Вратите на НАТО - ширум затворени за Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Вам после отспиената ноќ не ве интересира зошто дупето ве боли, така му доаѓа.

Името ако е само име и е техничко прашање, ќе се најдеше решение, мада самото име Република е решение.
Зошто западната заедница од каде Грција ја црпи силата има проблем со идентитетот на Македонецот?
Ако погледнете историја, ќе видите дека со првото стапнување на римјаните на тлото на Македонија, името Македонија и Македонец е забрането.
Чуму палење на се што е македонско?
Каде се книгите од “византија“?
Изгореа ?
Кој ги запали, добар дел се во депоата во Ватикан.
На Западот му се раздени кога нам ни се стемни.
Нам нема да ни се раздени се додека на западот не му се стемни.

Проектот рамковен, нова територијална поделба, не се проекти на баба ми оти така и се сонила.
Тоа е истата кујна која ја делеше Македонија 1913, која шуруваше со отоманите 500 години да ги одржи на ова тло, да сотре тоа што остана од источното царство.

На нив сеуште од името Македонија им се врти во стомакот.
Но кога не гледаат болни, на постела, со метастази на ракот, тука се да ни подадат вода, забиберена, за да и последните мигови не ги поминеме во мир и спокој.
 
Во потопот од 1991 година Ние си се одлучивме за влез во ЕУ и НАТО, иако сум убеден дека и денес мнозинството политичари и јавност кај нас не е свесна кои се обврските за влез во овие организации. Така, овие 19 години ги поминавме во војни, криминална распродажба на општествената сопственост, убиства, прислушкувања, кич-култура и турбо-фолк музика... и разно-разни други атрибути на држава која не знае што сака за себе!Поради тоа денес ни се појавува последицата ШТО ПОНАТАМУ, наместо членство во ЕУ. И така доаѓам до заклучок дека не само што не сме влезени, а и нема да влеземе во ЕУ и НАТО во наредните неколку години, туку Македонија нема никаква стратегија за да се свртеме кон Истокот.
Македонија веќе 19 години глуми самостојна, суверена и независна држава, а на дело сме протекторат, и тоа од врстата на најдолна лепешка во системот на агресивниот неоимперијализам на Американците. Во целиов невкус, кич и транзиција во која се наоѓаме енормно долго, треба да се определиме за тоа каде понатаму.

Ако НАТО нас сакаше да не примит без уцена ќе извршеше притисок врз Грчка, да не признаат под уставно име, и да ја уценуваат: „Признајте ја прво Македонија, а после ќе добиете помош од пола трилион евра“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom