Сигурно утре ќе бидам растрчана наваму-натаму па сега тука ќе го напишам мојот последен пост за оваа година...
Тој пост ќе биде за тебе, љубов моја.
Оваа година ќе ја паметам по тебе. Ми се случија 3 прекрасни работи поврзани со тебе: те сретнав, те запознав, те засакав...
Поубаво нешто не можеше да ми се случи...
Сега си го вртам саатот неколку часа напред и не замислувам нас двајцата заедно, сами...со тебе ќе започнам нова година.
Колку сум среќна што те имам...
Јас и ти сме си сродни душички и секогаш ќе си се сакаме. Сега од кога се имаме еден со друг ти си најсаканиот дечко на цел свет, а јас сум најсреќната девојка...
Сега спиј ми мирно како бебе, имаш засекогаш ангел чувар што ќе те сака.
Исто така, во мојот последен пост за оваа година сакам на сите кајганџии да Ви ја честитам новата, се она што треба да биде заборавено нека го однесе старата, а она убавото нека ни биде само уште еден MEMORY што вреди да се памти. А во новата да ни се случуваат само убави работи...
И сакајте се...