Не навлегувам дали шоферот требало да оди во грција или не. Ама многу ми смешно следново:
ЗОШТО ТОЈ ШОФЕР НЕ ПРИЈАВИЛ ВО ГРЧКА ПОЛИЦИЈА ДЕКА ГО МАЛТРЕТИРАЛЕ???????
Па да си побарал некаква потврда или слично, дека пријавил малтретирање на странски државјанин.
А вака? Еве:
Случај на малтретирање македонски државјанин во Грција немало и Скопје треба да престане да ја искривува вистината, соопшти синоќа официјална Атина.
Оваа реакција на грчката Влада што до медиумите ја испрати Канцеларијата за врски во Скопје, уследи по барањето на македонската Влада до властите и надлежните институции во Атина да го осудат најновиот случај на малтретирање македонски државјанин и да ги откријат и санкционираат сторителите.
Македонски државјанин, возач на камион, во средата во околината на Солун бил запрен и нападнат со ножеви од тројца Грци..
Како што пренесува Макфакс, според соопштението на официјална Атина,
„грчките власти не примиле каков и да е извештај за таков инцидент, ниту пак постојат какви и да е индикации дека таков инцидент се случил“.
„Од тие причини, нема ништо што Владата на Грција би го осудила. Крајно време е искривување на вистината да престане“, се наведува во реакцијата на грчката влада.
Според податоците на македонското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на оваа година во Грција имало седум инциденти во кои биле малтретирани македонски државјани, главно возачи на камиони.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95637
Тој шофер глуп ли е? Пријавил во македонска полиција на граница. И што ако пријавил? Грциве викаат: „АБЕ КАЈ НАС НИКОЈ НЕ ПРИЈАВИЛ ТАКОВ СЛУЧАЈ, ПРЕСТАНЕТЕ ВИЕ НАС ДА НЕ ПРОВОЦИРАТЕ“.
истото се случуваше и со претходните случаи на малтретирање. Пријавуваат кога ќе влезат во Македонија. Па ако те ограбат на пр. во Германија, ти што ќе направиш? Ќе седнеш во авион и правец на ајродром „Александар Велики“ во полиција да пријавиш дека те ограбиле во Германија? Или не?