Волонтери со плата 4 000 денари, низ цела Македонија.

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Ме чуди како никој од медиумиве, нормално што не се контролирани од власта, не направи некоја сторија, истражување или што и да е, да се стави акцент на ова работа....Јас лично познавам неколку луге што работат во болницата во Кочани со години, демек волонтери за 4000 денари, а всушност ја вршат целата работа таму. Исто така и асистенти на универзитетот Гоце Делчев работат со статус волонтери за 4 000 денари а се всушност асистенти на факултетот....И до кога ке се надеваат овие луге .....
 
Лажат бе се е ова измислици, зарем има некој што верува во ова. :coffee:
 
Лажат, нема такви будали што може да работат за тие пари.
 
Последно уредено:
И до кога ке се надеваат овие луге...
Дали некој ги принудува на нешто?
Не? Епа, случајот е затворен.

Имај на ум дека ако почнеш со нешто од типот „тешки времиња“, „мора леб да се јаде“ и тн. - Всушност и ти ја поддржуваш оваа беда и нивната пропаст. Секој може да најде друга работа за факинг 10 илјади денари (што е далеку повеќе од 4к). А не па „асистенти“ на факултет.
 
Волонтер е фина работа, одлика на културни , богати и организирани општества. Никогаш не може да биде со материјална или егсистенцијална намера....тогаш во најблага смисла е нечовечно искористување на бедата, посебно кога е користена, неважно од кога... во форма на лажна надеж.
Се волонтира и со цел да се научи нешто, да се стекне некое реално искуство илити пракса како дел од сопственото образование. Или со желба да се поддржи нешто во кое се верува, од борба за слобода , политичка опција до аеромитинг, рок концерт или немоќни и стари.
Волонтирање после студии во болница е позната работа насекаде, а и други струки го бараат тоа, ама и инситуцијата традиционално.. им компензира превоз, храна и некоја нужна опрема.
Но тоа трае дефинирано време и не може да биде уфилмуење или пак јадица со ветување за вработување што е буквално безобразно искористување на некого.
Асистент волонтер ??? за стално??? није ваљда до таму стигнато??? Тогаш некој намерно или ненамерно нешто неразбрал или се прави недоветен.
А нашиов Хемиски Ангел очигледно води љубов најкапиталистички ко да шмркнуе експресо, или само овде тоа си се праи важна ;)
 
Дали некој ги принудува на нешто?
Не? Епа, случајот е затворен.

Имај на ум дека ако почнеш со нешто од типот „тешки времиња“, „мора леб да се јаде“ и тн. - Всушност и ти ја поддржуваш оваа беда и нивната пропаст. Секој може да најде друга работа за факинг 10 илјади денари (што е далеку повеќе од 4к). А не па „асистенти“ на факултет.

Покомплициран е случајот од едноставното прашање „Дали некој ги принудува на нешто?“... Бедата ги принудува на тоа нешто. Од една страна да, знаеш во што влегуваш, знаеш колку ќе земаш плата и што се ќе работиш, во тој случај твоето прашање е логично. Од друга страна, си учел 6 години медицина, 3-4 години специјализација (или 4 години факултет 2 години магистратура) и нормално ќе сакаш да работиш по струката, и логично е да прифатиш 4000 со надеж дека можеби во иднина ќе почнат да те ценат, или да одиш на лента во Кромберг и Шуберт или во Дрекслмаер и да рмбаш за 10000. И едното и другото е логично/нелогично, се зависи од личноста. Проблемот е што власта го користи овој проблем и се изживува врз оние кои го избрале втората логичност/нелогичност.
 
Ќе цитирам човек со душа во врска со оваа тема: Децана сета работа ја бркаат, а јадат само смоки од пет денари.
 
Чисто и јасно ко солза нема тука нешто нејасно o_O

Кој му е крив што одат за 4000 денари???
Со сила ги тера некој ????
Ако се надева на вработување демек еве јас волонтирав и гледа дека нема никакви шанси не знам што кукаат,ајт врата затворија и не оди повеке.
Простотулук демек еј еве волонтирам години месец и ај сега клајме на работа а ???
Ако некој му обекал вработување после толку и толку време а волонтерот гледа дека нема ништо од тоа не знам зашто треба да се буни едноставно нека си замини.
Бај д веј Битола има повеке волонтери од вработени и тоа од секаде и се понашаат како газди да се било во општина било во администрација било на болница
Море скапете мамето ваше !!!!!
 
не ги жалам затоа што влегуваат со врски како волонтери за да си се вработат и да се обезбедат за цел живот во државна институција (што и успеваат на крај). Не дај боже некои од тие волонтери да им кажеш нема да те вработиме после ќе пцујат и држава и се а забораваат дека со врски биле примени и како волонтери...тоа е...нема потреба никого да жалиме сите знаат што прават и во што влегуваат. Ајде продолжуваме соработа доста муабети.
 
Дали некој ги принудува на нешто?
Не? Епа, случајот е затворен.

Имај на ум дека ако почнеш со нешто од типот „тешки времиња“, „мора леб да се јаде“ и тн. - Всушност и ти ја поддржуваш оваа беда и нивната пропаст. Секој може да најде друга работа за факинг 10 илјади денари (што е далеку повеќе од 4к). А не па „асистенти“ на факултет.

еее ама замисли тој е асистент, па макар и со 4000 ден.
 
Во ова наше мало место што никој не знае што е, а е далеку од држава се е можно.....
А јас да примам 10 волонтери во фирмава да ми работат за 4к ќе ме затворат инспекториве за еден ден
 
Покомплициран е случајот од едноставното прашање „Дали некој ги принудува на нешто?“... Бедата ги принудува на тоа нешто. Од една страна да, знаеш во што влегуваш, знаеш колку ќе земаш плата и што се ќе работиш, во тој случај твоето прашање е логично. Од друга страна, си учел 6 години медицина, 3-4 години специјализација (или 4 години факултет 2 години магистратура) и нормално ќе сакаш да работиш по струката, и логично е да прифатиш 4000 со надеж дека можеби во иднина ќе почнат да те ценат, или да одиш на лента во Кромберг и Шуберт или во Дрекслмаер и да рмбаш за 10000. И едното и другото е логично/нелогично, се зависи од личноста. Проблемот е што власта го користи овој проблем и се изживува врз оние кои го избрале втората логичност/нелогичност.
Јесте да, ама тогаш можеби треба со време да почнат да размислуваат да ја сменат струката... Кој вика дека струката е вечна и дека формалното образование мора да ни го обликува животниот пат? Не знам за тебе, ама јас ако мака мачам да најдам работа по струка ќе си речам „тибам струката и тибам глупиот избор што го направив“ и одма барам друга работа. Тоа ти е исто како со девојка. Ако цело време ти мава корпи, има ли поента да продолжиш да ја бркаш? А тоа дали некој се „изживува“ со волонтерите или не е индивидуална проценка. Некој може да го протолкува и како добра работа - им даваат по некој денар за тие што не успеале да се вработат.
 
Дали некој ги принудува на нешто?
Не? Епа, случајот е затворен.

Имај на ум дека ако почнеш со нешто од типот „тешки времиња“, „мора леб да се јаде“ и тн. - Всушност и ти ја поддржуваш оваа беда и нивната пропаст. Секој може да најде друга работа за факинг 10 илјади денари (што е далеку повеќе од 4к). А не па „асистенти“ на факултет.
Проблемот е што се надеваат дека по некое време ке добијат договор за работа, и затоа продолжуваат. Нормално секој би сакал на струката да се вработи, медицински сестри итн... Никој не ги принудува на ништо, но тоа не треба да го оправдува односот на институциите и користењето на можноста да бидат вработени како волонтери.... Не е етички како прво, а од друга страна тоа се државни професии, и државата не треба така да се однесува кон сопствениот народ.. Проблемот е и во законот, кој ако сака, државата може да го смени, на пример да го ограничи волонтирањето, или друга мерка со која ке се оневозможи злоупотребата на оваа мерка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom