... му благодарам на животот што ме созрева многу порано секогаш. Овој пат зрело се простувам од тебе со оглед на тоа дека по заминувањето од мене се простуваш со некој твој рандом бивши. Во овој живот не видов никакво чудо, освен љубовта и разбирањето кое ги соединува лугето. Не сум љубоморен и со мир ја прифатив веста. Во овој ден на тишина мојот ум ткае зборови, поезии и ми се матат слики пред главата како флешбек. Очите ми солзат, но не ги пуштам солзите. Бидете среќни без причина, радувајте се што сте заедно, дај му втора шанса, како мене што ми даде трета... мене ме очекуваат нови нешта на патот, кој знае што? И баш сум благодарен, ја чувствувам неправдата сосем мирно, ама ти не мора да знаеш ништо, те оставам да уживаш во себе потполно. Збогум