Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално е многу тешко да добиете возачка дозвола па дури и да сте нечиј татин син од владата, но последиците од тоа што секое копито дојде до возачка дозвола пред некоја година се чувствуваат сега.
Казните воопшто не се мали и полицијата навистина доста казнува но за некои е едноставно попусто.
Републичкиот совет за безбедност на собраќајот и патиштата направи неколку спота и одеа доста време на националните телевизии.


Need For Speed игрицата некој ја има сфатено премногу сериозно
 
Need For Speed игрицата некој ја има сфатено премногу сериозно
Да, голема вина имаат младите возачи.
НО, што правиме со сите оние адреналински зависници кои немаат апсолутно никакво место за таква разонода?
Апел до владата и до сите институции ако сакаат да се тргнат сите оние кои сакаат брзо возење од улиците, да се инвестира во (бидејки тркачка патека е премногу) смрдливи 1 километар асфалт!
 
Да, голема вина имаат младите возачи.
НО, што правиме со сите оние адреналински зависници кои немаат апсолутно никакво место за таква разонода?
Апел до владата и до сите институции ако сакаат да се тргнат сите оние кои сакаат брзо возење од улиците, да се инвестира во (бидејки тркачка патека е премногу) смрдливи 1 километар асфалт!

Веќе подолго време посебно летен период обиколницата е стаза за трки. Инаку ова со жртвите јас мислам дека клучни се две работи подобри патишта и поголема едукација.
 
Лоша работа видов денес не ми се веруваше.. Ќе мора едно граѓанско здружение да се формира по оваа тема.
 
Војната на патиштата продолжува. За жал, на и онака неповолната демографска структура на населението се повеќе млади луѓе ги губат животите на патиштата низ државата.
МВР наводно спроведува кампањи за зголемување на безбедноста, но резултатот е никаков. Што треба и што може да се направи за да се промени ваквата состојба??
Еве некои наслови од сообраќајни несреќи кои се случиле во текот на овој месец. Во претходните месеци се случија тешките сообраќајки кај Куманово и Кочани.

Најмалку 11 лица повредени во сообраќајка во Волково

Тројца повредени во сообраќајка кај Континентал

Со трактор паднал во канал и починал - несреќа во Струмичко Радово

Моторџија загина во тешка сообраќајка во Охрид

Возач повреден во сообраќајка кај Охрид

Татко и три сина од Тетово повредени во сообраќајка во Албанија

Во сообраќајка во Неготино, повредени двајца мажи

Во сообраќајка загина прилепчанец

Сообраќајка кај охридското село Ботун, повредени три лица

Загина дете кај Неготино, неговите родители и сестра тешко повредени

ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ ОД УДАР НА ВОЗ КАЈ РАТАЕ

Велешанец згмечен од трактор

Загина моторист кај Лозово

Битолчанец загина, државјанка на Грција е повредена во сообраќајка кај селото Жабени

Сообраќајка на Стража, еден повреден

Кумановчанец прегазен од својот трактор

Осуммина повредени, меѓу кои и деца во тешка сообраќајка кај Гостивар

15 годишно момче е повредено во сообраќајка на крстосницата Дујле

19-годишно момче од Сушица загина во сообраќајка

Загина момче во сообраќајка кај Кичево

Осумгодишно дете загина во сообраќајка во Битолско
 
Едно се прашувам, гледам меѓу овие нема ниту еден велосипедист:).Колку и да е поскапено горивото луѓето упорно се развозуваат со своите автомобили и скутери,непрописно возат,сите брзат некаде,а и особено меѓу жртвите еден добар дел се во раните дваесетти.Па зар толку сме имотни како народ,за да си го дозволиме тоа?Државата и власта не прави никаков посебен напор за да ги стимулира луѓето да се вратат кон своите велосипеди,особено само еден ден во годината кога и Градоначалникот Трајановски дава пример,ама тоа е само тогаш за тогаш.Но се е поради акцизата на горивата од која и државата го полни буџетот,а додека од велосипедите не добива ништо.
 
Колку многу несреќи за неполн месец. Страшно. :(
 
возачка дозвола да се добива на 22 години и многу построги казни за прекршителите почнувајќи од одземање на возило се до затворска казна.
 
возачка дозвола да се добива на 22 години и многу построги казни за прекршителите почнувајќи од одземање на возило се до затворска казна.

Шансата да остане жив прекршителот е многу мала па за да лежи затворска казна.Треба да се стимулираат луѓето барем во градското подрачје да не користат автомобили или мотори,да биде дозволено само јавен превоз,такси или велосипеди.Другото се да оди преку обиколница.Така барем метежот би се намалил и веројатноста за сообраќајни несреќи би била минорна.
 
ВОЈНА...точно кажано, војна во која се губи животот...
со самото завртување на клучот, објавуваш војна на животот
војна во која понекогаш и немаш противник,сам си одлучуваш за себе,
ама и војна во која гинат и недолжни со подигнато бело знаме.
 
се додека на автопативе се практикува мерење на полови органи меѓу шоферишта ќе се случуваат вакви работи.

настрана тоа што инфраструктурата е очај жив
 
Ејјјј.... патиштата се такви какви што се. Секој возач мора да се прилагоди на условите. Вината во патиштата неможе да се бара.
Проблемот е во самите возачи кој не размислуваат, глумат шоферишта првокласни, зборат на мобилни, препотентни, безобѕирни, нафурани....и се така набилдани додека не излезат од автомобилот. Потоа повеќе неможете да го познаете човекот. Се смирува....повторно се претвора во оној губитник кој бил пред да се качи во колата.
Инаку станува тренд кај возачите додека се движат, да не застануваат со колите, па заобиколуваат пешаци на пешачки, преминуваат во спротивни ленти надевајќи се дека тој што надоаѓа е подобар возач од нив и некако ќе ја спаси ситуацијата.
Да да, многу имаат возачка дозвола а не би требало да ја поседуваат. Е тие ќе прават бељи....многу многу бељи. Ама кажи му дека незнае да вози и очите ќе ти ги изваи:)
 
точно така, вината никако не смее да се бара во патиштата. Како на пример за да заобиколиш дупкиште што мораш или да влезеш во друга лента што е изложување на ризик или да се збогуваш со гумите.

тоа никако не е минус за патиштата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom