Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Што е уште потрагично покрај десет пати поголемиот долг на бившите ју држави кој го имаат сега голем дел од јавните претпријатија во тоа време кој беа на некој начин и двигатели на економијата како рафинерии, рудници, телекомпании, пошти, електрани, прехрамбени фабрики, итн итн, се дадени под концесионерство на странски компании за смешни суми и уште посмешни рокови, кон не цицаат и си ги носат ресурсите дома.
Ете тоа,...една од причините за распадот на Југославија. Омраза немаше, омразата се створи ради профити со фирми и влијание на балканот (од дроги, криминал, бази...), интересите во светот се сменија (или се планирани одамна пред 80-тите), се сменија и условите, се јави омраза (под диригентска палка на странските силите кои понатаму учествуваа во војните во ЕксЈу као мировни сили), се јавија, кризи, нови дечки и се деси. Не смееш да просперираш ако не им платиш водарина на дрматорите белосветски...за да те водат.
 
Koлку побргу сватите дека Југославија веќе не постои и дека е само утопија..толку подобро за сите нас
 
Koлку побргу сватите дека Југославија веќе не постои и дека е само утопија..толку подобро за сите нас
Југославија не постои, нема ни да ја биде никогаш и тоа е ФАКТ!

Но сепак, темата е дека се живееше подобро и сепак не е лошо да се потсетиме малку и на тоа време(кој го фати де).
 
Мислам дека веќе еднаш овде кажав....СЕ ЖИВЕЕШЕ ПОДОБРО, да не беше така сега немаше да биде МИТ... одамна сите ќе го заборавеа тоа време.... :)
 
Koлку побргу сватите дека Југославија веќе не постои и дека е само утопија..толку подобро за сите нас

Чекај малце идејата за Балканска унија е напредна идеја зошто мислиш дека нема да ја биде еве нека си има држави ама границите да бидат слободни не задркавај и ти сега ,зарем треба децата наши да шетаат слободно като европски граѓани.

Цитро братче да не си хај ќе те сфатам поздрав.
 
живееа подобро пролетерите и работничката багра на кои спротивно економски природни и божји закони им беше овозможено да се лекуваат, школуват и стекнуваат имот исто како и ние бизнисмени и ентелигенцијата. Се немаше осет за правда и заслужна награда, на секој му се даваше плата, па им изградија и одморалишта, па полутки и зимници за нова година. Фала богу му дојде крај на такво безбожно општество и сега конечно завладее ред и поредок!!
 
Koлку побргу сватите дека Југославија веќе не постои и дека е само утопија..толку подобро за сите нас
Абе не постои ни македонското кралство, самоиловото, Византија, Персија, СССР, наскоро Белгија ќе стори нешто на тој план, САД за некој период гарант ќе се распадне...дал сите биле утопија и зашто СФРЈ била утопија, не знам.
А Македонија со вишенационални градови-држави, свои локални закони, поделеност до коска...како стоиме ние со поимот утопија? Денес евоциравме спомени -вино, сирење, кашкавал, полутки...синдикатот бар ни праеше кејф за до Нова Година.
 
Немало интернт у СФРЈ?

Дали оваа опаска беше на заебанции кажана?

:pos:

Дајте малку по сериозно дискутирјте, ве молам (ако тоа ви е намерата, секако).
 
Немало интернт у СФРЈ?

Дали оваа опаска беше на заебанции кажана?

:pos:

Дајте малку по сериозно дискутирјте, ве молам (ако тоа ви е намерата, секако).
Мртов озбилен е второто јас на дотичниот.:cool:
 
Одамна сфатив дека обично нема потреба да се дискутира со закоравени, трчачи по штафета, и обожавање на култови кон личноста. Одма се познаваат таквите. Го имаат тој Б.Ц.-Фрчко понашање-Слушај мали ти си рипал у татина муда кога јас бев у ЈНА 67-ма, и демек виделе многу работи и дека ако имаат 90 тоа ги лишува од ретардацијата што ја имаат. Обично со такви копуци избегавајте да дискуритате. Мозокот им е испиен уште од 1во одделение, со онаа

Прваче сум деца,
вистина е цела,
во жили ми тече
крв Титовска врела.

Букварот го сакам,
со книгите дружам,
на земјава моја,
верно ќе и служам.

Па тука имаш епопеи за другарот, како он бил најјак, како херојски со двогледот гледал што се дешава у Сутјеска, како ја плескал Софија Лорен на Галеб. Интересно е како поддржувачи на бившата СФРЈ се денешните анархисти, деструктивци, мрзливци, мрчачи против религии, општествени стеги и репресии, квазихуманитарци, глупи сељаци, да токму дел од тие што најмногу требало да се бунат тогаш. Тоа време им било супер ова време не име. Другарот имаше среќа што умре тачно на граница на негов личерн преврат. Нешто вака ќе му дојде тоа. Човек седнува у кафана, вика луѓе, нарачува царска гозба, јадења, пиења, кавијари и шампањска. И таман го довршува десертот, го фаќа гангрена на ногата, му ја сечат, и после тоа сепак умира. Сите викаат дека човекот знаел како да направи гозба. На тие слепци на масата не им е јасно дека there is no such thing as free lunch, и дека да не била ЦЕМЕА одамна ќе имало економски колапс. Не им е јасно дека Скопје ради за Београд да се гради, и дека 90-та година иамаме најзадна технологија на светот. Не им е јасно дека имбецили им ја водат државата само затоа што имаат презиме и дека колку и да си способен ако не си син на имбецил нема да просперираш. Не, нив им е битни-нишај врата, земај плата, 45 дена на Јадранска Обала и доволна платичка за едно Југце додека другарот (кој не е господин затоа што треба да е еднаков со сите), вози Ролс Ројсови, има 100 швалерки, 1000 вонбрачни деца, накит за да наките цел харем, уметнички фотографии, неколку палати и викендици. Само на куче коешто му фрлаш коска за цел ден да ти ја лиже раката му е подобро така. На прогресивен човек што чекори напред математиката му е фалична и не одговара и знае дека треба поинаку а нешто тука смрди. Не може 2+2=6 освен ако нема некоја опасна, злокобона детерминанта од кај што идат уште +2, што никој не ја знае ама на крај ќе си ја плати. И мислам дека се додека не го испратиме и последниот титов пионер во пензија, задоен од СФРЈ-изам, мрзливост, идолопоклонство и исцицан мозок, и секако паразитизам (а тоа е малтене мојата генерација +-2,3 години) нема да има прогрес. Тоа семе на ментално уназадување (како во песната на Рибља Чорба-Како је лепо бити глуп посветена токму на оваа тема) мора да се искорени. Нарочито на младите им го упатувам тоа. Почитувајте ги постарите поради искуството и годините, ама земајте се со резерва нарочито кога ќе сакаат да ви наметнат некоја општествена работа како на пример марксизам, СФРЈ, Тито и остало. Прочитајте, образовајте се, научете и самете донесете си заклучок. Не ги правите нивните грешки, можеби и ненамерни заради тогашното информативно слепило, да дозволите да ви го програмираат мозокот, да ви ги ископаат очите и да ве мелат по нивни принцип. Барем не сега во 21 век.

http://www.mojvideo.com/video-kako-je-lepo-biti-glup/717b3b2abeccbcb8801b
 
Не им е јасно дека имбецили им ја водат државата само затоа што имаат презиме и дека колку и да си способен ако не си син на имбецил нема да просперираш. Не, нив им е битни-нишај врата, земај плата

Секоја сличност со денешницата е .... (не)намерна....:D
 
Секоја сличност со денешницата е .... (не)намерна....:D

Затоа пишав

И мислам дека се додека не го испратиме и последниот титов пионер во пензија, задоен од СФРЈ-изам, мрзливост, идолопоклонство и исцицан мозок, и секако паразитизам (а тоа е малтене мојата генерација +-2,3 години) нема да има прогрес.

Доста добар (ако не и поголемиот) дел од денешниве се од таа елита и школа, или истите луѓе или нивните синови ќерќи, од на црно приватизирани претпријатија до докторски, правнички кланови итн...
 
Ако во СФРЈ се живеело толку лошо тогаш зошто се вработувале на 18 годишна возраст и на 25 годишна возраст почнале со куќа градење, со пари што сами си ги сработале.

И сега можеш на 25 години да изградиш куќа ама да си мамин и татин син, со пари обезбедени на готово...
 
Ако во СФРЈ се живеело толку лошо тогаш зошто се вработувале на 18 годишна возраст и на 25 годишна возраст почнале со куќа градење, со пари што сами си ги сработале.

И сега можеш на 25 години да изградиш куќа ама да си мамин и татин син, со пари обезбедени на готово...
то е неприроден процес, вештачки, исто ко да велиш “еее ко можеа во среден век да се мажат на 13 и да раѓаат со 14 години“
Капитализмот е природна појава, природен закон, неумолив непоколеблив, комуњарите сакаа да го изиграат, како на пример маж шо ќе си напраи операција да биде жена али не може да раѓа. То ти е комунизам, жена која беше маж неспособна за пород.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom