ниту пак се сомневаме во некого, затоа што отсекогаш убаво сме живееле со сите наши сограѓани и така ќе продолжиме, изјави еден од браќата Миладинови. Тие тврдат дека немаат приватни долгови кон никого.
 
МПЦ треба да биде институција која духовно ги сплотува Македонците од целиот свет..не само што го прави спротивното - ги разнебитува кај стигне, не одговара за ништо и пред никого.

Парите со кој располага се пари на верниците, и затоа треба отчет, одговорност и ЗАТВОР
 
Ne moze toa taka!!!So rasprodavanje na istorijata,nema narodot so sila da go napravat toa sto ne e.
 
Tesko da si go vratime ona sto ni go zedoa Bugarite,ili sto nekoj od "Makedoncite "im go dadoa kako blagodarnost za osloboduvanje od Srbite.No,i pokraj se Makedonskata istorija e bogata i so nekolku relikti nema da ni go ukradat identiotetot.Minatoto e minato,da izborime sega da go zacuvame ona koe ni ostana.
 
Back
На врв Bottom