А зошто пак на атеистичките верници им е толку тешко да прифатат или во најмала рака да го земат како можна претпоставка дека Бог е вечен, а вечноста на материјата ја прифаќаат безусловно?
Одговорот и на двете прашања е вера. Тоа е темелната појдовна точка од која што тргнуваат и теистите и атеистите.
Сепак има еден проблем со вечноста на материјата и универзумот. Познато е дека во ѕвездите водородот неповратно се троши, а со тоа и ѕвездите согоруваат. Ентропијата се зголемува, потенцијалната енергија преминува во работа, универзумот се стреми кон топлотна смрт. Доколку минатото на универзумот е бесконечно, тоа значи дека топлотната смрт на универзумот би требало да се десела во минато бесконечно време. Но не е така, ѕвездите се уште светат.
Единствен разумен приговор на ова е теоријата за пулсирачки универзум, која воопшто не е теорија, туку само научно-фантастична замисла. Не може да се нарече ни хипотеза, затоа што не содржи ниту еден елемент од класичниот научен метод.
Минатото на универзумот не е бесконечно. Постои теорија на сингуларитет, појдовна точка од која почнал универзумот, по биг бангот. Додека универзумот е познато дека се шири, постојат три можни научни хипотези кои се валидни и можат да се наречат хипотези затоа што се базирани на феномени кои можат да се опсервираат.
Првата хипотеза е дека универзумот се шири додека сосема не се олади...
Втората е дека пулсира...
Третата е дека гравитацијата константно го "стига" универзумот додека не стане скоро статичен, всушност лимес за поминат пат кој тежнее кон 0.
Исто така сеуште не постои сосема унифицирана теорија во физиката.
Њутновата физика е различна од квантната која е валидна за микро светот и ни ја прикажува не постојаноста и недетерминираноста на честиците во микро светот, а теоријата на релативитет е невалидна кога доаѓа до ситуации на искривување на просторот и времето во таканаречените црвји дупки. Има многу несогласности за тоа колку антиматерија може да постои во универзумот со оглед на тоа дека кога истиот се лади (ентропија) и дисхармонизира, почесто е антиелектроните да преминуваат во кваркови, неголи во антикваркови и така што ако има антиматерија, постојат мали шанси да тоа е цела галаксија. Галаксиите мора да бидат создадени од материја или антиматерија а не од двете за да не се уништат и да се створат радиоактивни експлозии...Итн итн.......
Сега откако заклучивме дека науката сеуште не знае одредени работи.....и со право си скептичен околу тоа...земи ја целата таа доза на скептичност за исказите дека Библијата е точна.....И почни....
Какви елементи од научниот метод содржи библијата?
Дали се тоа хипотези еквивалентно добри па дури и подобри од тоа со пулсирачкиот универзум?
Како тоа научно е кредибилно?
Како знаеш дека духот постои со сигурност, доколку нема таква евиденција?
Кои се твоите креационистички аргументи против еволуцијата?
Не барам да ми најдеш ситни дупки и незнаења во науката и теоријата на еволуција, знам дека тоа ви е работа на вас...(само да знаеш теоријата на еволуција започнува со животот и е нерелевантно на еволуцијата дали животот е почнат со абиогенеза, дојден од метеорит итн..)
Што барам е да ми дадеш квалитетен збир од ТЕОРИИ, кои валидно го потврдуваат твојот став, не да го негираш тоа што е познато.
Барам солидно објаснување за се во БИБЛИЈАТА, а не тврдење дека само затоа што има одредени работи што не се знаат во науката подеднакво соодветно алтернативно објаснување за онтологијата на универзумот е христијанството. Јако е како тоа кога ќе мислите дека сте побиле некој сегмент од одредена научна теорија, тоа значи дека се што вие тврдите како вистина е вистина. Лажна дилема.
Ако во А сум нашол грешка тогаш МОРА да е Б....иако целото Б е погрешно....
Знаеш дека сум видовит? Глеј што ќе предвидам.....
Ќе речеш дека поради тоа што "блабла" не е познато, можноста за Креатор постои.....
(нема да објасниш зашто христијанскиот а не Амон Ра рецимо или Хорус, Зевс, Перун итн..)
Ќе го пишеш аргументот со полониумот....(ако си запознаен со истиот), и погоре види кај дебатата со LP boy му давам линк со дебанк за да не арчиме страни....
Нема успешно да дадеш никаков доказ за чудата на пророците како Заkариа, Езекиел, Илија(Илаја),Самсон, Мојсеј....
Ке пишеш нешто емотивно, и евентуално ќе пробаш со фори ко кодовите во библијата од Михаел Дроснин...или гаматриски муабети...ако си од тие Кабалист types.
Ќе филозофираш околу моралот и како истиот може да се постигне само ако веруваш во Бог, што не го докажува постоењето на истиот, ДУРИ и да беше така...За среќа не е. Моралот како што напомена Гранд Централ си има долга еволуциона историја која стои зад еволуцијата на истиот.
Али еве, ќе бидам отвороумен...Изненади ме. Убеди ме дека христијанството како алтернативна теорија која не е резултат на догма, убаво ги објаснува сите појави во макро/микро космосот.
За крај...Размисли....замисли да се родеше во Шри Ланка...
И објасни ми, како ние имаме слободна волја, ако Бог е омнипотентен и омнискиентен(убаво размисли што ќе одговориш).
Без навреди и слични провокации....
Стандардна дебата. Очекувам одговор.