Во XXI век ли живееме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување
Да, со раковотства на школата кои... да се изразам вака, „потешко ги прифаќаат промените на новото време“...
А компјутерите, технички, супер се.. ништо не им фали..:salut:
а што би се случило да снема струја? компјутерот ке работи на што?
и сепак флеш меморијата не е совршена како што изгледа, може некогаш ке работите на терен(ако тоа е предвидено со наставата) па таму може и да нема компјутери за сите или во општо нема да ги има. не е лошо да листаш некоја книга или тетратка, ако сакаш да научиш нешто во спротивно компјутерот е добар...:helou:
 
Па ако ги направи државаата книгите во електронска форма и ги подели бесплатно во ќар ќе испаднат сите што ќе купат лаптопи. Ќе ги исплатата парите за две години.

Инаку проблемот не се јавува само во средна школа туку и на факултетите.

Ајде бее стварно :vozbud:

Компјутерите се знае за што се користат, прочитај овој пост #24
 
“Во дваес први век ли живееме...“
Добро бе дете, малку ли ти е што по цели денови окапуваш дома на компјутер? Онака као, (1) тешко ти паѓа што немаш можност и во школо да си го расипуваш видот? (2)Па ако земете сите лекции да си ги пишувате во компјутер многу наскоро ќе забораите да пишувате. ( 3 )Што е предноста толку голема во пишувањето лекции во компјутер над тетратките? (4)Посовремено се осеќаш? И после, доаѓаш дома и седнуваш да учиш пред компјутер. (5,)Место ко шо рече девојчево погоре, да си легнеш, да се раскомотиш, да си отвориш тетратчето, ти ќе се кифлиш на столче и ќе буљаш у монитор. Се во име на дваесет и првиот век! :vozbud:

Поддржувам да се користат компјутерите за да се гледаат некои работи како атоми, делби на клетки, работа на срце, карти на држави, како дигитрони, за цртање графици, за некои истражувања и слично, ама стварно не поддржувам да се исфрлат тетратки од употреба.

1, Не
2, Се согласувам... Еве едно прашање... колку од вас знаат да резбаат на камен?
3, И тетратките/книгите и компјутерите си имаат свои предности и свои недостатоци, но, компјутерите имаат повеќе предности и помалку недостатоци од тетратките/книгите.
4, Да, ако тоа е важно...
5, Мој избор, нели?

Па ако ги направи државаата книгите во електронска форма и ги подели бесплатно во ќар ќе испаднат сите што ќе купат лаптопи. Ќе ги исплатата парите за две години.

Инаку проблемот не се јавува само во средна школа туку и на факултетите.

Браво!
Се согласувам!

Полека полека, кај сте се забрзале до толку со векови. (1,)Прво и соновно сите на чело со Агора треба да им биде јасно дека тие процеси на дигитализација и компјутеризација не се одвиваат така лесно. (2,)Ко второ нема потреба од толку нервоза и паника бидејќи на запад во средните училишта се иде со книги и со тетратки, и не им е секоја училна опремена со компјутери. Што значи нема потреба да кукулекате дека ене ги глеј ги тие каде се а ние каде сме бидејќи ко (3,)прво не ни знаете точно како се одвива образовниот процес во моментов на запад.
(4,)Четврта работа веќќе кога сме кај иднината, јас ќе ви кажам дека не нема само со едно УСБ стикче да се иде на предавања, најверојатно нема да има ни потреба од компјутер во секоја училна. А тоа е така бидејќи веќе постојат прототипи на Е-книги, кои се тенки и не претставуваат толку товар како нормалните книги, башка нема да има потреба од толку многу компјутерина школо бидејќи не секој предмет има потреба од компјутери, освен тоа најверојатно и ќе се намали драстично количеството на бројот на тетратки кои ќе се користата, бидејќи прототипите на најновите електронски книги имаат и осетлив екран на кој може да се пишува.
Значи полека се е тоа процес кој трае и неможете да ги земате дадените измени во образованието како здраво за готово и за конечно. Освен тоа квалитетот на образованието не зависи од тоа да има компјутер пред секое дете во секоја училница, туку од другите расположливи помошни и нагледни средства како и од концептото на наставата и принципите по кои се мотивира и се вади максимумот од секој ученик во изучување на дадените предмети.

1, Тоа не е причина за намалување на лесноста на одвивање на тие процеси.
2, Не мора да бидеме огледало на западот во сите погледи.
3, Не мора да знаеме.
4, Јас зборувам за сегашноста.

а што би се случило да снема струја? компјутерот ке работи на што?
и сепак флеш меморијата не е совршена како што изгледа, може некогаш ке работите на терен(ако тоа е предвидено со наставата) па таму може и да нема компјутери за сите или во општо нема да ги има. не е лошо да листаш некоја книга или тетратка, ако сакаш да научиш нешто во спротивно компјутерот е добар...:helou:
И компјутерите ( вклучувајќи ги и усб стикчињата ) и книгите се медиум за складирање на податоци. И кај двата медиуми, за пристапување кон тие податоци, треба да се исполнат некои услови. Едни од тие услови, за компјутерите е електричната енергија, додека пак за книгите е светлината.

Да, може НЕКОГАШ да ни затребаат тетратките, тоа е причина за НЕКОГАШ да ги користиме тие тетратки, но не за СЕКОГАШ, т.е. постојано.

Ајде бее стварно :vozbud:

Компјутерите се знае за што се користат, прочитај овој пост #24

Примената на компјутерите е виртуелно неограничена.
Друга работа е што луѓето кои потешко ги прифаќаат промените на новото време, ја ограничуваат и забрануваат нивната употреба.
 
а бе Ag0rA ако сакаш користи тетратки и книги, ако не не.
башка ко ќе дојде крај на година ке те видам како го кинеш и фрлаш компјутерот од радост дека си се спасил од школото....:uvo:
 
а бе Ag0rA ако сакаш користи тетратки и книги, ако не не.
Тоа беше една од целите на темава.
Во првиот пост кажав дека поради не користењето на тетратките ќе треба да се соочам со можна казна.
 
а да, заборавив да ти спомнам дека има и последици. тие правила не се само за тебе тие се за сите кои следат настава по таа програма, незначи ако ти не сакаш книги дека никој друг ги нејќе. не носи книги ке ти судат пенал:nenene:
 
Прифаќам правила кои ми наредуваат што да правам, но не и правила кои ми кажуваат како треба да го правам тоа нешто.

Што значи дека ги прифачам оние правила кои ми кажуваат дека пред мене треба да ја имам содржината од учебникот, и по потреба, да запишам нешто.

Кај што ми кажуваат што да правам т.е. ми ги кажуваат должностите.. не планирам уште да ми кажуваат како треба да си ја работам „работата“, т.е. како точно да ги исполнувам должностите.

И да, немам ништо против тоа што правилата и обврските важат за сите ( т.е. што не можам да ги избирам правилата ) , туку, тоа што немам слобода да го бирам начинот на кој што ќе ги извршувам тие правила и обврски.

Едит: Книги носам...

Вака.. книгите во минатото го користеле не затоа што сакале да носат хартија, туку поради податоците што биле на таа хартија. Доколку ги носам тие податоци, можам да кажам и дека носам (е-)книги.
 
ако мислиш дека си во право буни се, можда нешто ќе смениш. ти посакувам среќа.:helou:
 
ако мислиш дека си во право буни се, можда нешто ќе смениш. ти посакувам среќа.:helou:

Ќе мислам дека сум во право се додека не ми/си докажат/м дека не сум во право, и кога ќе мислам дека сум во право, ќе го докажувам тоа.. ако сум, тогаш ќе докажам, и тогаш мислењето на мојот неистомисленик би се сменило... ( нема да се смени кога тоа не би било мислење, туку верување...) .

Btw, 10x за тоа што ми посакуваш среќа.
 
братче верувај и ја сум се бунел за некои работи за кои сум мислел дека се срање, ама со тек на време сум го сменил мислењето. не сите новитети се подобри од старото ( башка тоа во страниците на книгата може твоите да ти остават некој денар, а компјутерот нема страници).
 
Не постои такво нешто како прототип на e-книга која е тенка. Е-книга ти е фајл. Постои е-book reader и денес тие се поскапи и понепрактични од лаптопите.
Инаку ова што се кажува не е некоја далечна иднина. Проектот 100$ laptop веќе почна да се имплементира во сите земји од европа освен со неколку исклучоци меѓу кои и Македонија. Така да тоа што јас го викам нема да биде далечна иднина за повеќето.
Инаку лаптопите од 100 долари (кои коштаат околу 199 долари) се флекссбилни во однос на мотирот кој е ротирачки и имаат батерија која се полни со соларна енергија и може активно да работи и над 20 часа. Исто има многу добра заштита од надворени влијанија.

olpc-full.jpg

100dollarLaptop.jpg

HBN0kThS_Pxgen_rc_Ax385,467x385+55+0.jpg

Не е точно. Лаптоп-от на Негропонте е наменет за developing markets, а ние сме emerging economy. Се набавува само преку government procurement и минимална порачка е околу 300 000 парчиња. Во Македонија има 20 комада кои UNDP ги донесе и ги даде во О.У Војдан Чернодрински и во Дитурија, ама ми се чини дека веќе воопшто не работат.
 
Не е точно. Која и да сака влада може слободно да се приклучи на проектот.Освен ако сметаш дека УСА или пак Грција е во категоријата на неразвиени земји. Само што веќе има голема листа на чекање.Исто и стапката на набавка е многу намалена.

Исто постојат уште пет-шест слични проекти.
 
Прифаќам правила кои ми наредуваат што да правам, но не и правила кои ми кажуваат како треба да го правам тоа нешто.

Кај што ми кажуваат што да правам т.е. ми ги кажуваат должностите.. не планирам уште да ми кажуваат како треба да си ја работам „работата“, т.е. како точно да ги исполнувам должностите.

И да, немам ништо против тоа што правилата и обврските важат за сите ( т.е. што не можам да ги избирам правилата ) , туку, тоа што немам слобода да го бирам начинот на кој што ќе ги извршувам тие правила и обврски.

Агора........ај со време активирај ја кампањата да ви дозволат во школо да носите 3/4 пантолони....идат вруќини.......лани малку закасни со тоа:smir:
 
Да живееме во 21 век но треба да учиме од постарите па така се навраќаме на постарите времиња.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom