Времето тече брзо, но носи сериозни промени?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Случајно гледајќи ја животната линија на facebook ги читав коментирати пред 2,3 и повеќе и коментарите сега. Забележав драстична разлика и кај моите статуси, но во коментарите на луѓето.

Искрено, надвор од ова немав размислувано на оваа тема, но по ова што видов, сериозно се зачудив.

Обично, дисктутираме за промени кај луѓето по 5-10 години, но некако времево брзо поминува а истото носи сериозно промени на краток рок.

Целта на темата ми е да продискутираме за следното:

Дали 2-3 години се доволен рок за сериозна промена кај човекот?
Дали забележувате разлика кај вас и кај луѓето околу вас споредувајќи сега и пред 2-3 години? Дали таа разлика е позитивна или негативна?

Што е она што се променило кај Вас лично за овој временски период?
Дали може да се забележи сериозна промена во размислувањето?

Каков е животот сега, а каков беше во 2008 година?

И на крај: Дали кога ги читате вашите сопствени мислења на форумот напишани денес и пред година, две, три може да се забележи сериозна концептуално разлика и разлика во ставовите и сфаќањата?

Јас сум сигурен дека човек созрева, но и сум сигурен дека 2-3 години се сериозно краток период за ваква сериозна промена.
 
2-3 години поминати во осмолетка ДА...
2-3 години средношколски ДА!!
2-3 години факултетски верувам не толку ...
Мислам дека зависи до периодот.... Дали биле 30 или 33 веќе е сосема сеедно или бар така мислам незнам :)
 
Дали 2-3 години се доволен рок за сериозна промена кај човекот?
Мислам дека се, барем за мене.
Дали забележувате разлика кај вас и кај луѓето околу вас споредувајќи сега и пред 2-3 години? Дали таа разлика е позитивна или негативна?
Да, кај мене(позитивно) и тие околу мене. Кај некои позитивно, кај други тапкаат во место....

Што е она што се променило кај Вас лично за овој временски период?
Менталитетот.
Дали може да се забележи сериозна промена во размислувањето?
Може, но зависи за што.

Каков е животот сега, а каков беше во 2008 година?
Во глобала ист, со мали подобрувања...

И на крај: Дали кога ги читате вашите сопствени мислења на форумот напишани денес и пред година, две, три може да се забележи сериозна концептуално разлика и разлика во ставовите и сфаќањата?
Може, за кој како ...
 
Ај кажи како се гледа та животна линија на фејсбук да се видам што клошар сум бил 2009 :D
 
Хехе и ја баш приметив такво нешто и кај мене... Не на ФБ (не користам такви ствари) али од други места и и јас си се чудев што работи сум зборел/пишувал и си се смеев на себе колку сум бил зелен лол
 
Јас имам нов профил веќе неколку месеци, иначе од стариот си ја симнав датата тоа значи се на ѕид напишано, линкови, статуси итн... И еден ден решив да видам што сум пишувал, не ми се веруваше колку сум го променил размислувањето од тогаш. :D Само во едно не сум се променил многу, тоа што сум МАТЕМАТИКА ХЕЈТЕР! :ROFLMAO::ROFLMAO::eek:

И кога ќе извадиш еден заклучок од сето тоа е дека времето не стои туку се мењава, замисли на 80 години да проверуваш што си пишувал на 30/40 години...
Така да зграбчи го денот! ;)
 
Случајно гледајќи ја животната линија на facebook ги читав коментирати пред 2,3 и повеќе и коментарите сега. Забележав драстична разлика и кај моите статуси, но во коментарите на луѓето.

Искрено, надвор од ова немав размислувано на оваа тема, но по ова што видов, сериозно се зачудив.

Обично, дисктутираме за промени кај луѓето по 5-10 години, но некако времево брзо поминува а истото носи сериозно промени на краток рок.

Целта на темата ми е да продискутираме за следното:

  • Дали 2-3 години се доволен рок за сериозна промена кај човекот?
  • Дали забележувате разлика кај вас и кај луѓето околу вас споредувајќи сега и пред 2-3 години? Дали таа разлика е позитивна или негативна?
  • Што е она што се променило кај Вас лично за овој временски период?
  • Дали може да се забележи сериозна промена во размислувањето?
  • Каков е животот сега, а каков беше во 2008 година?

И на крај: Дали кога ги читате вашите сопствени мислења на форумот напишани денес и пред година, две, три може да се забележи сериозна концептуално разлика и разлика во ставовите и сфаќањата?

Јас сум сигурен дека човек созрева, но и сум сигурен дека 2-3 години се сериозно краток период за ваква сериозна промена.

1. Сериозна промена на човек се прави генерално и најчесто кога тој ќе се вдоми. Значи за 2-3 години може да се изгради како личност меѓутоа промена некава може да има само на нијанса.

2. Разлика секако дека има, средината која те опкружува го оформува човекот, размислувањето, однесувањето и слично. (работа - искачањето - воспитувањето) Ако воопшто нема промена на средината кај еден човек - неможе да се очекува некаква промена кај него - тапка у место. Дали е позитивно или негативно - тоа е работа на некој од страна - за мене лично секако дека ќе е позитивно

3. Многу работи, од размислувања до изглед :)

4. Во 2008 дефинитивно беше поубаво за живто - поефитно - тоа авотматски прави поубаво со 60% помала плата имав повеќе пари! :)
 
Па зависи од периодот најмногу пример од 12 до 15 се имам ептен сменето , а од 20 до 23 не верувам дека ќе има таква разлика...мислењата на кајгана , статуси и слики на фејсбук , коментари , разбговори - се кога ќе видам не се ни препознавам така да, да многу сум сменета
 
Јас кога ќе видам пред една година што сум пишувал си се смеам на паметот што сум го имал,а а не пак 3 години. :pos: И после една година ќе се смеам на ова сега што го пишувам. Така да дефинитвно три години се доволно време да се промени човек, ама сепак како што кажаа и членовите погоре има врска и возраста. После дваесет и нешто години малкумина се менуваат како личности.
 
не се имам променето....ни малку....каков шо сум бил...таков си сум...сакам само да сум помалку срамежлив...и се ќе биде ко што сакам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom