Денес еден колега ми пиша дека во очите ми се гледало дека не сум повредила некого...
Ќе морам да го разочарам и да му соопштам дека греши и дека го лажат очиве...
За миг бев горда на таа негова констатација, ама подоцна сфатив дека барајќи начин да се заштитам себе си - да не бидам повредена, те повредувам тебе...
It's like there's rock bottom, then 50 feet of crap, then me.
Единствено шо ми е мило, што сум свесна за некои работи повеќе од секогаш.
***
Не го споделив ова со тебе, ама синоќа дур седевме на улица и пиевме спрајт, се осеќав ко да сум на седмо небо.
Седната на улица - бев на небото.
За тоа чувство, си одговорен само ти. Kaкo и за многу други чувства.
Летово полека се ближи, сакам многу вечери како онаа вчера, убаво ми е со пеперутки во стомакот, убаво ми е кога гледам дека сме толку слични во некои работи, па ми се крши филм дека сме различни

Сладок си, особено коа се доаѓаш по мене иако двајцата сме скар! Сакам коа ми попушташ, и коа се срамиш да ми кажуаш ствари.

Ми се допаѓаат нашите спомени за првиот бакнеж, а и сите наши спомени...
Толку си ми близок, дел од мене си...
И пак ќе ти кажам, се надевам дека некогаш ќе успееш да се погледнеш себе си со моиве очи, да согледаш колку си.... совршен.
Ај идам сеа да глеам чармд, да научам некоја финта за глеање низ туѓи очи

Те сакам скроз :*