Возевме: Range Rover Evoque

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.433
Поени од реакции
35.160
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com

Кога ќе се спомне името Range Rover, првата асоцијација е на огромен, луксузен теренец, кој подеднакво добро ќе се снајде низ градските улици, на отворен пат или пак во било каква офроуд средина. Сепак, пред извесен период, Land Rover реши да ја разубави таа слика со помал, спортски и многу допадлив кросовер модел кој ќе задржи дел од перформансите на својот поголем брат.

ДИЗАЈН

Првата работа што ве освојува кај Evoque е неговиот изглед. Атрактивниот дизајн со широката и доминантна предница, и спуштениот покрив, прави интересен и привлечен спој на СУВ со спортско купе. Фраерскиот изглед сигурно ќе биде една од главните причини за купување на овој модел на Range Rover, а наменет е за оние со префинет вкус, слабост за британскиот автомобилски луксуз и шмекерски афинитети.
Ние ја возевме верзијата со четири врати, која иако ја нема изразената купе линија на моделот со две врати, ја има практичноста на четирите врати што го олеснува влегувањето за патниците кои се возат на задната клупа.
Се разбира, некој ќе замери дека ова е женски кросовер, особено што Викторија Бекам има вмешано прсти во неговиот дизајн, но она што е под хаубата, ќе извади прилично силни машки карактерни одлики.

ЕНТЕРИЕР

Evoque ги нема димензиите на големите Range Rover теренци, но и покрај тоа во внатрешноста има доволно простор за патување на четири возрасни луѓе. Комфорот е особено присутен во предниот дел, седиштата се удобни и со спортски изглед, а командите и централната конзола се лесно достапни и добро распоредени. Возачот и совозачот имаат голем комфор, како и одлична прегледност благодарение на високата позиција за возење.
Британците се познати по тоа дека не штедат на луксузот, па пленува вниманието на детали и употребата на врвни материјали за маската на предната конзола. Посебно интересен е автоматскиот менувач кој е во форма на кружен селектор, што при вклучување и гаснење на автомобилот автоматски се појавува или вовлекува во положбата за мирување.
Уште една интересна одлика на Evoque е употребата на LED светлото во внатрешноста на кабината што е навистина корисно и изгледа естетски во ноќните возења. Светлото може да го најдете во рачката за отворање на вратата, во делот за нозете, како и во централниот дел над главите на возачот и совозачот.

Некој можеби ќе замери на малото задно стакло, како нешто што смета на прегледноста, но во текот на нашиот тест, големите странични ретровизори одлично го дополнуваа ограниченото видно поле.
Моделот што го тестиравме, беше од основната серија на опременост во внатрешноста, а повисоките опции нудат многу поголем луксуз, делумно во функциите и дел во употребата на материјалите.

ПЕРФОРМАНСИ, УПРАВУВАЊЕ И ВОЗНИ СВОЈСТВА

Како и секој компактен кросовер модел, Evoque одлично се снаоѓа во градските услови, а повисоката седечка позиција овозможува одлична прегледност на ситуацијата во сообраќајот. Она што не интересираше е како овој модел ќе се снајде на отворен пат, и уште повеќе, дали во офроуд услови ќе ги оправда очекувањата што доаѓаат со името Range Rover.
Една од првите работи кои ги забележувате на отворен пат е брзината со која може да забрзате за да го престигнете побавниот возач. Автоматскиот менувач функционира одлично и во стандардниот и во спортскиот мод (иако менувањето брзини со типките на воланот не е идеално), а торкот што го развива 2,2 -литарскиот TD4 мотор со 150 коњски сили е вистински неверојатен.

Повеќе + видео + галерија = тука

-
 
Еден од ретките SUV кој ми се допаѓа.Скап е ама од страна на луксуз и изглед има што да покаже.Off-road перформансите му се пристојни,а за таа големина има и пристоен мотор.
P.S. Torque=вртежен момент
Grammatik_macht_frei.jpg
:)
 
А да не се фалите толку може?
И ја возев ист ваков,само беше бел...Сто еден..
 
А да не се фалите толку може?
И ја возев ист ваков,само беше бел...Сто еден..
Кое фалење...жити се ?
Човекот возел и со свој зборови ти го опишува, п.с да не е од некоја емисија воа како петта брзина или високи октани ?
 
ко го видов насловов на темава - "srsly?"

секоја чест, продолжете со рубрикава, одлично!
 
Кое фалење...жити се ?
Човекот возел и со свој зборови ти го опишува, п.с да не е од некоја емисија воа како петта брзина или високи октани ?
Ај бе не какај,глеаш дека се заебаам.. -.-
 
Прибидејќи сум такоф, јас иам едно прашање:

кога некој македонски увозник на 4 х 4 возила ќе понуди возило за проба по терен? Времето сега е идеално, нема снег, ама има доста влага и кал... во глобала сите можат да одат во авто салон, и да добијат некакво тест возило. Кога веќе се решиле да нудат тест на нов теренец, кој нажалост никогаш нема да го дадат на проба по терен (обично тестот е вожња низ град), мислам дека крајно време да се смени тоа и да почнат барем да има тест возење по убав, реален терен за тимови што прават некакви репортажи. Па да видиме шо стварно можи џипов, да не испадни дека има теренски карактеристики како Шевролет Авео.
 
Имаше таков тест пред неколку години, собрани новинарите и водителите од автомобилизмот на едно место незнам на која планина и вози на терен, сега бледо ми е сеќавањето беше или за Land Cruiser или за Hilux
исто така и Dacia duster џипон го пентареа по планини

тоа е веќе прав тест ама и прав теренец, evoque е шминкерски градски "теренец" иако од range rover се очекува дека ќе се справи на терен

Сепак за мене е еден од најубавите мали џипови од последниве генерации, преубав дизајн и не се сомневам дека и квалитетен
 
Алал ви е :) шо друго да ви кажам, нареден пат ако ви дадат Land Rover Range Rover 5.0 V8 викнете и јас да го повозам. Ова шминканиве педерски џипчиња не ми прават кеиф.
 
Екстра СУВ, само малце солен за наши стандарди.

Acid со што опрема е снимано видеото, ептен профи делува и дали имате во план да ги правите овире reivew-а со водител, нешто слично на http://www.youtube.com/user/carbuyer
 
Една работа е што некој пишува и ред други работи според мене додека јас не седнам да го пробам на тест возење и сл. не верувам во овие работи пишано зошто? затоа што како прво тест на теренец 4 x 4 не се прави низ град или пак на водно и такви слични работи се знае каде се прави тест на теренско возило каде што најубаво може да се види и покажете самото возило . Инаку најискрено повеќето кои купуваат вакви луксузни џипови значи зборам за Македонија дали само 2-3 % ги возат на офроуд патишта и сл. повеќето ги купуваат за низ град. и уште нешто добра идеја е ова со рубрикава (y)
 
ова не е теренец

немора на секоја тема да пишуваш ко не разбираш ништо, че те затепам некој ден
 
ова не е теренец

немора на секоја тема да пишуваш ко не разбираш ништо, че те затепам некој ден
А па кога некој ќе ми пише не разбираш ништо ми доаѓа да :гомце: извини брат али морав :icon_mrgr: ок извини што се изразив ''Теренец''
 
Екстра СУВ, само малце солен за наши стандарди.

Acid со што опрема е снимано видеото, ептен профи делува и дали имате во план да ги правите овире reivew-а со водител, нешто слично на http://www.youtube.com/user/carbuyer
Canon EOS 5D Mark II. Објективи 50mm F1.4 и 70-200 2.8 L :)

Една работа е што некој пишува и ред други работи според мене додека јас не седнам да го пробам на тест возење и сл. не верувам во овие работи пишано зошто? затоа што како прво тест на теренец 4 x 4 не се прави низ град или пак на водно и такви слични работи се знае каде се прави тест на теренско возило каде што најубаво може да се види и покажете самото возило . Инаку најискрено повеќето кои купуваат вакви луксузни џипови значи зборам за Македонија дали само 2-3 % ги возат на офроуд патишта и сл. повеќето ги купуваат за низ град. и уште нешто добра идеја е ова со рубрикава (y)
Зошто не го пробаш? Секој може да проба секаков автомобил на тест возење, без никаков проблем.
Треба да имаш само желба и возачка дозвола :)
 
Acid Радо би пробал но немам возачка дозвола иако знам да возам али без возачка нормално дека нема да може :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom