Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Три месеца на р'це ме носеше збрана, а моите очи гледаа само на една страна. И како некој жар на срцето да ми стави, Пацо, ќе се најде ли доктор од тебе да ме истави. Вечна слава на Ацо Шопов :icon_lol:
 
ne сакам да ти кажам ништо.. се си знаеш веќе...сакам само онака да те задрам..може ќе има успех кај нашава телепатија...а и да нема сосема е небитно... bye
 
се може да е толку едноставно и убаво како и песнава,а кај мене е се толку тешко.Имаш шанса да ги избегнеш тешкотииве,сигурно со некој друг е полесно,а и бројот на месеци е далеку од двоцифрен.Немам повеќе зборови,само грутки...
може еден ден ќе се смееш на сегашнава состојба и тоа што следи,и ќе си речеш која будала сум бил..а можеби заедно ќе се смееме и ќе се сеќаваме на свирчето.мхм
 
Ах, ме излудува ова твое мистериозно однесување. Посебно ми е чудно што преку друга личност прашуваш за мене, кога наjубаво можеш мене лично да ме прашаш. :icon_lol: Навистина ме спобудале... :X3:
 
не баш во врска со љубовта, туку со љубовните глупости...
Хух океј, how to put this one. После цел ден работа, aftermath во SCM, рандом гужва... И замисли во цела таа гужва, во цела таа голема површина ти се појави пред мене, зачудена и изненадена. Ме погледна со тие курвински очи, ми кажа: Еееј „моето име“, име кое ме дефинира како тоа што изгледам, или некое твое бледо сеќавање на тоа што бев, а не тоа што сум, овој јас, кој ти го претвори во најладното чудовиште некогаш што ќе го сретнеш. Еј после 2 години?! Што сакаш веќе? Не ти беше доволно тогаш? Не скрши се за што се залагаше тогаш? Па кој кур веќе сакаш? Ете ти го твојот дечко сељак, еден од тие таквите што ги мразеше, ти текнува? Ау да, јас ги слушав тие муабети, добро го паметам секој збор. И одеднаш пуф, ние исчезнавме, не постоеше веќе тоа ние. Да останеме другари, останавме или поточно останав другар и секогаш останувам, знам да ценам за разлика од многу како тебе. Се додека не ми го сврти грбот кога ми требаше, кога исцеде се што можеше. Кога јас се свртев го осетив тој нож низ моето срце. Радо би потрошил неколку куршуми во твојте гради, чисто онака да видиш колку е тоа интересно да си празен, само да знаеш како се осеќам. И тогаш, во тој момент се сетив од каде почна моето самоуништување. Ех да, верував, верував дека можеби пак ќе сме заедно, секогаш таа лажна надеж. Надеж веќе немам, за ништо и никого. Тоа е само глупа илузија извајана од очајот на луѓето, тоа не постои. Али пази, немој повторно да ми излезеш пред мене, со таа насмевка и тие очи. Не, сега ќе познаеш кој е психопатот во целава оваа приказна, сега ќе видеш како е да почнеш нешто, а некои други да го довршат. Комплетна трансформација, ќе ти го срушам целиот твој свет над глава, целата таа совршена идила ќе исчезне. Порано немав срце тоа да го направам, а сега, сега веќе немам ни срце... Ако се вратам, ти ќе си прва на списокот, а знај дека не си и единствена, веќе доволно беше да ми го гмечат вратот. И да, продолжете, ништо не осеќам, само закопајте ме под 10 метра земја, затоа што ако излезам ќе нема место за да се скриете...
 
Ми фалиш, многу... Не сум те видела месец и пол, многу е... :place: Преку глава ми е од овие печалби во странство веке! :mad:
 
Sve okolu mene e smeneto, samo ti ostana ista. Denes uspea, mnogu sum gord na tebe a i veruj mojata ljubov kon tebe sekoj den e pogolema.
 
Почнувам да изгледам патетично...Почнуваш да ми навлегуваш под кожа...се повеке...секој ден..
Ми шеташ по мисли..ми чекориш по срцето без престан.Душата ми гори по тебе...По твоите прегратки,по твоите бакнежи,ми фали твоето галење по мојата коса,и твоето Те сакам најмила моја.
Ми фали и кога ме носиш во раце...И кога ме држиш цврсто...Ме излудуваш...Ме допираш без да ме допреш.Кога ке помислам на тебе веднаш го имам оној израз на лицето...Заљубениот израз,ко тинејџерка....Си велам:Леле па јас сум луда по тебе...за толку краток период..
Никогаш се немам така чувствувано,ми го промени животот.-како што умееш да ми кажеш ти така и јас велам сега...Ме промени...Не знам на каде ке оди сето ова...Не знам до каде ке дотуркаме...Но,прекрасно ми е со тебе...Иако си толку далеку.Сепак си толку блиску.
Се радувам како дете на лижавче...кога ке се појавеш од некаде и ке ми кажеш колку многу ти недостигам.И ти ми недостигаш...Секоја измината секунда,минута,час...Времето без тебе поминато ми е цела вечност.Копнеам за да те видам,да се припијам во твоите прегратки,како пред некој ден...

Доволно беше...Следен пат ке се вратам со песна составена за тебе...
 
Τе мразам поради тоа што си ми длабоко под кожа. Поради тоа што си причината што ја слушам глупавата убичемеромантика песна, "Iris". Поради тоа што не се разбирам самата себе. Поради тоа што ме буниш. Цркни, испари таму некаде, смени агрегатна состојба, аман.
 
Мене добриот однос со тебе ми е побитен од било каков документ и било колку пари. Не сум несериозна и неодговорна, само не сакам да ни се изладат односите за нешто што со текот на времето ќе си дојде на место. А ние вака ако продолжиме, потоа враќање назад нема.
 
Да не постоеше ќе наредев да те измислат:pipi:
 
Дека сепак сум ти благодарен и се гордеам со тебе иако разочарувањето и горчината се големи но не поголеми од твојата љубов кон мене затоа бидејќи си далеку и читаш-немој да се чувствуваш виновна, немој никако тоа само биди задоволна и среќна а твојата радост е и моја.

П.С ќе те посетам ако виорот не ме фати а дотогаш знај едно срце чука за тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom