Волан од лево или десно?

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување

Лев или Десен Волан

  • Вкупно гласачи
    112

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Веб-сајт
www.youtube.com
Според вас (се разбира ако сте имале искуство) на која страна е подобро да стои воланот, на Лева (како во Македонија) или на Десна (како во Англија)?

Ве молам прави мислења и да нема мислења од типот „цел свет е на Лева“... лично мислење за тоа од која страна треба да е воланот на сите коли во светот.

п.с. За помладите и неуките: Правецот на движење се менува во зависност кој систем е присутен во дадената држава.
 
Само неколку да набројам.

Лев Волан: Европа(Вклучувајки ја и Македонија), САД, Канада, Мексико...
Десен Волан: Англија, Австралија, Јужна Африка, Јапонија, Индија...
 
Десен Волан: Англија, Австралија, Јужна Африка, Јапонија, Индија...
Да те дополнам ако може : Малта, Кипар...
Иако не сум возач, ќе објаснам и како дошло до тоа да се вози во некои држави по левата страна на патот а со тоа лев и десен волан :
Сето ова датира уште од старите времиња кога луѓето патувале со коњи. Многу луѓе се деснаци и нормално е дека повеќе одговара да се вози по левата страна особено ако си на коњ и ако ти затреба десната рака да го држиш мечот во слушај на неволја. Но зошто и остатокот на светот не го применува ова?
Поради Наполеон Бонапарта. Кога поминувал низ Европа, лично инсистирал неговата армија да маршира на десната страна и го наметнувал ова правило секаде каде што поминал. Во 20-от век, Хитлер го сторил истото. Во секоја земја што ја заземал, наредувал да се постават знаци : "Rechts fahren".
Денес има вкупно 50 земји во светот кои возат од левата страна на патот, повеќето од нив се Британски колонии.
 
Meне најубаво ми е воланот да е на средина...како Миг21, како Ф16...како формула 1...хихихих
 
свеедно кој знае да вози знае кој не знае нека си вика тахи:baeh:
 
Зависно во која земја сум т.е од начинот на возење (десно или лево) би возел кола со лев или десен управувач, едноставно на тој начин ќе биде полесно возењето, на пример кај нас едноставно грдо изгледа да возиш кола со волан на десно, цело време ќе зјапаш во ендеци и провалии :)
 
Волан од лева страна е по добар за деснаците, кои се убедливо мозинство, поради тоа што можат со десната рака да ракуваат со менувачот и радиото. А подобра координација имаат со десната рака.
Ама ако уште од почеток си учел на волан од десна стрна ќе се навикнеш и со лева да менуваш брзини и да ракуваш со радиото.
 
за членот над мене па да ракуваш со радиото и не е баш една од примарните работи во возењето
 
за членот над мене па да ракуваш со радиото и не е баш една од примарните работи во возењето
Покрај радиото се и командите за вентилација односно клима уредот на возилото, а да не ја спомнувам и рачната кочница, која за некој деснак е многу полесно да се контролира отоклку со лева, а факт е дека повеќе од 75% од населението се деснаци кај нас.
А за радиото, не бери гајле, денес скоро сите нови автомобили имаат команди на волан за радио.
 
Да те дополнам ако може : Малта, Кипар...
Иако не сум возач, ќе објаснам и како дошло до тоа да се вози во некои држави по левата страна на патот а со тоа лев и десен волан :
Сето ова датира уште од старите времиња кога луѓето патувале со коњи. Многу луѓе се деснаци и нормално е дека повеќе одговара да се вози по левата страна особено ако си на коњ и ако ти затреба десната рака да го држиш мечот во слушај на неволја. Но зошто и остатокот на светот не го применува ова?
Поради Наполеон Бонапарта. Кога поминувал низ Европа, лично инсистирал неговата армија да маршира на десната страна и го наметнувал ова правило секаде каде што поминал. Во 20-от век, Хитлер го сторил истото. Во секоја земја што ја заземал, наредувал да се постават знаци : "Rechts fahren".
Денес има вкупно 50 земји во светот кои возат од левата страна на патот, повеќето од нив се Британски колонии.

Благодарам ме спаси од пишување историја надвор од историскиот подфорум. :smir:
 
Волан од лева страна е по добар за деснаците, кои се убедливо мозинство, поради тоа што можат со десната рака да ракуваат со менувачот и радиото. А подобра координација имаат со десната рака.
Ама ако уште од почеток си учел на волан од десна стрна ќе се навикнеш и со лева да менуваш брзини и да ракуваш со радиото.

Се согласувам со тебе.
Само да додадам дека менувачот на брзини останува ист каде и да си во светот. т.е. каде што од лева ти се блиски ниските брзини 1ва,2ра,3та од десна страна тие ти се подалеку. Ова значи дека во метеж малку не е угодна комбинацијата Десен Волан-Менувач. Малку мускули треба. :tv:
 
не треба мускули, туку треба фитнес загревање пред секое возење случајно да не истегнеш мускул ставајќи во прва.
 
Лево бре... Не ми е јасно зошто Британците (и нивните колонии) мораат во нешто да се разликуваат од светот... Според мене треба да се направи унификација на возењето и да се профати возење од иста страна, насекаде во светот.

Инаку сум пробал возило со волан од десно, и глупо е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom