Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ееепа сакам да ти кажам многу работи, ама ти нејчиш да ги слушниш. А и шо дека че ти кажам, ништо не допира до тебе.
Сакам само да сум шо подалеку, да знам дека никогаш нема да те видам, оти ако те видам се почнува од почеток, се вртам во круг. Не можам да се препознаам себеси, не сум јас ваква, не бев пред да те запознаам тебе. И помислата дека утре или други ден че те сретнам со друга, ме убива...
 
Се разбудив ноќва од што ми беше ладно, па се мислев да ти вртам за да дојдеш да си легнеш до мене. Ама после ми текна дека ќе те исклоцам дури спијам, па си станав и си земав уште едно ќебе. Повели и друг пат.
 
И пак,пак по не знам кој пат го преживувам истиот пекол во кој полека ме туркаш несвесно а и јас самата свесно тоа го правам.Скоро година како ова лудило трае.
Остана само сенка од некогашната јас,лош одраз во огледало,сета светлина во мене ја згасна,со тек на времето станав потемна и од ноќта.
Колку пати ме разбуди,колку пати ме оживеа за да ме вратиш назад помртва отколку што некогаш бев..
Повторно треба да продолжам без твоето присуство во животов,а како кажи ми?
Како да почнам да дишам без твојот здив во мене,не умеам,ме одвикна.
А знам дека кога конечно ќе успеам во тоа ти пак ќе се појавиш,и тие неколку чекори направени напред ќе бидат залудни...проклет да си.
 
Последно уредено:
Во врска со љубовта сакам да ти кажам дека ми здосади сингл животов и ич не ми е до авантури и ми треба една баш љубовна врска. А башка што и годиниве ми се присобраа... 26 еве... Треба да размислувам за озбилни работи.
Сега немој да се изненадиш ако станам дудлач на кајгана... :p
 
И кажав немај гајле знам све математика, утре дојди, ќе ти објаснам. Не дека знам нешто математика, него со неа да бидам повеќе време. Сеа ќе седнам цела ноќ ќе учам математика, нема спиење, дур не изнаучам се, ама вреди :ljubove:
 
Не се плaшaм декa ќе стaнеме сaмo пријaтели, веќе сме нa тoa нивo, се плaшaм oд следнoтo- непријaтели!
 
За малку, читајќи ја темата Порака до бившите, ќе ти пишев таму, но видов навреме каде сум...хихихи...Ти, злато, не си мој бивш...Имаше и сеуште имаш големо значење за мене, и улога и место какво што само партнерите можат да заземаат во нечиј живот...но онака вистински физички можеме да бидеме заедно само во некоја блиска, а се плашам дека и подалечна иднина...
Инаку, она што сакав да ти го кажам е дека твоето име за мене е најубавото машко име на светот...но само кога го поврзувам со тебе...твојата убавина, како личност севкупно, му ја дава убавината и на името.Без таа поткрепа, името звучи празно.А кога го поврзувам со други личности кои го имаат истото име како тебе, звучи различно...различно го „носат“ тоа име...Некои дури го огрдуваат...Но ти злато...ти немаш претстава како тоа звучи кога се мисли на тебе... т.е. кога јас мислам на тебе...срце мое големо!
 
...Те барам, ми недостасуваш, веќе 2 месеци те нема, а ова е само почеток...
Кажи ми каде да те најдам?
Во залезот на сонцето, во боите на виножитото, во гргорот на бистриот поток, во шепотот на ветерот, во кичерот на августовата ноќ, каде ѕвездите ли ти го кријат ликот...
Кажи ми каде да те најдам?
Сепак ќе те барам меѓу луѓето, бидејќи имаш човечко срце...
 
Јас,ти,таа...ние,вие...кој кого...многу заменки се ова душо,не ми штима граматикава некако.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom