Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе ме интересира зашо сум избришан.
Пишав дека ми е многу интересно кога со партнерот си прдиме заедно. Па тоа е еден момент на блискост и споделување момент. Јас го сакам тој момент. И убаво ми е коа праам такви ствари со девојката. Не знам зошо ме избришавте. :)..
Не е убаво. Ај сеа јас вас да ви бришам прозните љубовни текстови. :)..Ве молам не иде така...кој беше модератор на темава ...крејзи ин лав?...ма дај крејзи не зезај :)

Значи на секои две недели отприлика, пишувам на темава правила и тоа како треба да се пишува на темава. Ете ги правилата, а подоле имаш пост од ВикторГГ кој многу убаво кажа во врска со темава. И те молам не реплицирај, прочитај и ќе сфатиш зашто ти беше избришано мислењето.:smir:

Бидејќи гледам дека пак почнаа да се забушава на темава, повторно мало потсетување. Обидете се на темава да бидете покреативни и пишувајте повеќе од една реченица. :smir:

ВАЖНО!

Од денес,темава поинаку ќе функционира.

- Прво сите постови кои содржат само смајлиња се и ќе бидат бришени.
- Второ приметив и доста оф - топици и сеири.Секое мислење кое ќе искажува љубов спрема саат,телефон и слично ќе биде бришено.Не мора да пишувате колку да напишете нешто.
- Трето,би ве замолила да бидете малце покреативни и постовите да не содржат само два збора. Сепак овој подфорум не е играчница и не треба да служи само за билдање постови.Исто така има членови кои имаат доста мислења на темава,но 95 посто од тие мислења се со содржината : Те сакам и ми фалиш.Не мора секој ден да пишувате те сакам.Барем потрудете се да бидете различни и креативни,а не постојано во секој пост постојано да се повторувате.


Благодарам на внимание.:pipi:

П.С. Не реплицирајте на постов.:smir:



Да нема постови од овој тип:

Темата стриктно вели, сакам да ти кажам дека... и на таква реченица не може да се продолжи со “...потрокал“. Во ред, да разберам дека има некој концептуализам но членовите кои пишуваат тука не се Бада. Се` што има на темава се бљувотини од немање работа. Во ред, и тоа го почитувам, форум сме, но затоа постои одделот ЧДА, играчница или политика и вести. :wub: Темава, сигурно се сеќаваш, некогаш беше место каде оние кои навистина имаа што да кажат го кажуваа тоа на начин допадлив за некого. Ваквиот принцип на функционирање на темата ја изместува од нејзината вистинска форма. Љубовта не е секојдневно известување на светот дека сме се слушнале по телефон. Извртена е смислата на зборот, како порно филм на ТВ во 4 попладне кој пропагира дека сексот е лижење, пушење, вагиналена и анална пенетрација и тоа исклучиво по тој распоред.

А јебем му матер, и онака ако не се избламира чоек тука, ќе се избламира на друга тема. Рокајте момци и девојки, Крејзи е суд овде, ако не ви се свиѓат не идајте. :helou:

Едитирано од Крејзи ин Лав - Малце го уредив фонтот, за да се чита поубаво, затоа што најубаво е кажано во овој пост, за да не пишувам и јас, Виктор кажа се што требаше да се каже и ве замолувам без натамошни дискусии и реплицирања држете со до темата, а убаво прочитајте го постов.:smir:
 
Ок дада Крејзи :)...
Разбирам...и еве едно шмекче до тебе...одамна ти неам упатено
 
Те сакам ми звучи веќе излитено, безначајно. Ќе се обидам да ти објаснам што си ми во животот, иако не верувам дека ќе најдам зборови да ги опишам оние моменти и чувства кои ги имам во себе, за тебе, само за тебе.
Жал ми е што ми требаше толку време да се сетам колку жртви сме донеле за нас, сме вложиле во таа идила, која за момент сакав да ја срушам. Прости ми што се сомневав во моите чувства кон тебе, тоа е најголемиот грев што можев да го направам. Заслужуваш толку многу повеќе од она што ти го пружив последниов период, но сфати ме, го направи најлошото, ми ги одзема крилата да летам, она за што цел живот се борев, и ме стави во кафез.Златен кафез во кој на почетокот се чувствував толку сигурна и сакана, но со времето кафезот ја доби сивата боја, а ти не ме пушташе однатре.
Врати ми ги крилата, верувај нема никогаш да одлетам. Моето место е тука, покрај тебе.
Знам не секогаш ти било лесно да поминеш преку моите каприци, но ова е тоа што сум, неможеш да ме промениш, сепак ова е онаа која ја засака. А ти, ти си оној покрај кој сакам да заспивам, покрај кој сакам да се будам.Ти си тој што сакам да ми ја држи раката додека плачам, да се радува со мене кога сум среќна.
Сега, можам само да ти ветам дека секогаш ќе имаш место во моево срце.
Твоја Ј.
Секогаш твоја Ј.
 
I love you baby, and if it's quite alright, I need you baby to warm a lonely night, I love you baby, trust in me,when I say....
 
Исти песни, ист датум со истата болка... повторно секавања, ништо неможе да ме отргне од тебе. Залудно пробувам да не мислам на тебе, малку е да речам дека СЕ ме потсека на тебе.. животов шо го живеам ме потсека на тебе.. паднав на дното, неколку месеци мислев дека излегов на површина и бев срекен повторно, велејки дека никоја немат да сакам колку шо те сакав тебе, но сето тоа беше заблуда, сега, коа повторно животов ме наврака на тебе гледам дека не сум ни помрднат од дното, површината е далеку, незнам кога и како и дали некоаш ке излезам на површината, премногу си длабоко во мене бе, зошто бе.. Незнам шо ке праам на пролет, кулминација од чувства, болки, спомени се во пролетта, сите наши тајни се кријат во пролетта, мирисот на пролетта ме потсека на тебе.. ке помине и пролетта, и повторно ке заживеам, можеби. Повторно ке помислам дека сум жив, дека сум те заборавил.. Тука е есенскиот ветер, ке задува, и повторно ке го разгори огнот, што не бил ни згаснат, туку цело време горел тивко. И повторно истата приказна, но до кога?.. до кога ке ме прогонвит оваа болка?.. само прашање на време...
 
Боли..како никогаш што не болело!
Патетика,глупавост и гордост!
I'm so glad you're gone...
 
I learned to carry on..
I learned to face another day..
without her, without her trace..


------

Today. Today I felt a feeling. A feeling I used to know..
Dont wanna loose it, just wanna keep up the way we're aheaded.

Te сакам. (L)
 
Најмила... новиот живот ми налага да се оддалечам, но љубовта ме тера да мислам на тебе. Ги напуштам полека границите на сето она што го градев изминативе месеци. Го заклучив некаде во спомените да ме присетува на еднаш кога бев среќен. И сега сум. Но на различен начин. Не ми е потребно твоето присуство во мислите. Самите спомени се доволни за тоа. Морам да продолжам таму каде што застанав пред неполна година. Ти благодарам што беше дел од мојот свет, ама пред се`, ти кажувам збогум но не и на пријателот. Постоиш сеуште но во друга форма. Жал ми е само обајцата што не ја видовме светлината заедно. Сепак нема везе... ќе ја видиме секој засебно ти ветувам. И нашите лица ќе створат насмевка каква што заслужуваме.
Тука ги закопувам последните зборови до тебе најмила. Ако некогаш патиштата ни се вкрстат, насмевни се, без копнежи. Тоа е сосема доволно да бидеме доволно блиски без никој од нас да пати. Те љубев тогаш, те сакам сега, пријател засекогаш.
P.S.
Знаеш...
*насмевка*
 
Не ти требаше тоа синока...никогаш не го цениш тоа што се трудам...и да ти кажам за тоа што се лутам не се банални работи,крајно време е да сфатиш и ти како одат работите и дека не е проблемот од .......:uvo:,доста ми е од тоа твое кревање мислејки дека се знаеш и дека се си видел во животот,па ти немаш чуства бре човек:nesvest:...а ме натера и јас пак да бидам ладна како камен...фала...да знаеш дека се сменив и тоа само за 1 вечер....I'm not the same anymore....
 
Можеби е прерано да го откријам, чувството кое сеуште не е спремно да љуби. Но,таа светлина на зората, макар и колеблива, е реална. Реална како надежта која времето треба да ја потврди.
Си носам измешани сомнежи на радост и страв, а како преполовен сум кога не сме заедно.
All I want is with me when you're near...

V.

 
Љубовни песни и ти во мислите уште во 8 сабајле.
Чекам да станеш,за да ти пратам смс,и чекам да дојде вечерта,за да те имам повторно во моите раце.
И гушкам :zlo:

Хм...деновите почнав да ги гледам како "Ден кога ќе ја видам Кате" и "Ден кога нема да ја видам".
Саатот пак,на "часови додека повторно сум со Кате".

You are the sweetest drug,and I can't ever get enough!
:смајли_што_гушка: :love2:
 
Ти текна да се вратиш во Македонија? Одлично.
Ме побара уште првиот ден? И повеќе од одлично.
Ќе се видиме утре? *me is the happiest girl on the Earth*
 
Пак ќе чукаш на мои порти, ако еднаш ти отворив незначи дека ќе ти отворам пак.

Am I so unkind? Yes, I am. :)
 
Не излегов денес не договорив ништо само за да се видиме зашто знам дека следната недела нема... а ти доаѓаш кај мене и ми викаш дека ќе идеш во кафан со твојот клас... и што јас?! Дома.
Ме напна премногу се вознемирив премногу ама не го покажував тоа.
Кога ќе излезам јас така ненајавено немој после да се лутиш...Требаше да кажеш порано за да си излезам и јас а не да дремам дома цел ден!

:cry::cry::cry:
 
Од едноставни
зборови
во овој
значаен пост
да ти
кажам дека,
иако вака во стихови
нервира
јас
те
сакам.

И
убаво е
секогаш е
убаво.
И ти
и јас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom