Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ти навистина мислиш дека љубовта нема да те полуди?
Таман си почнал да си играш со неа, ни сам нема да забележиш како таа започнува да си игра со тебе.
Таа брзо започнува да се влева во твоите вени... Право во твоето срце.
Се противи, експлодира, вреска доколку ја стиснеш во себе.
Бегај од мене!
Бегај со мене!

Ќе полудам.
 
Маче си :love: Го мислиш ли ти истото што и јас го мислам за тебе
 
Одвај чекам некоја девојка да ми рече
"Здраво убавецу, дали сакате да имаме секс"
А јас така невино да и одговорам,
Не благодарам, јас не сум таков.
 
Ех бивша (драга ) моја... слушнав за тебе деновиве, онака несакаќи...
Знаеш дека и покрај се само најдоброто го сакам за тебе. Што се деси ? Зошто толку ниско....
На крај,ти слушајќи ги размислувањата, вистините и шпекулаците за мене, раскинавме. Ти остана сама а јас заминав далеку.
Сега ти најде нов кој ( никако ) не те заслужува. А јас се оженив и тоа СРЕЌНО се оженив, за она најдобрата !
Сега кога е се завршено доколку би можел сакам твојата фамилија и тебе барем еднаш да ве видам во очи о да ве прашам " дали вредеше да пропадни се само поради тоа што НЕ ВИ ДОЛИКУВАВ на фамилијата ваша "...
Само толку ќе ми биди доволно...
Сакам да видам каков сјај ќе добијат очите полни со вина и грижа на совест.. Само тоа сакам.
И кога сме тука знам дека те интересира да ти кажам дека неа навистина ја сакам. Чисто од срце, од душа. Започнавме нов живот далеку од таму, баш тука в туѓина.
Јас сум супер и добро ми оди, добар ЛАЈФСТАЈЛ, добра работа и плата и така де е супер. Фала на прашање.
Засекогаш ( несуден ) твој ;)
 
8ми Март... Денот кога ми ја запечати младоста а да не кажам и судбината. Денот на кој вчера ке славевме 8 години врска... Те сакам и сеуште мислам на тебе Т. :( Сеуште те немам заборавено...
 
ко можат сите можиш и ти :(
ама немој..
 
Да спиеш кревет покрај кревет со прекрасна девојка. На еден допир од мене, а пак далеку. Те гледав додека спиеш, немаше ништо поубаво од тоа.
 
Синот го прашува татко си: Тато, што е тоа вистински маж ?
Вистински маж, е оној кој знае да те сака безусловно, да се грижи и да те штити.
Синот: Тогаш, тато, ијас кога ќе пораснам ќе бидам вистински маж како МАМА .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom