Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Мразам што си ми колешка.
Мразам што имаш дечко.
Мразам што си ми влезена под кожа.
Мразам што сум friendzoned.
Мразам што сите ги споредувам со тебе.
Мразам кога ми пружаш ладна надеж.
Мразам кога секој пат наседнувам.
Мразам што замислувам искачања и романтики со тебе.
Мразам да се отворам, дури и на форум.
Мразам кога треба да се соочам со своите чувства и реалност.
Мразам што морам да се дистанцирам.
Мразам зошто не си моја.
 
Ај бе да седнеме да разговараме. Не иде веќе вака.
Ама отворено.
На пример, ја сум спремен, шо знам.
Ама да не ја сјебеме работата така? Да не го изгубиме воа шо го иаме сеа?
Вечерва ама ми го тури... браво -.-'
 
Се мислам што да ти земам за роденден... и ја думам и ја думам работава... :cool::love::backa:
 
Не сакам да ме немаш за да сфатиш колку ме сакаш.
Не сакам мојот мирис на твојата перница да избледе, за да почнам да ти недостасувам.
Не сакам да сум таму некаде, со друг, кога ќе сфатиш дека сум ти врежана во клетките. Не сакам.
Не поради мене, поради тебе не сакам.
Ама ќе морам.
А ти, ко секој пред тебе, кога ќе сфатиш - ќе бараш назад. А назад, нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom