Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум карпа, но сепак во вечната борба помеѓу каменот и водата победува водата. Оваа вода се моите емоции, трпам и трпам, но морам да се поместам. На сите твој лоши манири враќам со добрина, еден ден ќе ми пукне филмот и ќе се посерам на нашата љубов. Или само мојата кон тебе и твојата кон себе. :(
 
Поминаа точно две години од денот кога си рековме збогум. Мораше тоа да се случи. Кај мене разумот и глупоста победи а кај тебе инаетот и гордоста. :love:
Срцето остана поразено.... љубовта недоискажана. :toe:
Непреспиените ноќи поминати заедно и убавите спомени отидоаа во минатато...
Една порака остана неиспратена ,, Ти си мојот Ромео, a јас твојата Јулија ,,
Ах, а могли смо свее. :tapp: :place: :pipi:
 
Замисли се скаравме за тоа дали да имаме едно или две деца....
:Смајли_шо_се_беси:

Мечка ти купив, мечкиште како подарок бре еј!

Подобро тие пари да ги штедев за албанка.

енде
 
Ми пишуваш не разбирливи пораkи, си ме сакала или уште ме сакаш? Абе ме сакаш ме сакаш... ама имаш храброст да не го сакаш она што го сакаш, алал да ти е.
 
Вчерашниот ден е еден од тие денови шо би сакал да го нема на каленадарот. На вчерашен ден пред 6 години те изгубив. Те изгубив... :place:
 
Ги знам твоите финти, ќе те нема цел ден... за да ми докажеш ваљда дека тоа е единствен начин да ми го привлечеш вниманието. Не дај боже да ми пише некоја друга, е тогаш ќе ми се пренасочи вниманието... :kezec: !!!
 
Друже нема да го прочиташ ова зашто секако немаш поима за форумов... ама ја да си кажам бар овде зашто секако немам намера веќе да трошам зборови на тебе и за тебе... Од сега па натаму е крај, кој те врти бре !!! Доволно ми се плеткаше во глава, не заслужуваш цел живот да го поминам жалејќи за тоа што е готово помеѓу нас ! Не си достоен за тоа ! Можеше да биде поинаку ама не е и терам даље... Животов си тече ама без тебе ! Фала му на Бога имам се освен тебе, ама може и подобро така... Верувам дека ме чека нешто подобро, па затоа одбирам да уживам во се што животот ќе ми пружи наместо да цмиздрам за тебе !;):ojeaa:
 
Љубов моја, на овој ден единствено посакувам да сме среќни како што сме и да живееме уште многу долго во љубов и разбирање.
Оваа година сме разделени за твојот роденден, следната година се надевам дека ќе ти го подарам најубавиот подарок на светот:love:
Среќен роденден. И само биди ми жив и здрав. Доволно ми е тоа.:love:
 
... му благодарам на животот што ме созрева многу порано секогаш. Овој пат зрело се простувам од тебе со оглед на тоа дека по заминувањето од мене се простуваш со некој твој рандом бивши. Во овој живот не видов никакво чудо, освен љубовта и разбирањето кое ги соединува лугето. Не сум љубоморен и со мир ја прифатив веста. Во овој ден на тишина мојот ум ткае зборови, поезии и ми се матат слики пред главата како флешбек. Очите ми солзат, но не ги пуштам солзите. Бидете среќни без причина, радувајте се што сте заедно, дај му втора шанса, како мене што ми даде трета... мене ме очекуваат нови нешта на патот, кој знае што? И баш сум благодарен, ја чувствувам неправдата сосем мирно, ама ти не мора да знаеш ништо, те оставам да уживаш во себе потполно. Збогум
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom