Адеми ќе се бори против бандитите во ДУИ
Не си одам од партијата, туку им отворам војна на бандитите и рекетарите од ДУИ, ни изјави вчера пратеникот Џеват Адеми, по неофицијалните информации дека тој ќе ја напушти партијата и ќе дејствува како независен пратеник. Според партиски процени, поради внатрепартиската битка за функции и позиционирањето пред локалните избори меѓу скопското и тетовското крило, може да се случат неколку сценарија. Тоа се раскол во партијата, смена на министри по барање на лидерот Али Ахмети или, пак, Адеми и неговите приврзаници да си одат од партијата.
ДНЕВНИК