Воен Удар во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Ова личеше на се, само не на воен удар. Од поранешни настани по другите континенти, не се "блокира мост и плоштад од неколку чети" туку обично истовремено се заземаат владини/државни институции, се апсат владини лица и нивни поддржувачи, полициски станици, водечки медиуми...цивили не смеат да мрднат, камоли да тепаат војници во тенкови. А за една ваква армија тоа не е толку тешко.
Читам за 1980та, стотици илјади биле апсени, дел од нив веднаш егзекутирани, дел мачени, дел едноставно ги снемало. Ова е како да една касарна се побунила против храната во менза.
 
Последно уредено:
Го сведочиме почетокот на новата Отоманска Империја.
Не звучи малку преамбициозно на оваа држава во која од ден во ден има се повеќе конфликти и се повеќе промашени чекори на надворешнополитички план да и се предвидува иднина и успех какви што постигнаа Османлиите?
Ако до ден два не се отцепи некој регион со пучисти од Турска и американска армија, Ердоган ќе си го врати суверенитетот и полека ќе го напушти НАТО.
Ништо Баче, се упатува на тоа дека Русија стои зад овој пуч... :вонзем:
 
Последно уредено:
глупа, неинтелигентна публика (читај националисти и исламисти).
Глупата и неинтелегентна публика се граѓаните на светот, "космополитите",
оние што сакаат да бидат зависни и владеени,
оние што со раширени усти чекаат некој од страна да ги нарани,
оние што чекаат инструкции за размислување,
оние мрзливите, неспособните,
оние што бараат "free money"
оние без чувство за идентитет, гордост, морал и достоинство,
и најчесто се манифестираат со необјаснив афинитет кон ЕУ, Брисел и НАТО.

За волја на вистината, најголемите умови во историјата на човештвото биле "религиозни" и конзервативни.
 
И преку к..т дека народот го подржувал ердоган.И германците го поддржуваа Хитлер па уби милјони луѓе низ цел свет.

Муабетов и ја сум против Хитлер али не на ваков начин. Ете уместо светска војна, регуларни избори со прочистен список во кој прво ќе гласаат војската болните и посетителите на конц логорите. Да се повторам, сум против Хитлер али не на ваков начин.
 
Глупата и неинтелегентна публика се граѓаните на светот, "космополитите",
оние што сакаат да бидат зависни и владеени,
оние што со раширени усти чекаат некој од страна да ги нарани,
оние што чекаат инструкции за размислување,
оние мрзливите, неспособните,
оние што бараат "free money"
оние без чувство за идентитет, гордост, морал и достоинство,
и најчесто се манифестираат со необјаснив афинитет кон ЕУ, Брисел и НАТО.

За волја на вистината, најголемите умови во историјата на човештвото биле "религиозни" и конзервативни.
А може да ми одговориш како ти ги градиш своите ставови? Темава има смисла да се дискутира, ако се земе позицијата на Турција како држава кон Македонија. Што е подобро според тебе: секуларна власт, која ќе балансира воено во регионот и ќе биде прв тампон на екстремниот ислам кон Европа вклучително и РМ или милионска војска на страна полуден тоталитарен исламист? Што оди во твој прилог, не лично, туку како народ и држава, кој од овие да биде на власт? Или уште ви праи кеиф како тој тиранин ја практикува жестоко власта, со апсење, тортура, цензура, па тоа е побитно отколку неговиот апетит да те проголта и тебе?
 
Од кога го урнаа рускиот воен авион,Турција и Ердоган не можат глава да кренат од судири со Курдите,терористички напади,ево сега и државен удар.Ердоган игра цело време топло ладно во односите со Русија и САД. Сега се најде меѓу два огна,многу се испозанесе султанот,сега ја добива лекцијата.
Тој многу посилен излезе сега отколку што беше.
 
Ердоган е вољата на турскиот народ.
 
А може да ми одговориш како ти ги градиш своите ставови? Темава има смисла да се дискутира, ако се земе позицијата на Турција како држава кон Македонија. Што е подобро според тебе: секуларна власт, која ќе балансира воено во регионот и ќе биде прв тампон на екстремниот ислам кон Европа вклучително и РМ или милионска војска на страна полуден тоталитарен исламист? Што оди во твој прилог, не лично, туку како народ и држава, кој од овие да биде на власт? Или уште ви праи кеиф како тој тиранин ја практикува жестоко власта, со апсење, тортура, цензура, па тоа е побитно отколку неговиот апетит да те проголта и тебе?
Одговорот ќе го најдеш во моите претходни коментари, а тек потоа ќе видиш колку е смешен остатокот од твојот коментар.

клик
 
Секуларистите и националистите целосна поддршка им дадоа на владата. Ова прв пат се случува од како што е дојден Ердоган на власт. Значи и опозицијата е против воениот удар.
 
Секуларистите и националистите целосна поддршка им дадоа на владата. Ова прв пат се случува од како што е дојден Ердоган на власт. Значи и опозицијата е против воениот удар.
Од пусти страв да не завршат по затвори или во некои долови.Си го знаат Ердо што будала е.
 
Секуларистите и националистите целосна поддршка им дадоа на владата. Ова прв пат се случува од како што е дојден Ердоган на власт. Значи и опозицијата е против воениот удар.

Тоа е логично. Кој ќе подржи такво нешто се впушта во потенцијална граѓанска војна утре или пак да го пикнат в затвор за предавство и стрелаат.
 
toa e momentot, ne se znae : ))), voen udar vrsat, se spomenuvaat soopstenija od televiziski kukji koi bile pod nivna opsada, a nikade ne iskoci nekoj general, voeno lice, politicar be, seedno, sto ke se istakne kako lider na ovoj voen udar ...

Ima nekolku nelogicnosti, netipicni za voenite udari, a ovoj e eden od niv, ostanatite veke se spomnati tuka, kako amaterskiot pristap, niza golemi greski, raboti koi od start go osuduvaat na propast voeniot udar.
Bas me interesira edna paralela da se napravi, za toa kako funkcioniral posledniot voen udar vo Turcija i ovoj, so ogled deka stanuva zbor za zemja, poznata po (uspesnite) voeni udari.

Не би рекол дека пристапот бил аматерски или дека е целосно наместена работа, секако дека во армијата постоело расположение за државен удар а веројатно и таков е организиран, но не се знае до која мера пучистите биле инфилтрирани од луѓе на власта и до која мера ударот е извршен прерано или премногу оптимистички. Повеќе делува дека ударот е замислен со искрена цел да се елиминира двоножното лајно именувано како Ердоган или како и да му е дебилното презиме - но инфилтрацијата си го сторила своето а причината зошто не е спречен однапред е да се дозволи контролиран неред после кој режимот ќе има невидена слобода на дејство да се пресмета со сите, од најниски ешалони како наставници или советници по општини па се до генерали.
Затоа политичарите од опозиција намирисале стаорец како што се вели и си го тргнаа задникот навреме.

Само што знам, со деца не се прави преврат, исплашени 18 годишници со пушка во рака извадени од касарни, им се качуваат луѓе по тенкови и ги влечат од нив надвор, треба професионален кадар.

Најсмешни ми се тврдењата дека ќе се обнови Отоманското царство хахах што е следно мамутите ќе почнат да шетаат по ливади?
 
Одговорот ќе го најдеш во моите претходни коментари, а тек потоа ќе видиш колку е смешен остатокот од твојот коментар.
клик

Смешното е тоа што левичари, секуларисти ги етикетираш со некакви си "шарени тролови", а плус и си полн со предрасуди дека некој не е патриот затоа што тоа не го повторува по 100 пати на ден. Не е само љубење на знаме патриотизам, туку реалните постапки во секојдневниот живот.
Тоа што "патриотов" Ердоган ќе го збрља во наредниов период, генерации "непатриоти" ќе треба да го перат. Додека тој цели накај Европа, Курдите од внатре ќе го раштрафат. Тој "патриотски" начин на практикување власт на Турција и створи повеќе непријатели отколку пријатели. Така да, провери си го еквивалентот што го поддржуваш овде, во твојата земја.
 
Ништо не си прочитал, пак бладаш и лепиш етикети штампани од размислување со малиот мозок.
Ама ај, нека ти биде.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom