Воен Удар во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Цццц како крвнички ги тепаа војниците еј... стварно народот е со испран мозок и со крв ја бранеа власта на Ердоган.

Гледам многу млади војници и кружат многу прашања какви војници се овие со чудни униформи и бели маички.
 
CnfswgTXYAETnCg.jpg
 
Интересно е што повикот за останување на народот на плоштадите и улиците од страна на премиерот и од султанот (преку смс :facepalm: ) важи и за оваа ноќ. Предупредуваат на можност од нов пуч уште денеска. Преку смс пораката Ердоган се заблагодарил на сите вахабии, џихадисти, ИСИЛ и Бачето од Кајгана форум за безпоштедната поддршка во овие премрежја.

Инаку на страна овие слики од наводно малтретирање, имаше и слики со „пријателски“ предавања на оружјата и гушкање што исто е многу сомнително и уште повеќе наведува во правец на „сценирани“ настани.
 
За буричкање по вреќи со гласачки ливчиња, за претепување на луѓе на ден на избори и издавање на лични карти на луѓе чија адреса ја делат 100 души за каква казна е?
Neznam ke vidime so Causot...
 
Не мислиш дека малку го преценуваш тикварот исламистички ? Земја која има конфликти со соседите (Сирија), внатрешно е етнички поделена не само на Турци vs Курди, туку и на Турци vs Турци покажува дека државниот апарат нема сила докрај да ги држи под контрола тие конфликти и прескапо ја плаќа унитарноста и конвертирањето во исламска република.

Плус еден куп утнати потези на надворешно политички план како рушење на рускиот авион. Со вакви проблеми може само да сонува дека ќе ја воскресне Отоманската Империја или ќе возобнови некаков турски калифат.
Не звучи малку преамбициозно на оваа држава во која од ден во ден има се повеќе конфликти и се повеќе промашени чекори на надворешнополитички план да и се предвидува иднина и успех какви што постигнаа Османлиите?

Време момци, време. Вие гледате за наредните 2-3-5,па нека се и 10 години. Ова поетокот, никоја империја не била изградена преку ноќ. На нас можеби сето тоа ни се чини како брзо да идело,ама во прашање се векови. Битно Ердоган го постави патот за тоа.
Со тек на времето ќе се ослободи од секуларистите и социјалистите, па ќе дојдат на ред и Курдите.
Малце тргна преамбициозно и почна да зема поголеми залаци овие неколку години, но од денеска практички елиминира еден противник.

Башка за нас ситната боранија од Балканот кој што на економски, воен, политички и демографски план ќе дојде на најниски гранки во историјата во наредните неколку децении и оваква Турција е опасност. Не сум будала, јасно ми е дека ние,а и генерацијата на нашите деца нема да живеат во “турско' време,но за после не би бил така сигурен. Инаку да се разбереме турско не мора да значи и физичка окупација од страна на Турците.
 
Време момци, време. Вие гледате за наредните 2-3-5,па нека се и 10 години. Ова поетокот, никоја империја не била изградена преку ноќ. На нас можеби сето тоа ни се чини како брзо да идело,ама во прашање се векови. Битно Ердоган го постави патот за тоа.
Со тек на времето ќе се ослободи од секуларистите и социјалистите, па ќе дојдат на ред и Курдите.
Малце тргна преамбициозно и почна да зема поголеми залаци овие неколку години, но од денеска практички елиминира еден противник.

Башка за нас ситната боранија од Балканот кој што на економски, воен, политички и демографски план ќе дојде на најниски гранки во историјата во наредните неколку децении и оваква Турција е опасност.
Како мислиш Ердоганија да се издигне во неотоманска велесила ако е постојано во хаос и нестабилност?

Се согласувам со тебе дека после оваа пирова победа на Ердоган земјата дополнително ќе се исламизира на внатрешно - политички план. Меѓутоа надворешно со ваков хаос и постојана политичка нестабилност тешко дека ќе може да се издигне. Не за друго, економски ќе биде многу исцрпувачки.
 
Како мислиш Ердоганија да се издигне во неотоманска велесила ако е постојано во хаос и нестабилност?

Се согласувам со тебе дека после оваа пирова победа на Ердоган земјата дополнително ќе се исламизира на внатрешно - политички план. Меѓутоа надворешно со ваков хаос и постојана политичка нестабилност тешко дека ќе може да се издигне. Не за друго, економски ќе биде многу исцрпувачки.
Кога не било политички нестабилно тоа подрачје ?
Ердоган не извојува пирова победа, туку целосна победа. Со еден потег се ослободи од целата опозиција во сите државни институции. Полицијата е негова веќе долго време, сега ја зема војската, можеби најсилната институција во Турција. Судството денес го подбра и не случајно денеска апси судии и обвиниители.
Парламентот и општините со исклучок од тие скроз на западот ги контролира. Со населување на сељаците од Анатолија во Истамбул и него целосно го контролира.

Сега во земјата единствен противник што му остана се Курдите. Со нив некако ќе се снајде. Ако ништо друго тие се единственото нешто што и секуларистите и исламистите во Турција што мразат повеќе од другиот и лесно е да ја обединиш Турција против нив.
Во исто време спроведувајќи происламска политика може да ги придобие на своја страна порелигиозните елементи на Курдите.
 
kollku ispadnaa druzhe stotina, ili stotina iljadi?

Војската има уставно право во Турција да реагира во случај кога смета дека секуларизмот и другите принципи на модерна Турција се нарушени.

Неколку поранешни турски премиери имааѕ добиено ултиматуми од војската или пак соборени со воен удар.

Ердоган до сега имаше 5-6 акции во последните неколку години кога испоапси еден куп на генерали оти знаеше неговата политика што може да доведе. Да не беше така друга песна ќе им се пееше на муџахедините по улици.

П.С.

И за Хитлер гласаа 99% од германскиот народ дур го полнеше Дахау со политички неистомисленици.

А и настанов е интересен.

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Reichstag_fire
 
Членка на НАТО - е клучот што уште го чува Ердоган безбеден.

Да не беше Турција член на алијансата немаше да стига толку поддршка од лидерите на големите играчи.

Не ги интересира нив внатрешната состојба во Турција. Односно Турција со својата војска од еден милион (активни и резервни) војници кои се на располагање на НАТО е втора најбројна во алијансата и е пребитен играч ради што може човековите права и внатрешниот калифат на Султанот да бидат ставени под тепих. Не е ова Унгарија или Бугарија па да е лесна работата.

Се дури Ердоган не прави големи надворешни проблеми ќе го толерираат. А дури е во пактот полесно им е да го чуваат, иако веќе реално почна многу да ги руши односите со нив. И мое мислење беше дека САД + западот го имаат помогнато ова, но на крај се сведе на две варијанти:
1. Сопствено лудо сценарио креирано од Ердоган
2. Пуч спроведен од последните кемалисти во армијата кои биле гадно насанкани од блиски на Ердоган и навлечени на ова давајќи им лажна надеж за храброст.

Е сеа ако продолжи султанов да се дружи со Путин, ќе биде весело и НАТО ќе биде ставен на предизвик
 
Членка на НАТО - е клучот што уште го чува Ердоган безбеден.
Не НАТО, туку силната армија и влијанието на турција во Исламскиот свет.
 
Хит ми е што Ердо ги забрани уличните протести и ги цензурираше социјалните медиуми а преку истите го повика народот да излезе на улица .....what else to say
п.с баш сакав армијава да успее
 
Хит ми е што Ердо ги забрани уличните протести и ги цензурираше социјалните медиуми а преку истите го повика народот да излезе на улица .....what else to say
п.с баш сакав армијава да успее

Zelbite se nesto drugo od moznostite. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom