Воен Удар во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Комплицирана ситуација, не е дека се слаби. Највеќе тоа се должи на лошата политика на Меркел со кризата за мигрантите. Со договорот за мигрантите му дадоа чекан на Ердоган за да ги плеска по глава кога сака.[DOUBLEPOST=1470084367][/DOUBLEPOST]

Кај нас од ИПА фондовите парите што ги фрлија требаше словенечко земјоделство да имаме ама еве друго е...

И за тоа треба вештина, да се приклучиш кон сојуз и успешно да излобираш толку пари низ годините за да си ја средиш државата.
Кај нас имаш луѓе што земаа и земја под концесија и субвенции за цели хектари, а не насадија ни по два трапа пипер.
 
какви права граѓаните во феудални оптштества имале ?? да даде СЕ што има кога ќе му побарале исто да работи по поседите кај агите и беговите без надница, немуслиманите народ од втор ред итн итн.........ова сака Ердоган да го спроведе ?
Mногу излегуваме од темата
Во средновековна Европа, селанецот бил врзан за земја. Во Отоманската империја секогаш бил слободен, а ако работел земја му плаќале делумно со пари
Во Отоманската империја постоела верска толеранција. Во Европа такво нешто немало. Католиците прогонеле протестанти и тоа многу крваво. Христијани прогонувале Евреи и што уште не.
Во Отоманскта империја се почитувале етничките слободи. Секоја народност имала свој милет, и права на самоуправа во рамки на милетот, тоа во Европа било незамисливо
Да не набројувам
Кај нас децата во училиштата стекнуват многу крива слика за Отоманскта империја - учат дека тоа било „ турско ропство ’ каде што некакви турци не држеле како робови, па демек покасно сме се ослободиле од ропството и сме станале слободни
Тоа нема везе. Македонскиот народ и сите други народи имале свој живот и развој за време на Отоманската империја
 
Дај не треси, у отоманска империја христијаните не ги сметале ни за народ од 3 ред. Работеле ангарија кај алгите за ич ништо. Кои христијани прогонување евреи?
 
Кај нас децата во училиштата стекнуват многу крива слика за Отоманскта империја - учат дека тоа било „ турско ропство ’ каде што некакви турци не држеле како робови, па демек покасно сме се ослободиле од ропството и сме станале слободни
Тоа нема везе. Македонскиот народ и сите други народи имале свој живот и развој за време на Отоманската империја
Тоа најголем замав зема во крај на 19 и почеток на 20 век кога под странски влијанија Македонците беа доведени во заблуда и натерани со сила да се кренат против своите турски господари и доброчинители
 
Eве еден од „ турските господари ’:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Петар_Ичко
 
ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Амбасадорот на САД и организаторот на пучот во Турција, на средба ден претхондо!
August 10, 2016 / By admin
USER RATING

5

Се појавуваат нови докази дека САД учествувале во обидот за државен удар во Турција, и дека пред пучот имале состаноци што укажуваат на нивна вклученост.

На фотографијата е амбасадорот на САД во Турција, Џон Бас, во друштво на високиот турски офицер, за кој медиумите пренесоа дека е еден од лидерите на пучот. Полковникот Али Јазичи (и поранешен советник на претсесателот Ердоган) имал приватен состанок со Бас во кафулето Ченгелкој, ден пред обидот за пуч.

Средбата на американскиот амбасадор со високиот турски офицер кој учествувал во пучот јасно укажува на врската на американските видни личности со обидот за рушење на демократкски избраната власт во државата.

csm_e6b02e479e_700bf47c7c.jpg

Еден од целите на пучот беше и физичка елиминација на претседателот Ердоган. Следниот чекор на Турција би можел да биде барање за протерување од земјата на американскиот амбасадор, што би довело до понатамошно влошување на односите на САД и Турција и започнување на процесот на напуштање на НАТО.
 
@gjoko-mkd
Не мора да значи дека САД се вмешани, можеби полковникот барал подршка или го информирал амбасадорот
Симптоматично е што полковникот е во униформа
На тајна средба можел да се облече во цивилно одело
Сиптоматично е што амбасадорот дозволил да го сликаат и зошто би се сретнале по кафулиња кога можел да го прими во амбасадата
Амбасадорот на САД има обезбедување и не е лесно да се слика и нема да се сретнува со било кого ако е загрозена неговата безбедност
Веројатно се работи за случајна средба или за фотомонтажа
Некој има интерес да објави ваква снимка
 
Пучот беше трагикомедија. Да го организираа американците мислам дека успешен ќе беше. Сето ова ми изгледа како да се креира сценарио.
Од неуспехот на пучот Ердоган добро профитираше, неговата моќ во Турција сега е апсолутна.
 
Демек Американците се супериорни и мора секаде тие да победат. Изгледа многу американски филмови гледаш. Факт е дека позади пучот стоеше американците. И факт дека не успеаа тоа што го бараја. Се изненадија со народот. Бадијава е бе друже кога народот стои позади тебе ниту една сила неможе да успее. Ѓуленистите беа под целосна контрола на американците. Но тие беа 5% во турската армија па можеби и заради тоа не успеаа.
 
Da uspeeja da go fatat sultanot ili da go likvidiraat,narodot doma ke ostaneše a ne na ulica. Sekogaš prviot moment e najbiten
Дури и народот да беше со армијата пак немаше да се успее со пучот бидејќи само 5% од војската се крена против Ердоган.
 
Демек Американците се супериорни и мора секаде тие да победат. Изгледа многу американски филмови гледаш. Факт е дека позади пучот стоеше американците. И факт дека не успеаа тоа што го бараја. Се изненадија со народот. Бадијава е бе друже кога народот стои позади тебе ниту една сила неможе да успее. Ѓуленистите беа под целосна контрола на американците. Но тие беа 5% во турската армија па можеби и заради тоа не успеаа.
единствен утврден факт е дека Ергодан е помоќен од кога било и веднаш следниот ден ги елиминира сите неистомисленици по институциите
се друго се шпекулации
во ниеден миг за време на пучот он не беше загрозен
кога викаш народот, изгледа мислиш на приврзаниците на Ердоган
 
:icon_lol:
Ердоган сака да стави крај на „хегемонијата“ на доларот

Таа идеја Ердоган ја претставил пред рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите во вторникот во Санкт Петербург.

МИА ● 09:39 11 август 2016 ●

dolari(4).jpg

Турција предлага да се стави крај на „хегемонијата“ на доларот, со тоа што наместо американската валута во трговијата со Русија да се користи турската лира или руската рубља, пишува денеска турскиот весник „Ѓунеш“.

- На тој начин корист ќе имаат и Турција и Русија - изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Таа идеја тој ја претставил пред рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите во вторникот во Санкт Петербург.

- Во една таква ситуација доларот ќе се обезвредни и ќе се спасиме од притисокот на курсот - посочи турскиот претседател.

http://plusinfo.mk/vest/81891/erdogan-saka-da-stavi-kraj-na-hegemonijata-na-dolarot
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom