Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,1%
  • Не

    Гласови: 460 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.196
Јас првпат таа светла точка (претпоставувам дека зборуваме за истата, посјајна од околните ѕвезди, ако се загледа човек ќе види дека постојано менува бои, црвена, жолта, зелена, сина... и обично е статична, како поминува време така и таа ја менува позицијата на хоризонтот а понекогаш прави нагли движења за пак да се врати во иста позиција по извесно време) ја забележав првпат на 10 Јуни годинава и ја имам снимано и со апарат, (со макс зум и со изместување на фокусот се забележуваат многу подобро трепкањата и боите на објектот) а одтогаш навака веќе ми стана и досадно да ја гледам, ја има секој вечер, во Скопје се забележува обично после 21:00 часот и се гледа на мојата локација (поради околни згради, куќи, облачност) до некаде 0100-0130 а некогаш и пократко, во град источно од Скопје се забележува од стемнување па понатака (повисока надморска височина, почисто небо, понеосветлена околина-надвор од населено место).

Не сум сигурен дека секој вечер може да се забележи движење на објектот (треба да се набљудува подолго време) но впечатлива е брзината со која објектот ја менува позицијата и исчезнува за кратко од видикот за после да се врати пак на истата стара позиција.

Споредено со било која ѕвезда на хоризонтот овој објект е посветол и се приметува промена на боите и пулсирање, трепкање. Најдобро може да се примети кога во близината прелетува авион тогаш се гледа дека шемата на трепкање е поразлична од таа на светлата од авионите а и боите се поразлични и обично значително посветли.
Исто така во споредба со авионите овој објект е статичен, не ја менува позицијата доддека авионите за кратко време се губат од видик.

Видеата уште ги немам закачено на интернет, сакав да побарам повеќе инфо за да не се брукам за џабе ;-)
ако има интерес, ќе пробам во наредните денови да ги преработам и да ги закачам (бидејќи се full HD баеги големи фајлови се).

И јас го имам покажано на до сега некои 10-на луѓе на различни места, во различни денови за да чујам нивни мислења и обично и тие не знаат што би можело да биде.

Некои викаат дека е некој сателит но тоа според мене отпаѓа бидејќи уште немам видено било чив сателит кој што се забележува со голо око и кој што постојано емитира светлост во различни бои со различен интензитет.

Заборавив да кажам, објектот може да се види во Скопје ако се гледа високо на небото околу 2100 и потоа се движи во правец југ југозапад запад отприлика.
Источно од Скопје, објектот на стемнување се гледа некаде во правец југ-југоисток и потоа се качува високо и продолжува југ-југозапад-запад.

Поздрав

Ми го зеде зборот од уста....И јас сакав да прокоментирам за тоа....Еве веќе има 2 месеца откако го видов...Па се чудам што може тоа да биде??? НЛО?? Нема шанса!!! Ама пак....Досега не е откриена ѕвезда која ги менува боите....Ако некој има представа што може да биде тоа чудо нека каже....:confused::cool:
 
Дајте бе вонземјани .......нема смисла едноставно а за тоа погоре наведеното можно е да е и сателит ништо повише..
 
J.D. има смисла...дај ми логично мислење дека не постојат вонземјани...
 
J.D. има смисла...дај ми логично мислење дека не постојат вонземјани...
Па нема и некое логично мисслење али сите овие години како тие вонземјани се појавуваат само во незнам Америка,Кина...посебно во Америка и од сето тоа прават нешо големо као напад од вонземјани во 2012...па засто тие досеа не се појавиле ?
 
Немора да значи дека ако ги има мора да се појават..
Од милијарди планети не е логично само на една да има живот...
Вонземјаните ги има...само не во нашиот сончев систем....тие се некаде далеку од нас....
 
Значи да голема е веројатноста за тоа....али едно што најмногу мразам е тоа што го оптеретуваат светов со такви работи у последно време,напади од вонземјани,пронајдени костури,вселенски летала....ма без врска само незнам зашто коа е нешто толку сериозно зашто никад не излегло во јавност некое откритие и некој да го потврди тоа туку се врти само по нет....има во денешницава наша и поопасни работи од вонземјани ние самите сме поопасни и од нив со тоа што си го правиме меѓу нас...:\
 
Комплетно те подржувам..а во јавност...тешко дека ке излезе...и да откријат нешто..тоа ке си остане тајна..и ке ја знаат само големите корпорации...
 
Па нормално големите корпорации како и секогаш можиме и са очекуваме и да се во сојуз со самите вонземјани (ако постојат се разбира)
 
Вонземјани мора да постојат...Сите ѕвезди што ги гледаме на небото се Сонца..околу секое сонце има сончев систем од неколку планети..
Од толку многу планети..мислите дека само ние сме?

Да, многу точно. Тоа и јас го зборувам. И плус од кај знаеме дека на вонземјаните им се потребни истите услови за живот? Можеби на нив не им треба вода,воздух или пак светлина? :)
 
Анчи1 токму така...ние знаеме дека постојат...а во кој облик,какви услови им требаат,технологија....итн...не знаеме за нив..
Сеуште не е ни научно докажано дека постојат...али ги има..и тука се негде...само не се знае дали и кога ке се појават.
 
Има математички метод на пресметка на веројатност да постои живот во универзумот а се земаат предвид системи слични/идентични како нашиов и резултатот е дека не е можно да сме само-тоа не е Можно.
 
Да, многу точно. Тоа и јас го зборувам. И плус од кај знаеме дека на вонземјаните им се потребни истите услови за живот? Можеби на нив не им треба вода,воздух или пак светлина? :)

gore dolu soglasno toa deka organskiot materijala stignal na zemjata preku bombardiranje na kometite, relevatno e deka vonzemskiot zivot bi bil do nekade slicen na zemskiot ne tolku ali nekoi razliki ce ima.
 
Па постојат.
Логично е!
Не е можно само ние да сме сами во ЦЕЛА вселена :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom