Во потопот од 1991 година Ние си се одлучивме за влез во ЕУ и НАТО, иако сум убеден дека и денес мнозинството политичари и јавност кај нас не е свесна кои се обврските за влез во овие организации. Така, овие 19 години ги поминавме во војни, криминална распродажба на општествената сопственост, убиства, прислушкувања, кич-култура и турбо-фолк музика... и разно-разни други атрибути на држава која не знае што сака за себе!Поради тоа денес ни се појавува последицата ШТО ПОНАТАМУ, наместо членство во ЕУ. И така доаѓам до заклучок дека не само што не сме влезени, а и нема да влеземе во ЕУ и НАТО во наредните неколку години, туку Македонија нема никаква стратегија за да се свртеме кон Истокот.
Македонија веќе 19 години глуми самостојна, суверена и независна држава, а на дело сме протекторат, и тоа од врстата на најдолна лепешка во системот на агресивниот неоимперијализам на Американците. Во целиов невкус, кич и транзиција во која се наоѓаме енормно долго, треба да се определиме за тоа каде понатаму.
Ако НАТО нас сакаше да не примит без уцена ќе извршеше притисок врз Грчка, да не признаат под уставно име, и да ја уценуваат: „Признајте ја прво Македонија, а после ќе добиете помош од пола трилион евра“.