Ај ај... да не ја носиме темата во погрешен правец. Сите треба да знаат дека над 4 промили алкохол во крвта може да предизвика смрт, а притоа дотичниот 99% од случаите е во несвесна состојба и неможе да стои на нозе.
За тие што не знаат, да си прочитаат.
Идејата веќе е видена во Србија... 100% сум сигурен дека казна за возење немиено возило е 600 динари. Но, дали сеуште се спроведува тој закон или не е прашање.
Башка малку глупо доаѓа, бидејќи да тргнеш од Битола до Скопје по дождливо време и чистите патишта возилото ќе се направи лом. И што треба, наместо на саканата дестинација да одам, прво да одам на перална да ја чистам колата? А во најголем дел од случаите кога сум на релација Битола-Скопје, истиот ден и се враќам назад. Така ми доаѓа 3 пати да ја мијам колата. Еднаш пред тргнување, еднаш во Скопје и еднаш кога ќе се вратам.