Ај нека ти е честит тебе љубилејот- година и осум месеци во врска, и нека ми е мене среќен љубилејот година и шест месеци во мизерија... (главно поради тебе).
Те видов после шест месеци... Подобро да не те видев. Не дека разбуди нешто во мене, туку пак така проклето лошо изреагира... немам зборови, што и да кажам веќе е кажано претходно. Можеше барем да се насмевнеш, ништо не сум ти згрешила... Што сум ти згрешила? Што те сакав? Па дури и се повлеков од твојот живот да не бидеш во напната ситуација цело време... Ама кој го цени бе тоа... Важно се поздрави со мене како со некоја што прв пат ја гледаш...
Ме разочара... навистина ме разочара...