Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
секогаш кога мислам оти сум заљубен, јас всушност грешам. по неколку недели, а може и денови, се оладувам. ама не губам надеж, еден ден и јас ќе си изградам вистинска љубов.
 
Ноќ исполнета со емоции, погледот упатен некаде неодредено, ти тука до мене , но некако далечен. Ко да не ме приметуваш, чиниш гледаш низ стако. Случајно го фаќам твојот поглед и се исекувам од неговата острина. Ладна пот ми го облева телото.
Чудно чувство во градиве...оплружена сум со луѓе а се чувствувам осамено.
Една солза во моето око се бори за да не потече. Не забележуваш, не е ни битно....важно е ти да си среќен!
 
Не се трпиме еден со друг точка
 
Кратко време сме заедно, нешто помалку од два месеца. Свесен сум дека не те познавам добро, како што ни ти мене не ме познаваш добро. Ама со секој поминат ден се повеќе и повеќе сум сигурен дека ти си личност со која би сакал да бидам уште долго време.

Не ме нервира тоа што ме зезаш. Баш напротив, го обожавам твоето смеење кога ќе ја видиш мојата збунета фаца при некоја од твоите шеги. Што да правам, таков сум смотан, па понекогаш е многу лесно да ме зезнеш. :) На овој смотан му е мило што на еден или друг начин носи насмевка на твоето лице... Насмевка без која денот му е мрачен, без разлика колку силно свети сонцето надвор. Исто како што му е досаден денот во кој нема да го слушне твојот глас, да ја допре твојата рака, да ја милува твојата коса. Овој смотан е навлечен на твоите усни, без чиј вкус не може, како што не може ни без твоите очи, кои успеаа толку да го маѓепсаат...

Во периодот кога не можевме да се видиме, ми фалеше многу. Тоа што тогаш лежев болен во кревет по цели денови ги правеше работите уште полоши. Меѓутоа, и покрај тоа што физички не беше покрај мене, знам дека со мислите беше со мене. Токму тоа беше причината што тој период успеав да издржам да не се мрднам. Потребна беше само една мала слатка порака од тебе за да ми го крене расположението и да ја врати насмевката на моето лице. Неколкуте саати муабет со тебе на фејсбук секој ден, додека лежев со лаптоп во кревет, беа подобар лек од инекциите што ги примав.

Сега повторно можеме да се гледаме. И секој ден би бил со тебе, секоја вечер со тебе би седел на клупа во парк, гушнати да ги гледаме ѕвездите и месечината и да разговараме за работи кои на други луѓе најверојатно би им биле досадни.

Да барав толку добра, фина, паметна и убава девојка како тебе, немаше да најдам. Но, затоа ти ме најде мене. Знам дека не признаваш дека ти ме најде мене, па затоа еве да речеме дека некако се најдовме... двајцата такви смотани, загубени и по малце луди (во позитивна смисла). :D

Би можел цел ден да пишувам за тебе, малечка моја... :love: Ама подобро да прекинам, не сакам да бидам досаден. :P МХМ
 
Каде се изгубивме? Некаде по патот барајќи го совршенството или пак се судривме со реалноста? Инстиктивно ја барам твојата рака и ја наоѓам како и секогаш, но некако ладна, студена, далечна. Го нема оној жар во тебе, онаа топлина што не грееше и двајцата. Физички си до мене, а така далечен, чиниш недостижен.
Си велам ќе помине...тоа е само миг, но нажалост...мигот трае веќе доло.
 
Затоа што се убивме со драма,
умревме заедно лежејќи на персиски ќилим,
затоа што ти беше страв да го колнеш жилетот тврдејќи дека веруваш во Бог и
педантерија секогаш кога е густо
дури и кога плачеше по својата невиност оставена во детството.
Денес не ми остана ништо освен да ги сушам остатоците
од комунизмот како пиперки на селски балкон,
да ги поместувам сите лузни кои ми ги оставил татко ми шамарајќи ме
затоа што сум го поместила часовникот за да водам малку подолго љубов,
а сепак израснав во човек,во личност а не како тебе-обичен крвопиец и крвник.
Не знаеше да замолчиш кога зборуваа мудрите,
не знаеше да го калемиш животот како што те учеше Мајсторот над мајсторите,
трчаше по гола страст,ништожност како оваа што ја фаќам за врат
за да ја ставам во стихови кои не личат на мене,
не,не личат но ги пишувам затоа што заслужуваш само поезија од кал,
од заборав и трепет а мене ме боли,
ме боли затоа што сеуште се сеќавам и не можам да заборавам,
да не умеев со зборови ќе лежев пијана на калдрма,
здробена и со кошула изгужвана,послана
на вербата,на надежта,на кармата и казната,
јас не знам да го држам камшикот и да казнувам,
никогаш не сум знаела,но погоди што?
Секогаш успешно те лажев за мојата вештина,
како и ти мене за твојата суштина и целиот твој живот меѓу светците
поминат на колена цитирајќи погрешна молитва.
Никој не е празен балон,сите имаат соништа налик твоите кои лебдат
над Париз,Рим,Барселона и вујкојебина,
јас имам соништа за љубов,љубов,љубов и само љубов
таа за мене е религија,но зошто да сонувам кога ја чувствувам
станувам и одам да љубам.Жива сум.
Слушаш ли?!! Жива сум!!
А ти полежи си на ќилимот.
Биди обична флека.
 
Се плашиме да му кажеме на луѓето како се чувствуваме, затоа што тоа може да ги уништи, па затоа тоа си го закопуваме некаде длабоко во нас и се уништуваме себеси.
 
Скоро цела година заедно, денеска последен ден. Од вечерва веќе ништо нема да биде исто, животот ќе ми се смени за цели 360 степени. Можеби вака е и подобро, незнам... ќе видиме, битно сега за сега е ептен тешко, и тешко се прифаќа одлукава.

Ти дадов се, ти тоа го знаеш и самата рече.

Се пронајдов веќе у постов... Sussaro си е потполно у право: http://forum.kajgana.com/threads/Какво-однесување-ги-привлекува-жените-или-sussaro-style-против-Шкорпион-style.65163/#post-5510710

Нема што повеќе да коментирам... човекот се си објаснил. Сега само ми останува да се сконцентрирам на работата и на возачката дозвола.
 
,,,,
"Sinoć sam sanjao najlepše oči plave,
kako neće da nikako odu iz moje glave"
 
“Most days I wish I never met you because then I could sleep at night and I wouldn’t have to walk around with the knowledge there was someone like you out there.”
—Good Will Hunting (1997)
 
Хм, незнам, веќе секој збор е излишен на темава, секоја реченица е како уште еден куршум... ќе ти беше роденден денес, а неможам да ти донесам цвеќе.
Знаеш уште гледам кон ноќното небо, секоја ноќ, барам едни очи, една насмевка, барем неколку ѕвезди што би направиле соѕвездие, но... те нема...

Каде и да си, cya soon...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom