Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Еј еј еј еј еј , види. :LOL:

Твојата омилена група нова песничка има. Обично не сум фан на вакви текстови , али ова комотно може да ти ги пукне и левата и десната преткомора.

Potrazi me, kad sloboda ti dosadi
kada grijeh ti se osladi,
nemoj stati samo se meni vrati

Bicu tu, da me izdas,
bicu tu, sve da priznas
bicu tu, kada sreca ti kaze ne
da zagrlim te

И да , после се би го направил ова. Jer nije ovo s' nama laz, знаеш и сама.

 
Последно уредено:
знам дека и на тебе ти беше многу убаво синоќа кога ни се судрија погледите ;) и ме бараше со поглед :P те знам многу добро, многу добро читам меѓу редови нели? :P
 
сабота, сонце супер ден за шеткање со другар и лесен муабет онака кулираме, цвикера, насмевки, толку розов ден и споделување другарска љубов
наеднаш застанува се...
те гледам и ти со другарка... сами... си седите на клупа а и на вас ви се погодил денот... патот ни беше на кај вас... прилично далеку но се забележува дека тоа е таа личност што била со тебе долго време... го завртуваш погледот онака да смениш видик и ме гледаш мене знам и ти ме препозна... но... не можеше да гледаш повеќе од 3 секунди погледот го вртиш на сите страни... но не во мене знам неможеш да погледнеш!
ти иди да си излезеш од кожа како што искоментира другарот... а немаш ни храброст да седиш уште на клупата и да го истрпиш тој момент затоа што знаеш дека ќе поминам исто како никогаш да те немам сретнато во мојот живот... а и мене ми плачи душата... но морам да издржам да го поминам тој момент зашто ти е казна за тоа што го направи...
веќе долго време неможам да најдам инспирација и да ме исполни друга личност како ти што ме правеше среќен...
најди си дечко и не си го троши времето, а и мене ќе ми биде полесно...
 
Последно уредено:
Се некако го промашуваме тајмингот за подолг разговор иако сме на иста временска зона..ми фалиш премногу саам да ги минам за секунда километрите што не делат, но.. Ги бројам деновите што треба да минат за повторно да те видам, наизглед можеби не изгледаат премногу, но за мене секој од нив значи измачување, огромно измачување и исчекување. Пробај да го промениш времето кога си активна и кога спиеш барем малку, искрено би сакал да се променам да не сум како старец јас да заспивам пред 12, а да станувам во 5, но милионот обрвски секојдневно не ми дава да го сторам истото.
Те чека изненадување мало кога ќе ме видиш :) се надевам дека ќе ти се допадне ;)
Викаат дека најмногу се сакаме себеси, епа те осеќам како да стана дел од мене така да... love u sweety, miss u <3
 
Само да ти кажам фала за поклонот... твоја блуза со твој парфем - непроценливо за мене... парчето хартија на кое се испишани сите твои чувства за мене, сите твои желби за нас - нема ништо повредно од тоа за мене...
те сакам, на некој посебен начин, се чувствувам како клинка заљубена и изгубена... со тебе се е посебно знаеш? I feel that u are the ONE !
Love u till the sky and back !
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Те барам. Те барам на секое место каде што веќе те нема. Не беше ниту до мене, ниту до тебе, едноставно беше до времето. Облачно како тој ноемвриски ден кога тебе ти требаше нешто, а мене ми требаше бегство.
Со тебе го најдов и побегнав. Побегнав толку брзо колку што се вратив назад, како да бев замрзнат во некоја секвенца, црно-бела, неоткриена.
И од кога излегов од таму, од тоа просторвреме прекриено со дим од цигари недовлечени по паузи и од твоите усни кои полека ги грицкаа моите додека беше потпрена на бетонскиот ѕид, дојдов пак до местото на кое се случи сѐ. Ти повторно беше таму, јас повторно те гледав, но фалеа седумнаесетгодишниот јас и петнаесетгодишната ти, која со рамнодушност ги гледаше моите сонети незнаејќи дека се напишани за тебе.

Така тоа остана таму каде што требаше да биде, а ние останавме на здраво...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom