Во што веруваат атеистите?

  • Креатор на темата Креатор на темата МАЈОР
  • Време на започнување Време на започнување
Те молам не се брукај со тоа што ќе кажеш дека се праам нешо атеист зашо не ме задоволувала теоријата на еволуција. Да не ме задоволува, ама ти како теист на кој„ сите“ погледи му се ширум отворени најди ми нешто научно издржано со факти и докази и не се праи мн паметен кога не си. И не се обидувај да ми го вметнеш креационизмот затоа што нема да ти пројде ни тоа. Уште од сега ти кажувам.

полека бе батка, не се пали....
Еве јас верувам во Бог....
Одговори ти во што веруваш, не се замарај со моети погледи ... и најмалку сакам да убедувам заспани како тебе во нешто....
Расчисти си во главата па ми одговори смирено без да се палиш...
 
Јас како атеист верувам дека Скопско пиво е најдобро пиво.

По 4678 пат: Атеизам е одсуство на верување во Бог/Богови/Натприродни сили.

Ништо друго, не е тоа религија па да мора сите атеисти да имаат исто мислење (или поточно да кажам верување) околу било што.

Дали универзумот е настанат со биг бенг или е направен од супернапредни ванземаљци од друга димензија или е компјутерски програм не е битно.

Едино нешто што на атеистите им е заедничко е не верување во богови. Што е толку комплицирано?
 
полека бе батка, не се пали....
Еве јас верувам во Бог....
Одговори ти во што веруваш, не се замарај со моети погледи ... и најмалку сакам да убедувам заспани како тебе во нешто....
Расчисти си во главата па ми одговори смирено без да се палиш...

Јас не верувам во ништо поврзано со религијата (било која религија). Сум добивал прашања од типот што за тебе преставува Бог и одговор ми било: Бог за мене е непостоечко суштество измислено од човекот и човекот се плаши од тоа што го креирал. Има некои „филозофи“ што ќе кажат па за мене Бог е енергија што го одржува универзумот и сл. Се знае што е Бог во религија и нема тука што да филозофираме. Енергија било, а оди се клања у црква/џамија. Глупости на квадрат.
 
Werther, Gurdjieff и Кламидија се банирани од тема за навреди.
Продолжете со дискусија и не се брукајте да стискате пријави како ве навредиле на тема, а уствари вие што пријавувате исто така вреѓате.
 
Атеистите не веруваат во бог преставен преку каноните на една Црква...
Атеистот не верува во божества - посебно не верува во божества бидејќи така налага некое учење, да се верува во нешто за кое што не постои начин да се прикаже како реално...
Од друга страна, атеистот не мора да значи дека бара само интелектуално знаење, ако не верува во религиозните догми за божественото!
Едноставно не може и не дозволува да верува во божества... тие се навикнати да се надеваат само ако нештото постои и е опипливо. :)
Не мора да значи и дека атеистот е материјалист!
Тој само одбива да ја следи онаа догма „верувај во богот и ќе бидеш спасен“.

Но може слободно да верува на партнерот, да верува дека ќе фати спортска, дека ќе има плата од 31 000 ден, да верува дека утре ќе е жив сеуште...
Темата е за религии, така да ова верување не спаѓа овде :D
 
Од друга страна, атеистот не мора да значи дека бара само интелектуално знаење, ако не верува во религиозните догми за божественото!
Едноставно не може и не дозволува да верува во божества... тие се навикнати да се надеваат само ако нештото постои и е опипливо. :)
Не мора да значи и дека атеистот е материјалист!
Тој само одбива да ја следи онаа догма „верувај во богот и ќе бидеш спасен“.

Убаво кажано..
Ево јас како атеист(агностик), мислам дека човештвото уште при самата креација е "осудено" да не ја дознае вистината.
Значи, не ја отфрлам можноста да постои некој друг вид на енергија, материја и слично...
Убеден сум дека единствен начин да се стави крај, конечен заклучок на нештата, е да се верува во натприродни креатори како Бог.
Во превод, не прашувај многу и замижи ѝ на радозналоста.
Е сеа нормално, таквите чувства не може секој да ги контролира, па затоа луѓето се скептици за многу работи.
Јас лично си викам.. ако Бог дарил очи, уши, уста, раце.. како основни алатки за комуникација и спознавање... тогаш зошто ни треба нешто повеќе од тоа за да веруваме во него?
ЗОШТО БОГ би го криел своето постоење?
Природата и вселената се видиливи... Ни покажале многу работи што умеат да ги прават. Ни покажале дека сме во нивни раце, и дека во секое време можат да не збришат од Земјава.
Ако верниците мислат дека е некакво чудо да постои БОГ, грешка се.
Колку само чуда има како него.... не може да се добројат.
Не можам да верувам во БигБенг, зошто секогаш ќе се запрашувам што имало пред експлоизијата.. (иако Хопкинг вика дека самото "време" започнало после експлозијата, значи "нема" ништо ПРЕД бигбенг..) тоа е за мене.... мижи да те мамам.
Ако универзумов започнал така, тогаш шо прајме за мултиверзумот? До сега гледаме сончеви системи, групи на звезди, па галаксии, па универзум, па нормално дека следно се групи од универзуми... Сигурно нема кинески ѕид на крајот...
Така да, и да постоел Бог, и да го креирал универзумов, па и мултиверзумот... џабе. Секогаш останува, кој го создал него, па тој пред него... итн итн.
Е затоа викам дека нас не ни е судено да е знаеме вистината. Не можеме ни да ја изфантазираме за право.
 
Подобар наслов на темава би бил, во што НЕ веруваат атеистите.
Атеистите НЕ веруваат во ништо што го пропагира било која религија.
 
Тие веруваат во нешто што е спротивно од верата, а тоа е науката.
Ако грешам поправете ме :)
 
Веруваат во тоа дека никој и ништо не може да управува со нивниот живот, фала богу :coffee:
 
Тие веруваат во нешто што е спротивно од верата, а тоа е науката.
Ако грешам поправете ме :)


Ке ти го цитирам Карл Саган па ти одговориси дали си грешка или не.


Не сакам да верувам сакам да знам.
 
Ево јас како атеист(агностик), мислам дека човештвото уште при самата креација е "осудено" да не ја дознае вистината.
Значи, не ја отфрлам можноста да постои некој друг вид на енергија, материја и слично...
Убеден сум дека единствен начин да се стави крај, конечен заклучок на нештата, е да се верува во натприродни креатори како Бог.
Nikolco. ajde ti kako ateist, da ni objasnis na koja Vistina mislis?
Ti za Vistina, kolku sto mozev da te sFatam , go zemas samo postanokot na svetot?
Ako samo toa podrazbiras pod Vistina , togas si vo golema greska i Ti i site ateisti i sektasi.
 
Атеистите веруваат во можност секој да испита провери докаже нешто. Не се потпираат на “непроверлива вистина“ напишана од непознат автор во непознато време и подоцна препишувана менувана дотерувана.
Веруваат дека секој е способен логички да размисли, веруваат дека воспалено грло е од бактерија не од демон, веруваат дека не постои планина на земјата од која се гледа секој ќош на земјата, веруваат дека небото е полно со звезди галаксии планети и сонца не дека е превез над земјата, и постојано работаат на тоа да го продлабочат своето знаење и истражат непознатите, веруваат дека интернетот е користен а не само алатка на ѓаолот, веруваат дека ако испиеш отров - може да умреш или тешко се поболиш....
 
Во велигденскиот зајак што умре за нашите гревови во таа хелихоптерската несреќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom