Најмило,
Не се плаши од своите пороци и слабости. Од ништо толку не се плашат другите луѓе, колку од храброста на некој, да биде таков, каков што е.
Минатото навистина беше сјајно, но, во него повеќе не можеме да се вратиме. Мораме да ја прифатиме иднината и полека да се навикнуваме на неа.
Можеби ти се чини лесно да се каже ова, но доколку ме познаваш, а ме познаваш добро, знаеш колку многу ми е тешко, и по прв пат во животот, не ми успева да се снајдам во ситуацијата и да смислам начин, како да ја преживеам.
Знам само, дека секој ден без тебе, ќе биде страшен, ужасно ќе ми недостасуваш.
Многу, многу, мноооогууууу те сакам.
Јас.