*
Денес е денот кога се затворија портите на љубовта пред моите очи, пред мене сама, битието во мене денес плачеше, детето се изгуби, девојката се затвори во себе, жената седна и повторно се проголта.
Денес е денот кога се што научив изгуби смисла, допирот и сите мои сетила не можат да ми го надоместат тоа што го изгубив, мирисот на нивните парфеми, вкусот на нивните усни.
Болка е кога разбираш дека си повредил, дека те повредиле ... но ударот се чувствува многу покасно, многу потапо навлегуваш со сопствениот нож во слабините.
Скоро да почнав да ги величам калдрмите над Црна Џамија, старата чешма.
Се чувствувам ранливо, имам потреба од љубов, потреба од заштита, потреба од се ... желба, скоро само сон.
Да се будам и да заспивам за некој, но тоа го нема во мојот живот, сама бирав што ќе уништам, што ќе воспевам.
Емоции, кога си дозволувам да чувствувам, се појавува моето минато, во целата своја величенственост, со сета своја сила.
Колапс на срцето.
Да, сакам да љубам ... сакам конечно да си дозволам да бидам само девојка која некој љуби и е од некој љубена.
Доволно беше!