Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
4 години фиууууу поминаа одма, и шо е најинтересно од денеска, ги тргна предрасудите за fantasy филмовите. Глеш шубав е LOTR кој го зачекавме на Телма? Те пратев како со внимание и интерес го гледаше и ептен ми се напрај кеф.
 
Последно уредено:
ти вријам и ке те истепам, и не е во врска во љубовта ова шо ти го кажувам оти не те сакам, не знам ни дали сум те сакала, одвратен ми си и ме иритираш ама ете не знам оти едноставно не можам да те игнорирам
 
Штета

Без чувства се будам во градов.
Гледам без очи и спијам без сни.
Ми се чини дека дождот ги
преплавува последните чисти
бетонски површини на срцево
што мирува од љубови и нарави.
Утрово не те познав.
Сонливо се ѕверев во твојот туѓ лик,
дур лебдевме во мала соба,
некаде никаде,
меѓу куп
чајници,
часовници,
романи
и хипи времиња...
Од кои далечни галаксии дојде ти со тие очи?
Кои ѕвездени ветрови ти ја закотвија
душата во тоа кревко човечко тело?
Каква штета, каква штета,
помислив и заспав
во градот во кој се будам без чувства,
гледам без очи и спијам без сни.

-Quentin Scribbler
 
Што и да ти пишам, залудно ќе е. Доволно беше една реченица и да испливам на површината од морето на надежите. И сега пак сум горе, дишејќи ја реалната слика за светот. Нашиот свет, кој не постое. И после ова, не ме прашувај зошто неќум поклони од тебе. Задржи си ги, јас барам нешто повеќе од предмет или материјална ствар. Сама ќе си го купам тоа, а ти купувај и ги на некоја друга. Мене ми треба љубов. А тоа не можеш да ми го купиш.
 
Оти секој ден ја гледам мојата прва љубов со дечко и? Како казна ми е! Кај и да поминам морам да ги видам заедно за рака фатени... :place:
 
Укопчав... Најтешко е да ја пуштиш личноста која си ја сакал да ја пронајде својата среќа.. да знаеш дека ти не си дел од таа среќа... и едноставно да продолжиш понатаму, иако се те потсетува на таа љубов... да се бориш секој ден со љубовта која живее во тебе, а знаеш дека е готово, дека е крај... а никогаш нема да заборавиш, никогаш нема да преболиш... само ќе се помириш, ќе се надеваш дека ќе биде среќен каде и да е....со која и да е... иако тоа те распарчува, само сакаш да е среќен...
Те пуштив...
 
Here we go again...

Знаеш,ти кажав дека те меркам од поодамна...Го знаеш мојот став за денешниве цури-уфилмани фуфици,шо слушаат "рап" и турбо-фолк. Токму така почна и се,бидејќи реткост се девојчињата денес шо слушаат Fugees,Salt-N-Pepa,Biggie,не се секој викенд начукани на штикли 20-ка и сукњи шо повеќе откриваат отколу шо покриваа, а притоа не се креваат во облаци и не се прават многу попаметни од другите(иако според моето мислење се) Кога го остваривме првиот контакт пред 2 недели,ни од далеку неможев да претпоставам дека за толку кратко време ќе се приврзам за некој,особено не по сите глупости шо ми се имаат случувано порано и сите бариери што ги имам поставувано...Знам што ти беше у мисла преѓеска,истото го мислев и јас ама мислам дека е прерано да се кажат некој работи. Ако до пред неколку денови најтешка работа ми беше станувањето у 7:30 за факс,сега дефинитивно ми е тоа да ти кажам чао кога треба да си одиме(можам да замислам само како ќе биде кога ќе си одам у СК и нема да си дојдам 2 недели). Сега засега ни оди супер,ми кажа и преѓеска-прекрасно се чувствуваш,епа и покрај тоа шо глумам најискулиран тип на светот,да знаеш дека вријам од среќа во себе кога сум со тебе и мене ми е дупло подобро кога сум крај тебе...Сакам да ни се множат деновиве ко денес,кога бевме веројатно најубавиот(и единствениот) пар во парк,и покрај тоа што премрзнав како п(т)ичка си поминав прекрасно. За крај,морам...10 години си ја барала песната,а преѓеска у кола ја пуштив случајно од мобилен и се испозапали како мајмунче на банана...Нема никогаш да ти ја заборавам реакцијата,беше апсолутна прекрасна во тој момент(не дека не си инаку,ама тоа беше навистина special)

 
Колку човек треба да е силен за да се откаже од некого , за тој да си ја најде среќата?
Понекогаш се прашувам колку животот може да се исплетка, па ти можеш да го отплеткуваш со години и никако да не се отплетка.
Колку тежи самотијата наспроти несреќната љубов или колку тежи насмевката наспроти милниот поглед?
Кој пат да го фатиш, надоле длабоко, нагоре високо?
Некако само прашалници во главава, само празна слама...
 
Мислам дека си ја препознав девојката на форумов.
Редовно ја следи најдепресивнава тема на форумов и тоа ме загрижува. :D
Многу е фина овде дури и кога е во ПМС за разлика од мене кој сум говедо секаде. :D
Срцка...:love:

Кхм, кхм треба да разговараме за некои работи што ги прочитав.
a54f46b9fa5f7e0dbbf8cb43157ecf65.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom