Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
We are never getting back together (Crimes and Misdemeanors) since I ensured that! :(
Cliff Stern
 
Да не бидам песимист али... би рекол. Би бил со било кое женско,машко или маче небитно што знам дека секој ден ќе биде човек со мене и едноставно ќе биде потпора и насмевка во добро и лошо. Но тоа е исто како да збориш за некое минато време. Стандардите и општо луѓето се забегани во многу други крајности така што овие базични моралности се смешни.
 
Поминале 7 години од кога се запознавме. Фак.. кога бе поминаа толку многу? Како вчера да беше...
Драго ми е што ми се јави после толку време поминато, што се изнаприкажавме за се и сешто, до каде сме со животот.. што сме сакале да направиме со него и што сме сонувале, а колку малку само од тоа сме оствариле...
Ме зачуди и тоа колку само паметиш и знаеш за мене.. како само се сеќаваш на датумите, местата, разговорите и сите пропратни ситници што сме ги имале заедно.. како побогу се сеќаваш и за кој фудбалски клуб навивам?! :eek:
Јас за разлика од тебе пола и повеќе имам заборавено, како блек аут да имам доживеано и колку да пробувам да ја вратам меморијата не ми успева. Но се сеќавам на едно нешто.. на мечето кое ти го купив со последните пари што ги имав, што ја терав мајка ми 3 пати да го поправа бидејќи беше шашаво во очите и твојот поглед кога ти го дадов. Тоа никогаш нема да го заборавам.
Неизмерно ми значи што сеуште го чуваш.

Штета што тогаш бевме само деца...штета!

До следното слушање.
Еј Здраво...
Дојдов само да ти кажам дека те лажев...
Те лажев дека сум заборавил, иако понекогаш и посакувам да беше така..Напротив, не само што не сум заборавил, него се сеќавам на се.
Се сеќавам на сите мигови што ги поминавме заедно, на оние убавите, и на оние, не толку убави..
Се сеќавам на твојот поглед, на твојата насмевка, на твојот мирис..
И после 5 години, доволно ми е само да ги затворам очите и да го почувствувам твојот допир, да го слушнам твоето дишење, како да си до мене.
Ми рекоа дека полесно било тоа што не сум имал можност да те видам. Ме лажеле и се лажеле.
Понекогаш мислам на тебе, посебно во оние ситни часови кога ноќта полека си заминува, а денот се раѓа. Оние, знаеш, кога си потполно сам, оние моменти на слабост.
Посакувам тогаш да си тука, да те гушнам, да заспиеш на мојата рака, во мојата прегратка. Само за миг, доволно да ме направи спокоен, мирен, исполнет, како некогаш.
Ми недостигаш... Не ти, баш ти, него онаа мала црвенокоса девојка со зелени продорни очи која беше спремна да ја помине секоја препрека помеѓу нас за да биде со мене.
Твојот поглед веќе не е оној истиот..оној на кој се сеќавам јас.. Таа мала девојка остана да постои само во моите мисли..

"jer ja sam samo dio puta
koji davno, davno ostade
tek onako iza tebe."

И знаеш што? Драго ми е што во моментов немам доволно промили алкохол во крвта за ова да ти го пратам тебе. Подобро е истото што ќе остане запишано на некој сервер, кое ти никогаш нема да го прочиташ.

П.С Утре одам на кафе со една девојка која многу ми се свиѓа. Се надевам дека баш она ќе биде таа која ќе те истисне од мисливе и ќе го завземе твоето место. Веќе е време, нели?
 
шо ќе прам без тебе четири месеци бе алоооооооооооооооооооооооооооОооОоОоОоо!!?!

:love::place:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Те сакам толку многу, што те бранам и поддржувам пред останатите иако не си во право. [emoji16]
 
Љубавии не е далеку сабота еве уште 3 дена ^_^ Одма ќе поминат. Те чекам јас, а ти убо да си поминиш Италија! Те сакам <3
 
Убав си бе.
Многу си убав бе, цензура ли ти мајчина.
Со сите нишани си убав, безмилосен низаеден.
Ама па баш затоа што си убав не чини да си таков фин.
Треба да си арогантно, цинично, себезаљубено копиле. За мое добро, за да си ми предмет на потсмев и превртување со очи. Да си ги лечам комплексите преку коментари за твојата ароганција и ограниченост, а не да си ваков совршен и да ме повредуваш со тоа.
Вака кога ме гледаш така милно, кога секогаш си насмеан кога ќе ме видиш и со две раце се поздравуваш со мене, при помисла дека сето тоа е само поради тоа што си неизмерно фин, болиш, си цензурираш мајката.
Да им се дефецирам на тие глупи норми, измислени од човек кои или се двосмислени, или постојат само да те повредуваат.
Зошто мораше вака?
 
Последно уредено:
Како се одмиваш, греву?
Да постам додека дишењево стане речиси нечујно, да ме распнат под твоите нозе, да ме одмијаат во твојата пот и да се причестам со своја крв, па да напишам молитва ѓаволот да те земе со себе?
Се искачуваш по сите кругови на пеколот и ми завршуваш во сон. Премногу ретко и само накратко... зашто и таму сакаш да ме измачуваш и и тогаш лицето ти е матно.
Исти сме - гордост пред контакт, инает пред потреба, самоконтрола пред сите погрешни луѓе.
Различни сме - јас барам утеха во пораки меѓу редови, ти меѓу туѓи врели бедра.
Не ведни поглед, јас не знам да задржам... Некои животни се диви пошто се плашат.
Ти ја зоврива ли крвта истата што мене ми ја заледува?
 
Не било до мене, до тебе било .... после 3 и кусур години ми кажуваш такво нешто ? И се понашаш како да се знаеме 1 ден а не 200 години ? Сериозно ???

Шокиран сум ....и тажен у исто време...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom