Уба беше. На 31-ви јануари го вдомив кучено со кое секој ден шетам и се полнам со позитивна енергија. Морам да кажам дека после 2 години се сторив пак со пес и таа празнина на немање миленик, а со тоа издувен вентил на негативната енергија заврши.
Друга работа, ги положив испитите од 5-та со 9.9, само на последниот испит тој мајчиниот ми пиша 9-ка, оти не било убо сите оцени исти да ми бидат (и ми рече да извлечам животна лекција дека не мора да добиеме се што сме заслужиле) да се мочам во лекцијата да се мочам
На љубовно поле стандард, мирна вода, за месец дена 5 години че ги фркниме. Уште да ја натерам женската, здравје боже ко че ми биди жена, да го чуваме горе песот в соба, таман.
В година шо очекувам? Да магистрирам, пошто тезава планирам да ја шитнам официјално за некој ден, па ако биде се во ред, по некој месец ќе дојди и датумот на таа формална одбрана. Пред една година започнав со пишување на втора книга посветена на починатиот ми дедо и децата бегалци од Егејска Македонија. Имам напишано некои 120-тина страни, ама мислам дека не сум ни до половина. Воедно почнав со пишување на некои кратки твајлајт зоун приказни, така да пошто претерано тешко оди издавањето на книга во Македонијава, ќе пробам на едно мавање двете да ги извадам во печатена форма за личен кеф. Нема да вадам илијадници примероци за продажби и заработки, него некои стотина пример, колку да поделам по најблискиве роднини и пријатели и по некој заинтересиран за читање глупоштињи од умот на еден Ерих.
Исто очекувам конечно да си купам некој јак гејмерски компјутер и да почнам со отпревртување на игрите чиј walkthrough сум гледал по јутуб, дури ми течеле лиги. Очекувам да се начитам конечно литература каква што сакам јас за личен мерак и очекувам најновиот албум од Radiohead да искини.
За политички очекувања нема да спомнам, да не ја разлутам некоја багра шо ја почитувам тука
п.с имам само една желба. Најблискиве да останат сите здрави, прави и на број, па макар и ништо да не се оствари од гореочекуваново.
А така.