Во што веруваат атеистите?

  • Креатор на темата Креатор на темата МАЈОР
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен пост, но нешто ми боде очи, Првата болдирана реченица и втората хипотеза, пулсирачката (која мене лично ми е поверојатна) се контрадикторни. Значи во тој случај би постоеле бесконечно многу биг бенгови. Науката сеуште не знае што било пред биг бенгот, а и самиот сингуларитет како единствена маса од субатомски честици не е потврдена, мое мислење дека таков сингуларитет не постоел и дека биг бенгот не бил баш таков. А и можните сценарија не се само три (стринг теоријата, мултиверзум и тн...), повеќе се а и прашање е дали и воопшто било која од нив е точна. Можеби е комбинација од 2,3 или повеќе а можеби и ниедна. Сепак мое мислење дека универзумот (мултиверзумот) нема ни почеток ни крај. Би ти препорачал ако не си ја читал „Активната страна на бесконечноста“ од Кастанеда.
Поздрав
Времето и просторот, тие сигурно имаат почеток. :)
 
Универзумот кој во отсуство на Бог им создава многу проблеми со сите познати закони во физиката, математиката, информатиката па и логиката.
Блавос.

Јас викам дека воздухот е составен од 50% железо.
--- надополнето: 19 април 2012 во 14:52 ---
Грешиш, немаат
О, и тоа како имаат.

Еден од најдобрите примери за тоа се црните дупки, кај кои иако времето и просторот не престануваат да постојат, тие се премногу "густи".
 
Ајде тогаш кажи како тие црни дупки влијаат да има почеток на времето и просторот (не е целиот универзум црна дупка) и кога е тој почеток.
 
Ајде тогаш кажи како тие црни дупки влијаат да има почеток на времето и просторот и кога е тој почеток.
Логичен заклучок е дека црните дупки се масивни тела, кои можат да станат уште помасивни.
Теоретски (затоа пишав, како близок пример) можат да станат толку масивни, што времето околу нив би престанало да постои.
 
Но не и надвор од нив, а целиот универзум (мултиверзум) не може да стане црна дупка. Значи не ти држи ова
 
да прашаш „во што веруваат атеистите?“ е како да прашаш „како се крстат муслиманите?“
:pos:
 
Кога се збори за универзум концептот време не се употребува од едноставна причина што тоа е релативна работа, бидејки ова време што ние го знаеме на земјата не е исто со времето доколку би се наогале на Марс или Венера а не пак да е исто во некој звезден простор.
Затоа не може да престане да постои нешто што не постоело ни на почетокот.
 
Но не и надвор од нив, а целиот универзум (мултиверзум) не може да стане црна дупка. Значи не ти држи ова
Целата материја во универзумот може да се собери на едно место, со што престанува постоењето на времето и просторот. Повторното ширење од таа точка, започнува нов време-простор континиум.

Факт - Нашиот Универзум се шири побрзо од брзината на светлината. Во простор-време континиумот не постои ништо побрзо од брзината на светлината. Простор-време континиумот се шири.
Што значи, времето и просторот имаат почеток. :)
 
И толку од фактите, само болдираното. Од тоа не можеш да изведеш друг егзактен заклучок. Сете друго е само твое лично толкување и верување.
 
Не, не е мое толкување.
Универзумот навистина се шири побрзо од брзината на светлината.

Ти ги набројав фактите, слободно провери си сам.
--- надополнето: 19 април 2012 во 15:25 ---
vo nisto ne veruvaat i vo samite sebesi ne si veruvaat.
Подобро така, отколку да верувам во лага.
 
да прашаш „во што веруваат атеистите?“ е како да прашаш „како се крстат муслиманите?“
:pos:

А зошто е потребно да се верува во нешто.
И зошто вие верувате во Бог. Поради страв од неговиот гнев или ...
 
Не, не е мое толкување.
Универзумот навистина се шири побрзо од брзината на светлината.

Ти ги набројав фактите, слободно провери си сам.

Подобро така, отколку да верувам во лага.
Добро де тој факт не го спорам, заклучот кој го изнесуваш од него е неточен. И јас тоа велам подобро да не верувам во ништо отколку да верувам во можна лага.
 
Во сигурна лага,да те корегирам ако не се лутиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom