Неќам да бидам црна точка во твојот живот, да ме памтиш по негативните работи и да имаш лошо мислење за мене. Немој да ми кажуваш дека немаш планови или не знаеш што да правиш. Мислам дека ти давам доволно простор - скоро 2 недели. Размисли убаво, знаеш и самата дека неможеме ние двајца да бидеме другари после сето тоа што го имаме направено, после сите спомени...
Незнам вчера вечер дали ти пристигнаа поракит оти не ми врати никаков знак, но знаеш дека се би променил само за да бидеме двајцата заедно - ако ова не те прави задоволна тогаш ке направам било што за да бидеш само ти среќна (ако ова го прочита некој мој поблизок пријател или колега ке ме убие оти сум папучар)
п.с. не си давај надеж дека ако сега ме откачиш после 2/3 години кога ке се видиме ке бидеме заедно, т.е. има шанси ама нема да имам доверба како претходно, нема да гледам некоја иднина во таа врска како што гледав претходно. Искористи ги сега овие моменти на слабост кај мене за да ти простам. Ти кажав и сабајле - знаеш и самата дека врската сега ке ни биде подобра (и покрај тоа што и на претходната ни беше топ, ама апла никаква мана немаше освен тоа што искачавме само со твоите другари и тоа по кафичи - а знаеш дека јас не сум кафански човек - жалам тогаш) и ти мислеше поради тоа дека е монотоно?
до 28 можеш да донесеш три одлуки. Според мене најдобрата би била да си дадеш и да ми дадеш тест од неколку дена/недели.
Знај дека никогаш не сум љубел вака претходно и не верувам дека ке љубам некоја... Неќам да останеш мое сеќавање овој живот, туку моја инсипирација за живот...
Дури одкако те изгубив сватив колку те љубев...
и некам да си со мене поради сожалување, туку од љубов!
Јебеш, патетичен сум.
Не му пожелувам ова да му се случи дури и на тој што ке мава сеир на постов.
