Нема оправдување, возел повеќе од дозволеното, претицувал на пешачки, и направил сообраќајка со смртни последици.
Да си е фин дечкото како што го правите овде, ќе си одлежи едно 10 години и ќе си свирка после.
Сега ќе се бараат врски, подмитувања, дупки у законите и нема ни да биде казнет освен овој притворов.
Ни 10% не се тие што згазиле човек, а да се нормални луѓе, без бесна кола и врскаџии.
Виновни се сѐ некои вакви мамини и татини синчиња, со џипови купени пошо наполниле 18-20 години.
И како за беља, газат обични луѓе, без никакви врски и пари да поткупат некој.
Луѓето пишувале и ќе пишуваат гневни коментари, бидејќи им е смачено од неправди. Ни прв, ни последен случај кој ќе помине со минимална казна или сосема неказнето.
Се под 10 години затвор за мене ќе биде исто како да го наградиле.