



Диал
Севкупниот помин вчера беше одличен, иако мора да кажам дека имало и подобри собиранки. Местото беше малце утнато (по капацитет), афтерпартито лошо организирано, ама Кајгана собиранка со толку луѓе и позитивна енергија и не може да испадне лошо.
Се испозапознав со многу нови луѓе, се исповидов со стари драги форумџии, се изнаденсав, после се испомрзнав на Кале, па кај Шефот на кафе со вкус на виршли до раните утрински часови (7:10 а.m)
Кулминација на вечерта: Идам по тоа скалите да се поздравам со Бушав горе, и на враќање надоле се подсопнав на една скала и за да не паднам махинално се фатив за првото нешто во близина... Што беше меѓуножјето на некој случаен минувач

Не знам кој беше дечкото, ама ако е форумџија и ако се препозна во постов, јавно му се извинувам :kesa: