Од самата помисла на датумов, ми се лоши... Кога ќе помислам низ која болка поминував, во која положба те ставив тебе, колку те повредив и колку бенадежно се чувствував..
Кога ќе помислам како ми се рушеше све пред очи, кога ќе помислам дека требаше да се откажам од се шо имав со тебе...
Го мразам тој дел од животот, но знам дека токму тоа не натера да успееме да стигнеме толку далеку. Знам дека научивме да го цениме секој момент, дека научивме да се бориме еден за друг...
Не можам да кажам дека сум благодарна за лекцијата, би сакала работите да се поинакви.. Ко за почеток, да имам стан

Среќна сум што тоа помина, што имаме толку убави спомени заедно, неспоредливо повеќе се оние убавите за разлика од лошите.
Совршени моменти, спомени кои ме исполнуваат со среќа.
Не дека судбината не не ставила на многу тестови и искушенија, не дека не сме поминале низ сито и решето, ама биди силен, покрај мене, а јас ти го ветувам рајот во мое пакување...
Џабе ти кажувам дека те сакам, тие зборчиња се премалку за да опишат што се чувствувам за тебе... И знам дека ме сакаш, прв пат во животот всушност можам да почувствувам дека некој ме сака.
Ме вадиш од скрипт, а тоа почна да ми се допаѓа.
Извини за секоја непријатна емоција што некогаш си ја доживеал заради мене, ќе се потрудам да не се повторува тоа, а и ќе ти надокнадам секако.

И фала ти, што си онаков каков што си, што постоиш, што си покрај мене...
2 години заедно, сакам да бидат уште многу, вакви и уште поубави..
Нека доаѓа побргу летово, нетрпеливо ги чекам совршеностите што ни предстојат
:*