Трпение спасение - велат старите.
Е па јас веќе немам трпение искрено да ти кажам.Знаеш колку те сакам и самиот си свесен, затоа што кога ќе погледнеш во моите очи ќе ја прочиташ и откриеш целата љубов која што ја чувстувам за тебе.Дури не е само во моите очи - се наоѓа и во воздухот околу мене и околку тебе...упс...да да и околу тебе.
Знам дека сакаш да го избегнеш мојот поглед и не сакаш да се соочиш со моите очи, зашто знаеш дека ќе ја откријам целата вистина.Вистина која ти ја порекнуваш,негираш и демантираш.Овој инат само на тебе ти штети.Но,сепак понекогаш успевам да го фатам твојот поглед и твоите очи усмерени во мојот правец,мислиш дека не знам дека ме гледаш?Ги чувствувам твоите очи на мене и кога ќе се погледнеме, нашите две души се спојуваат во една и љубовта е насекаде околу нас.
Штета што ти се бориш против тоа, навистина ми е криво.И не ми е криво за сите солзи кои ги исплакав за тебе,навистина не ми е,иако никој не заслужува да биде причина за нечии солзи,па така и ти не вредиш толку за моите солзи,но сепак тие течат како река за тебе.
Затоа верувај ми одрекнувај се што сакаш не ме интересира,јас не можам да чекам...
И запамти - дента кога ќе ме видиш среќна со друг , срцето ќе ти се изеде,затоа што можеше да ме имаш и можеше да ја почувствуваш мојата љубов,но ти одбра друг пат,одбра да бидеш фраер кој не чувствува ништо за никој,особено не за мене (а знаеш дека не е така) и ќе се прашуваш и ќе се надеваш,но тогаш се ќе биде отидено во неповрат.
А сепак ти ќе бидеш дел од мојата меморија и спомени,но сепак многу работи ќе паднат во заборав верувај ми.