ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Јован сака да биде дел од преговорите за името
Вранишковски практично признава дека е изигран во целиот проект ПОА, затоа што ветената поддршка што, најверојатно требало да ја добие од грчките власти, изостанала
Јован Вранишковски бара да се вклучи во преговорите што за името ги водат македонската и грчката страна. Незадоволен од односот што Грција го имала кон неговите проблеми, јавно преку грчките медиуми, ги повикува властите во Атина да побараат паралелно со преговорите за името на маса да биде ставен и неговиот, како што вели, проблем кој го создава Македонија со наводното непочитување на човековите и верските слободи.
- Овие прашања беа тема во Грција, но не чув конкретни одговори кои водат кон решавање на овој проблем. Како што и не гледам дека некој се интересира за тоа дека свештениците на Грчката црква не можат да влезат во Македонија. Тврдам, многу одговорно дека ова создава една нестабилност во регионот и според мое мислење ова е тема за преговори, а не само името на државата, вели поранешниот македонски митрополит во едно интервју за грчките медиуми.
Вранишковски практично признава дека е изигран во целиот проект ПОА, затоа што ветената поддршка што, најверојатно, требало да ја добие од грчките власти, изостанала. Но и покрај тоа, тој не прекинува да го негира постоењето на македонскиот народ и во интервјуто вели дека самиот осознал дека македонската нација постои од 1945-тата, најверојатно надевајќи се уште еднаш дека, на тој начин ќе ги убеди властите во Атина да му помогнат.
- Чекам помош од секаков вид, но да бидам искрен малкумина се оние коишто се заинтересираа и прашаа како излегуваме на крај. Не можам да ги утешам ниту моите монаси затоа и толку нагласено барам помош. Повторувам, очекувам малку повеќе од власта во Грција. Власта е таа која треба да помогне од своја страна, вели Вранишковски.
Инаку, Вечер веќе објави дека откако пред три месеци екс владиката избегна да се појави на две рочишта од повторениот судски процес, судот во Велес побара негово стражарно приведување. Од тогаш на Јован му се губи секаква трага во Македонија. Веќе неколку месеци тој е надвор од државата, и како што велат изворите на Вечер, немал ниту намера да се враќа, се додека не добиел регистрација за неговата ПОА.
eve gnidava pak se javi , mizerija