Во секоја шега има половина вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Стара поговорка, ја прочитав некаде денес, па ми текна дека може да продискутираме за тоа.. :)

Дали се согласувате дека во секоја шега има пола вистина? Или не се согласувате? Зошто?

Дали навистина кога се шегуваме со некого, тоа значи дека има нешто вистина?

Или е апсурдно да се мисли дека ова е точно и дека шегата си е шега, заебанцијата е заебанција и нема врска со вистината?
 
Мислам дека шегата нема врска со вистината НО е инспирирана од неа.
 
Тачно.:tv:
Ако не половина една третина секако.:pos2:
 
Ја мислам не.Мислам дека во секоја шега има осум шеснаестини вистина.:tapp:
 
Епа причина за шегата на нечија сметка е последица на вистина но само хиперболизирана т.е претставено на комичен начин.Исто и кога на пример ќе утнете да речеме нешто нашколо(ристе школскиот Босна и Херцеговина ја бараше во Египет....:vozbud: а јас велам на МАРС Бе:pos2: и ќе ви се смеат и ќе испадне шега..е сега може една личност шегата да ја каже на поинаков начин,а друга на поинаков

Еве на пример Еди марфи кога е откачениот професор....тој комедијантот му вели..

Мајкати е тоолку ДЕБЕЛА што и треба ремен цел колку Екваторот:vozbud:
 
Има вистина ите како...99% од случаите во шегата се крие некаква вистина...јас барем за мене си кажувам...пример кога ќе и речам на девојка ми дека животна желба би е секс со 2 бисексуалки, го кажувам како на шега а уствари го мислам...:toe:
 
Има, да, иако не секогаш. За да се пошегуваш со некого мора нешто да те иницира на тоа. Се разбира има и некои шеги кои се производ на нешто кое се случило и кое било eye-catching па едноставно, шегата произлегува сама од себе.
Но некои шеги се едноставно резултат на наше лично мислење или лично чувство, па бидејќи сакаме да го искажеме тоа, но претходно да ја испитаме околината, го правиме тоа преку шега.
Како и да е, секоја шега е добредојдена. А не секоја значи дека е и само шега.
Be careful:smir:
 
па да, има.
јас на пример демек на шега им викам, а јас вистината всушност им ја кажувам. е сега кој сфатил сфатил :toe: ама не мора пак да значи буквално дека секогаш тоа е така, сепак се си има граници
 
Некогаш шегата е најдобриот начин на некој да му се каже вистината во очи :toe:
 
Некогаш шегата е најдобриот начин на некој да му се каже вистината во очи :toe:

Вистината секогаш треба да се кажува директно во очи на своите блиски, а не преку шеги зошто честопати шегите од тој тип знаат да преминат и во исмејување.Ако му ја кажеш вистината на човек директно и сериозно во очи тогаш има повеќе шанси он да се корегира онаму каде што греши, отколку вака ако му се каже вистината преку шега.А дали он ќе ја прифати вистината или не, тоа си е негова работа важно ти своето како личност, другарка, роднина и.т.н. си го имаш одработено.
И да, има такви шеги каде се употребува мала доза на вистина, но има и од тие шеги кои воопшто немаат допирна точка со вистината, како на пр. саркастичните шеги.А тоа значи дека не во сите шеги има вистина.
 
мислам дека да:icon_bigg некои работи можеш да ги дознаеш низ шала а не онака директно али кај некој што сваќа шала:helou: па не за џабе рекле у секоја шала половина вистина
 
Људи шегите се прават врз основа на вистини !!!
 
Паа...зависи од ситуацијата кај мене! сакам да се смеам да се шегувам но ако на некој сакам да му кажам нешто знам да го свртам демек ко на шега. Па сега ако сфати ок, ако не пак ок :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom