Волонтери со плата 4 000 денари, низ цела Македонија.

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Се е тоа во ред и се согласувам. Ама, државни професии? :unsure:
Што те чуди постојат цели факултети како Филозофски кои се врзани исклучиво со државна работа. Ако нема потреба државата од таков кадар нека ги стави во мирување и решен проблем.
 
Јесте да, ама тогаш можеби треба со време да почнат да размислуваат да ја сменат струката... Кој вика дека струката е вечна и дека формалното образование мора да ни го обликува животниот пат? Не знам за тебе, ама јас ако мака мачам да најдам работа по струка ќе си речам „тибам струката и тибам глупиот избор што го направив“ и одма барам друга работа. Тоа ти е исто како со девојка. Ако цело време ти мава корпи, има ли поента да продолжиш да ја бркаш? А тоа дали некој се „изживува“ со волонтерите или не е индивидуална проценка. Некој може да го протолкува и како добра работа - им даваат по некој денар за тие што не успеале да се вработат.

И тоа се во ред, меѓутоа струка како лекар, каде што си потрошил 10тина години од животот (со денешниот животен век, една петтина/шестина од животот), повеќе од 10000 евра, и на крајот да речеш пу пу не важи, ајде ќе одам ќе учам за заварувач? Има струки кои што можеш (и има смисла) да ги смениш, ако видиш дека не оди, има некои за кои мора да се обрати повеќе внимание... Да сум јас на власт, одма би ги затворил правниот и економскиот факултет на 10 години, но државата се жали дека имало недостиг на лекари па ќе сме увезувале од србија, а во исто време лекари од кај нас секојдневно заминуваат за германија итн... во најмала рака тоа е лицемерно. Еден лекар (според мене) не може ни со редовна плата тука кај нас да ги „покрие“ трошоците што ги дал за време на студиите (било материјални здравствени итн), а камо ли со плата од волонтирање.

Е сега, според тебе, не треба никој ниту да помисли да се запиши на медицина, или пак тие што се запишале едноставно да речат ајде сега не оди медицината ќе одиме ќе поврзуваме кабли за 10000?
 
Е сега, според тебе, не треба никој ниту да помисли да се запиши на медицина, или пак тие што се запишале едноставно да речат ајде сега не оди медицината ќе одиме ќе поврзуваме кабли за 10000?
Апсолутно не, меѓутоа, ако некој веќе 8 години зема плата од 4.000 денари, нели е подобро да поврзува кабли за 10.000?
Патем, зарем поврзувањето на кабли треба да биде „срамна“ работа? Ако за ништо друго, вреди да се обидат затоа што во следните 8 години (колку што потрошиле на волонтирање) ќе земат повеќе од пола милион денари повеќе... :)
 
Дали некој ги принудува на нешто?
Не? Епа, случајот е затворен.

Имај на ум дека ако почнеш со нешто од типот „тешки времиња“, „мора леб да се јаде“ и тн. - Всушност и ти ја поддржуваш оваа беда и нивната пропаст. Секој може да најде друга работа за факинг 10 илјади денари (што е далеку повеќе од 4к). А не па „асистенти“ на факултет.
Ouuuu yeah!!!
10.000 денари !

Тоа е суштината. А не дали и зашто работат за 4к.
Суштината е што може да бираат помеѓу 10к и 4к.

Но, за среќа има и друг избор. Повеќе за него во темата: Aуфидерзен...
 
Ouuuu yeah!!!
10.000 денари !

Тоа е суштината. А не дали и зашто работат за 4к.
Суштината е што може да бираат помеѓу 10к и 4к.

Но, за среќа има и друг избор. Повеќе за него во темата: Aуфидерзен...
:)))
Прво, никаде не реков дека изборот е помеѓу 4 и 10 банки.
Камо да беше изборот сведен на : 4K, 10K, 45K и 120K, сите одма ќе го изберевме последното :)
Суштината е дека изборот се сведува на тоа: Дали ќе трпам да работам толку долго за 4к и покрај тоа што знам дека најверојатно никогаш нема да ми дадат повеќе (или ќе ми фрлат + некоја трошка) и Ќе почнам да барам друга работа.
 
Јас кога волонтирав дури студирав ми плаќаа 3000 месечно, ама работев 10 сати неделно, а не полно работно време.
 
Не сакаат бугарски пасош епа нека работат за 4000 ден. :icon_mrgr:
Многу млади има по државните институции што се влезени во филм дека еден ден ќе бидат којзнае што, а платата им е колку да си купат доручек и за викенд едно пиво. Важно пола година им е неработна, а во приватно тоа го нема.

Секој ден одат во штабовите и ги лажат дека ќе ги вработат и на крај остануваат со празни раце. Но никако да го разберат ова дека ако немаш кој да те штити цел живот ќе го собираш ѓубрето што останало од оние над тебе. :icon_lol:

Има многу подобри опции и програми за сезонска работа во странство и ако нема работа на нивната струка нека бараат друга. Но овие или се неспособни и мрзливи или мозокот им е испран што со години работат за тие пари.
Ај тие над 50 години да ги разберам ама да си под 30 год и да си го губиш времето за тие пари. o_O
 
Нема таква беда која може да те натера да работиш за 4.000 денари. Проблемот е тоа што тие ,,волонтери,, и не се волонтери односно истите не работат таму за да ја научат работата ниту пак од алтруизам. Никој не сака да чисти гомна во болница од алтруизам. Сите тие се таму затоа што се надеваат дека ке бидат вработени но тоа не оди баш така како што си мислат. Никаде нема правило дека кога ке се отвори некое работно место во институцијата каде тие волонтираат директорот е должен да вработи некој од волонтерите или нешто слично. Кога се отвора работно место се знае како оди примањето (законска проформа + партиска одлука) и тука никој не им е крив. Ги подржувам сите волонтери кои волонтираат за да нешто научат од работата а сите останати не се волонтери и подобро нека се фатат за вистинска работа и нека не се жалат дека земаат 4000..
 
барем да имаше ова некој закон, после одредено време волонтирање да имаш ако ништо барем предност за вработување како и што треба да е во секоја нормална држава, јас имам волонтирано во две државни институции и знам како е, никој не те рецка ако не си со врски, а и знам луѓе што одат со години редовно волонтираат со некоја „лажна“ надеж за жал
 
Во ова наше мало место што никој не знае што е, а е далеку од држава се е можно.....
А јас да примам 10 волонтери во фирмава да ми работат за 4к ќе ме затворат инспекториве за еден ден
..хммм останува нејасно зошто неможе да има волонтери во мали фирми??? ..не мора волонтери , нека се викаат чираци. Или има таква можност:unsure:
 
..хммм останува нејасно зошто неможе да има волонтери во мали фирми??? ..не мора волонтери , нека се викаат чираци. Или има таква можност:unsure:
Ако се воведе тоа после треба да вработат и 1000 инспектори да проверат дали тие чираци се навистина чираци или...
 
Како прво и основно, кај нас грешка е поставен и разбран концептот за поимот волонтер. Волентерите не може да бидат вработени и да земаат плата. Волонтерската работа е доброволна, се прави од љубов, задоволство и општествена корист и најчесто нема никаков паричен надоместок за неа. Во Македонија постои закон за волонтерство, што кога ќе размислам убаво, е донесен баш за да се искористуваат ваквите очајни луѓе, кои се надеваат на стално вработување после волонтирањето. По тој закон, институцијата каде што се врши волонтерската работа, е должна на секој волонтер да му покрива патни трошоци и хранарина, кои се нешто помалку од 4000 денари. Исто мора секој волонтер да поседува волонтерска книшка, која ќе биде заверена во Министерството за Труд и Социјална работа и истата таа треба да му служи за понатаму кога ќе му биде потребен стаж до пензија. Не знам како и колку точно временски овој стаж се пресметува.
Е сега прашањето ми е, колку од овие таканаречени волонтери поседуваат ваква книшка, во која се бележи нивниот волонтерски стаж?
И не ми е јасно зошто очекуваат вработување после волонтерската работа? Кога волонтирањето е сосема различен концепт од она што нас ни го продаваат. Знам партиски игри и ветувања и надежта последна умира, ама од 4000 денари не се живее. Па и по неколку години да чекаш и само тоа да ти бидат единствените примиња што ги остваруваш. Не знам глупи ли се, имаат ли многу врски па знаат оти ќе ги вработат или живеат во некој имагинарен свет. Стварно не ми се јасни. Убаво рече Ацид, сменете професија ако не можете да најдете работа со вашето формално образование. За минимум 10000 било каква работа можеш да најдеш. Може личната сатисфакција нема да е иста, ама мора од нешто да се живее.

П.С. Не ми се верува колку ми се измени ставот низ годините. Кога реалноста ќе те плесне у лице, тешко оти можеш да продолжиш да сонуваш и веруваш во идеални вредности и да не изгубиш надеж за да го правиш тоа што го сакаш и веруваш во истото и да бидеш добро платен за тоа.
 
Волонтирање за 4000 денари разбирам само како привремена работа.
-да стекнеш работно искуство
-да оствариш контакти во струката што си ја одбрал
И ова опрабдувам само ако се работи за некои ограничен период, додека да најдеш вистинска работа. Инаку, ако работиш со години за смешни пари, треба да си глуп

Ако гледаш дека во твојата струка, едноставно нема перспектива ( па која сака професија нека е ) едноставно мењај струка
Работата што ова волонтирање мислам дека можеш да го сретнеш само во буџетски институции, каде сите се надеваат дека ке добијат решение на неопределено и после ке можат да го дрват до пензија. Ретко сум сретнал некој да волонтира во производство или во приватна фирма.

Инаку, самата промена на професија не е ништо страшно, на крај работата ти е да ти овозможи финансиска сигурност на прво место.
Еве некои примери од комшии
И јас лично познавам еден куп луѓе што се преорентирале во животот. Знам за дипломиран економист што работи како бербер, знам за дипломиран градежен инженер што го наследи занаетот од татко му и работи како плочкар...Интересно , ама повекето заработуваат надпросечни примања.
Што е многу пшодобро од тоа да висиш по буџетски институции за 4000 денари месечно, нели...
 
A bogami interesno kako toa vo drzavni ustanovi i pretprijatija dozvoluvaat volontersko rabotenje, a vo privatniot sektor ne?
Kakva prevara, ova e moguce samo vo Makedonija.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom