Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека тоа што никогаш не се жалиме дека немаме што да збориме, е ради тоа што ние двајцата многу збориме. Ко навиени. Поготово ти. Ни јас не можам со тебе да се натпреварувам.
Многу ми е мило што не си од оние ко демек таинствени, молчаливи, со клешти зборови да им вадиш. Уствари немам такви особи околу мене, зашто со такви јас не функционирам ич. Така што, веројатно немаше да издржиме ни недела дена. Збори си колку сакаш. :love:
 
Ех мој @Acid ко вчера да беше денот кога кажавме ДА, а тоа поминала цела година. Година исполнета со прекрасни моменти, радост, среќа, многу љубов и разбирање. Многу работи ни се случија оваа година, но и најубавата за која сме во исчекување :oeoeoe:
Не дека во претходните 5 и кусур години не знаев дека си прекрасна личност, далеку од тоа но во оваа прва година од брак сум пријатно изненадена од твојата грижа, посветеност, внимание. Посебно ти благодарам за грижата, љубовта, вниманието што ми ги пружаш овие месеци. Ептен си ме изненадил :backa: Знам дека некоаш сум неподнослива и те будам за глупости, ама тоа ти е :pos:
Te љубам и нека ни се множат годишнини од брак исполнети со љубов, прегратки, разбирање и многуууу дечиња :love:
i-love-you-26.jpg
 
Те сакам колку што Пеџа личи на Емре Џан, колку што Рики поштуе српски бљувотини, како што овој погоре обожава диетален маргарин, колку што Фросе не ја поднаса онаа познатата обожователка на црвените ѓаволи,колку што Џонтра го има пцуено Бенитез.Ти си љубовта на мојот живот.Абра кадабра пуф, те нема.
 
Последно уредено:
За љубов потребни се двајца зар не,
ни еден од нив ти не си !!! - Krug
 
Се осеќам ко некој глупандер шо изгубив неколку дена излегувајќи со оваа.
Шо ќе сум направел ако хипотетички раскинеш со дечко ти? Koлку симболика има у тоа хипотетички. Автоматски веќе имав обезбедено место на клупата за резерви, да бев без мозок и без друг избор. Зошто у теретана не и барале број, а на фб и пишувале 10 машки, додека дечко и и пишува есеј, после работа од 10 саата. :icon_lol: Тоа било заради тоа што на фб им пишувале на фотогеничните. АХА :icon_lol:

Сличен сум бил на дечко ти у многу навики, не пушам, не пијам, не пијам кафе, ама он бил многу различен сепак. Се борел за тебе, а не четувал на фб со 5-6. :icon_lol: Ја четувам, ама сум слободен, ти шо прајш? На крај излезе дека сите што ти пишувале биле манијакални, само ја сум бил еден од ретките нормални кои не биле безобразни додека не му дајш повод. :angel:
Многу сакам вака кога се прават невини, откако ќе погодиш шо прави, се некој нив ги замара, сите манијакални биле и и збореле за секс. Па кој сакаш да те сфати озбилно кога сегашниот дечко го множиш со 0, а го сакаш.

Уште една attention whore, egobooster, давај ги назад магистрантките и идните докторки на наука, коолку сака нека се комплицирани.
NEXT
 
Кога ќе ми текне дека таа вечер се мислев дали да ти пишам или да те избришам. :D

Ги чувам сите разговори и пораки, како Заев бомбите. Ќе ти ги објавам, пази што си ми ветувала пред 8 години. :love:
 
Која енергија ја имаш, само зашто си глупичко не знам?

п. с. свадбата на Ацид и Олимпија беше најубавата свадба на која сум била, cheera guys!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom