Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Само кога тебе ќе ти текне? Само по дома со тие куршуми. Не дека ги силам работиве, али не е фер.
Лупнија тиквата од ѕид! Да ти се врати паметот назад.
 
Конечно сфаќам дена навистина те губам срц...
Неможам да го поднесам тоа навистина :(
Сакам само едно да знаеш срц.Колку и подалеку да одпатуваш од кај што си сеа јас сепак ќе бидам тука и секогаш ќе те сакам.И ќе видиш...не си само ти таа што може да има крила да лета.Ќе дојде и моето време,па тогаш ќе нема да можеш да ми бегаш во далечините. Те Сакам
 
Понекогаш ги мразам сопствените моменти на комплетно препуштање и емоционалност која што излегува од секоја пора, вечерва, на некој многу чуден начин, разбирам колку многу се контрадикторни, мојата природа, ладна и склона кон деструкција за повторно да добијам можност за создавање и онаа сила која што се прелива преку секој дел од мене додека постоиш.
Веројатно е премногу чудно и детерминирано за да се бориме со нешто, а да бидам искрена, единствената работа за која сум решена да се борам сме ние.

Love is the law,
love under will!
 
некако у последно време ти ја разниша мојата емоционална ситуација, што ме доведе да бидам збунет...
дали ме смени или што е работа... ама сепак, ТЕ САКАМ!!!
 
Едвај чекам да помине време и да дојдам да се видимеееееее:vozbud::vozbud::vozbud: ТЕ САКАМ БЕБЕ МОЕ :back:
 
Оф олку емоции во мене немало хехе или имало..Ама се чуствувамзбркано...Не знам и јас што ми се случува...Ама те мислам да знаеш, не треба , ама ТЕ МИСЛАМ..Се грижам, а не знам ни зошто се грижам за тебе..Сакам се да ти е погодено, а....Ај да не должам, тука има некој што ИМА што да каже.:kesa:
 
Нема причина што може да ме оддели од тебе.И да ме боли,ќе стојам покрај тебе,ќе те љубам,зошто незнам и несакам да знам за поинаку.Животот те фрли на мојот пат,јас сакам да го доодам со тебе.Имаме лоши денови,имаме кризи,но имаме и големо разбирање.Овој пат мене ми е тешко,но јас сум храбра,ќе издржам.Доволен ми е еден поглед и се да заборавам,ме познаваш како дишам.Те сакам и секогаш ќе те сакам,покрај се.
 
Драга моја, последнава една недела беше пеколна. Во врска со "љубовта" полесно е ако си напишам овде што мислам. Мсн муабетите се одамна оладени, така да овде мојот пост е неизбежлив.
Добро е кога во животот си имаш другари кои ќе ти ги отворат очите кога си најмногу заслепен. Не обвинувам никој од нив. На некој начин не те обвинувам ни тебе. Ама фактите се неизбежни, драга моја. Сопственото мислење треба да се потпира на одредени работи. Ако се лажни ќе покаже времето.

Знаеш зошто не успева ништо? Затоа што твојата цел е кревање на сопственото его. Не си ти виновна, јас сум виновникот во цела ситуација. Се доведов себеси во еден повторно проклет неубав четириаголник. Додека делиш совети те молам, советувај ја твојата врнежлива половина. Затоа што во еден момент си убав мајски сончев ден, во другиот се трансформираш во студена декемвриска ноќ.

Јас сепак ќе ти доделам совет, те молам - не си прави бајрам на умот.
На сите ни е убаво кога слушаме одредени зборчиња и за момент се чувствуваме дека сме доминантни врз некого.
Сфатив дека надежта е продолжување на маката. Ти ова протолкувај го најдобронамерно. Не сакам да направам да не ти биде добро.
Ама сепак, јас сум еден од низата обични луѓе. Не сум светец.
 
ааа.. и се наближува денот кога ќе те видам и ќе те гушнам најсилноооо.. :pipi: сакам да те видам.. премногу.. ти си мојата љубов... но нешто ме гуши во мене... чувствувам разочарување... незнам зошто.. незнам како... нејќам да биде како минатиот пат затворена сама дома.... а ти со мими и хонда... како и да е... не одам никаде...
 
Мило сакам да те прашам нешто и ако сфатиш дека ова прашање ти е упатено тебе, знаеш каде да ме најдеш :helou: Дали си свесен колку ме правиш среќна, а што е уште поважно задоволна? Денот ми го разубавуваш....:back:
 
sakam da ti kazam deka mnogu mi nedostigas mi nedostigaat tvoite pregradki tvoeto guskanje baknezite sto me obsipuvaat po celoto telo tvojatatopla snaga i vitko telo
 
Уметност е да знаеш на луѓето да им го понудиш она што го заслужуваат. Бара исто онолку трезвеност колку и емоции да се спознаеш каков си себеси кога си во туѓото присутво. Велат дека е љубов само она што те прави подобар човек.

Ќе направам грев ако негирам "добро" кое го извлеков сакајќи те тебе - силната желба да бидам меѓу луѓе за полесно да те заборавам. Надвор од твојата школка, ти нема никогаш да дознаеш колку прекрасни мали луѓе со волшебни стапчиња ми го чуваат сонот и колку тоа јас навистина заслужувам да бидам центарот на многу светови.

Од сите кои поминале низ твојот живот јас ти побарав најмалку, затоа не знаеше да ме почитуваш. Ама уметност е да знаеш на луѓето да им го понудиш она што го заслужуваат, а твојата неспособност да ја совладаш ќе ја препишам на твоето суперего. И сега низ напливот на восхит и внимание од тие добри самовили кои овој Декември ми го прават најтоплиот во мојот живот, полесно ја сфакам твојата ништожност.

Уметност е да знаеш на луѓето да им го понудиш она што го заслужуваат. Затоа и јас ќе ја применам истата... ќе престанам да те сакам ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom