Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.433
- Поени од реакции
- 35.159
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com

Кога ќе се спомне името Range Rover, првата асоцијација е на огромен, луксузен теренец, кој подеднакво добро ќе се снајде низ градските улици, на отворен пат или пак во било каква офроуд средина. Сепак, пред извесен период, Land Rover реши да ја разубави таа слика со помал, спортски и многу допадлив кросовер модел кој ќе задржи дел од перформансите на својот поголем брат.
ДИЗАЈН
Првата работа што ве освојува кај Evoque е неговиот изглед. Атрактивниот дизајн со широката и доминантна предница, и спуштениот покрив, прави интересен и привлечен спој на СУВ со спортско купе. Фраерскиот изглед сигурно ќе биде една од главните причини за купување на овој модел на Range Rover, а наменет е за оние со префинет вкус, слабост за британскиот автомобилски луксуз и шмекерски афинитети.
Ние ја возевме верзијата со четири врати, која иако ја нема изразената купе линија на моделот со две врати, ја има практичноста на четирите врати што го олеснува влегувањето за патниците кои се возат на задната клупа.
Се разбира, некој ќе замери дека ова е женски кросовер, особено што Викторија Бекам има вмешано прсти во неговиот дизајн, но она што е под хаубата, ќе извади прилично силни машки карактерни одлики.
ЕНТЕРИЕР
Evoque ги нема димензиите на големите Range Rover теренци, но и покрај тоа во внатрешноста има доволно простор за патување на четири возрасни луѓе. Комфорот е особено присутен во предниот дел, седиштата се удобни и со спортски изглед, а командите и централната конзола се лесно достапни и добро распоредени. Возачот и совозачот имаат голем комфор, како и одлична прегледност благодарение на високата позиција за возење.
Британците се познати по тоа дека не штедат на луксузот, па пленува вниманието на детали и употребата на врвни материјали за маската на предната конзола. Посебно интересен е автоматскиот менувач кој е во форма на кружен селектор, што при вклучување и гаснење на автомобилот автоматски се појавува или вовлекува во положбата за мирување.
Уште една интересна одлика на Evoque е употребата на LED светлото во внатрешноста на кабината што е навистина корисно и изгледа естетски во ноќните возења. Светлото може да го најдете во рачката за отворање на вратата, во делот за нозете, како и во централниот дел над главите на возачот и совозачот.
Некој можеби ќе замери на малото задно стакло, како нешто што смета на прегледноста, но во текот на нашиот тест, големите странични ретровизори одлично го дополнуваа ограниченото видно поле.
Моделот што го тестиравме, беше од основната серија на опременост во внатрешноста, а повисоките опции нудат многу поголем луксуз, делумно во функциите и дел во употребата на материјалите.
ПЕРФОРМАНСИ, УПРАВУВАЊЕ И ВОЗНИ СВОЈСТВА
Како и секој компактен кросовер модел, Evoque одлично се снаоѓа во градските услови, а повисоката седечка позиција овозможува одлична прегледност на ситуацијата во сообраќајот. Она што не интересираше е како овој модел ќе се снајде на отворен пат, и уште повеќе, дали во офроуд услови ќе ги оправда очекувањата што доаѓаат со името Range Rover.
Една од првите работи кои ги забележувате на отворен пат е брзината со која може да забрзате за да го престигнете побавниот возач. Автоматскиот менувач функционира одлично и во стандардниот и во спортскиот мод (иако менувањето брзини со типките на воланот не е идеално), а торкот што го развива 2,2 -литарскиот TD4 мотор со 150 коњски сили е вистински неверојатен.
Повеќе + видео + галерија = тука
-